Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Новости за 20.01.2020

Самоопределување го предложи Курти за мандатар на косовската влада

SlobodnaEvropa.mk 

Движењето Самоопределување, партијата која освои најмногу гласови на октомвриските избори на Косово, денеска го предложи лидерот на партијата Албин Курти за мандатар за формирање на новата Влада. Факсимилот од документот го објави приштинската телевизија Клан Косова. Предлогот за мандатар Самоопределување го достави до претседателот Хашим Тачи, по неколкуте негови повици или да предложат мандатар или да го информираат дека се откажуваат од таа позиција. Движењето Самоопределување на Курти нема... Читать дальше...

Светски економски форум во Давос - чекор пред времето

SlobodnaEvropa.mk 

„Спречување на климатската апокалипса“ е една од главните теми на Светскиот економски форум во Давос Швајцарија кој почнува денеска и ќе трае до 24 јануари. Форумот и покрај критиките дека е собир на богати и славни, сепак, според оценките на неговите организатори, е обид да се предвидат идните предизвици за човештвото.

Улогата на обвинителката Стефанова во „Империја“ и „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“ денеска требаше да сведочи на рочиштето за случајот „Рекет“. Но, рочиштето беше одложено поради неприсуство на адвокатите на Катица Јанева.

Десетици ранети во новите протести во Ирак

SlobodnaEvropa.mk 

Безбедносните сили на Ирак раниле десетици демонстранти откако обновените антивладините протести повторно го зафатија Багдад, како и југот на земјата. Масовните антивладините протести изгубија во интензитет во претходните недели кога дојде до ескалација на тензиите меѓу САД и Иран, односно кога се отвори можноста за нивен судир на ирачка територија. Бунтот на ирачаните почна на први окотомври лани кога илјадници луѓе излегоа на улиците против корупцијата, лошите јавни служби и недостигот на работни места. Читать дальше...

Состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

На дeнешната седница на Советот за надворешни работи ќе претседава високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел, а ќе бидат разгледени актуелните случувања на меѓународната сцена и таканаречената климатска дипломатија. Ќе стане збор за ситуацијата во Боливија, Индија, Либија и Венецуела. Дебатата ќе се фокусира на начини за зголемување на влијанието на активностите на ЕУ за поддршка на безбедноста, стабилноста и развојот.

Над 100 загинати во напад на бунтовниците во Јемен

SlobodnaEvropa.mk 

Над 100 луѓе биле убиени во ракетен напад врз една џамија во кампот на владите сили во Јемен, а за нападот се обвинуваат бунтовниците од Хути движењето. Овој напад е еден од најтешките удари врз силите лојални на претседателот на Јемен Мансур Хади од почетокот на војната во 2014 година. Бунтовниците кои контролираат делови на јеменската територија и главниот град Сана се поддржани од Иран, додека владата на Хади има воена поддршка од меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија, најголемиот ривал на Техеран.

Во Давос почнува Светскиот економски форум

SlobodnaEvropa.mk 

Светскиот економски форум во Давос Швајцарија, почнува денеска и ќе трае до 24 јануари. Главни теми на годинашниот собир се климатските промени, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса“. На состанокот ќе учествуваат некои од најголемите светски компании, а организаторите на Форумот од нив ќе побараат да се обврзат на постигнување нулта емисија на јаглерод до 2050 година или порано.

Договорено почитување на ембаргото за оружје за Либија

SlobodnaEvropa.mk 

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат многу пати прекршеното ембарго за оружје и веќе да не им даваат помош на завојуваните страни. Договорот е постигнат по четиричасовни разговори чиј домаќин беше германската канцеларка Ангела Меркел. Во Берлин учествуваа лидерите на 11 земји вмешани во конфликтот во Либија, претставници на ОН, на ЕУ, на Африканската унија и на Арапската лига. Во Берлин беа присутни и лидерите на двете главни завојувани страни... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде од минус шест до два, а дневната од два до девет степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус еден, а дневната ќе достигне до пет степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Стефанос Циципас

«Он никогда не снимается с турниров». Циципас прокомментировал травму Джоковича






Губернатор: в Подмосковье создали новый стандарт для индустриальных парков

Терапевт Шанахан призвала не разогревать повторно жареную еду

РусГидро будет использовать механизм проектного финансирования ВЭБ.РФ для генерации в ДФО

Художник из Воскресенска Виктор Гончаров получил почетное звание