Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2020

Новости за 31.01.2020

Протест поради недонесување на Законот за отпад

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во 15 часот пред Собранието Младинското движење за климатска правда „Петоци за Иднината Скопје“ организира протестен собир на кој ќе биде побарано, како што е најавено, „крај на фарсата која парламентарните партии деновиве им ја сервираат на граѓаните во врска со законот за отпад“. Протестот ќе биде и со соодветен парфоманс, симболично седнување на улицата, што ќе ја претставува „чекалната“ во која се наоѓаат граѓаните додека да се донесе решение за секојдневното труење од согорување отпад.

Борел во Белград за покренување на дијалогот со Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

По специјалниот американски посредник Ричард Гренел, денеска во Белград, од Приштина пристигнува Високиот преставник на Европската унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел. Тој ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ. Пред доаѓањето, Борел најави дека неговата прва официјална посета ја покажува посветеноста на ЕУ за Западен Балкан, кој ќе биде приоритет за време на неговиот мандат како министер за надворешни работи на ЕУ.

САД повеќе ќе ги користат грчките воени бази

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот парламент ги одобри измените на договорот со Соединетите држави со што се дозволува зголемување на заедничките американско-грчки и НАТО активности во грчките воени бази. „Ова е заеднички интерес на нашата одбрана и на нашите економии“, изјави грчкиот конзервативен пратеник Јанис Ламбропулос. Со договорот се предвидува зголемен пристап на американските капацитети во Лариса, Стефановикио и Александропулос во централниот и северниот дел на Грција, како и подобрување на американската поморска база на Крит.

Коронaвирусот го затвора светот

SlobodnaEvropa.mk 

Прогласената глобална опасност од коранавирусот има за цел да го спречи ширењето на смртоносната зараза. Од друга страна тоа може да доведе до понервозни пазари и интензивирани рестриктивни мерки не само во трговските врски меѓу земјите.

Џонсон планира збогување со почит на Британија од ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе декларира „зора на нова ера“ на денешниот таканречен Брегзит ден, но како што изјави, тоа ќе го стори со почит. Тој планира заминувањето на Британија од Европската унија да го одбележи во неговата резиденција на Даунинг стрит и да ги избегне екстравагантните прослави што ги планираат поддржувачите на Брегзитот. „Ова е момент кога се раѓа зората и се крева завесата за нов чин“, се наведува во неговиот говор што ќе биде пренесуван на телевизијата. Британија во јуни... Читать дальше...

Средба на работната група за законот за ЈО со сите пратенички групи

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска, како што најави министерката за правда Рената Дескоска, треба да се одржи нова средба на работната група за Предлог – законот за јавно обвинителство на која ќе присуствуваат претставници на сите пратенички групи. До ова средба чија цел е усогласување на текст кој ќе влезе во собраниска процедура доаѓа по завршувањето на јавната расправа за Законот за јавното обвинителство. Предлозите за текстот ќе бидат испратени до Секретаријатот за Законодавство која е надлежна институција по ова прашање.

Времето денеска: сончево со локална облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умрен ветер претежно од југоисточен и западен правец. Утринската температура ќе биде од минус шест до еден, а дневната од седум до 16 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус четири, а дневната ќе достигне до осум степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Теннисист Медведев снялся с турнира ATP в Нидерландах из-за травмы






Макрон заявил, что задержанный в Москве француз работал на швейцарскую НКО

Захарова: Москва ответит на решение Вильнюса о запрете на импорт из России

ИА Регнум: дело таксиста, высадившего бойцов СВО за разговоры, не прекращено

Кому достанется многомиллионное имущество Анастасии Заворотнюк