Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2020

Новости за 08.04.2020

27 години Македонија во Обединетите нации

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија денеска одбележува 27 години од приемот во ОН. На 8 април 1993 година, со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјата стана 181 полноправна членка на светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифати тогашното уставно име Република Македонија, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. По долгогодишниот спор за името, со посредство на ОН, беше постигнат Преспанскиот... Читать дальше...

Кога животот ќе почне да се враќа во нормала?

SlobodnaEvropa.mk 

Европските земји веќе почнуваат да размислуваат како да го зачуваат јавното здравје, но во исто време постапно да почнат да го враќаат животот во нормала. Македонија засега е фокусирана на здравствената криза.

Развојна банка: Доставени 136 апликации за кредити од линијата Ковид 1

SlobodnaEvropa.mk 

Развојната банка денеска ја доставува првата информација до Владата за обработените кредитни апликации кои ги исполнуваат условите за бескаматни кредити, во вкупен износ од 1.263.079 евра. „Во првата листа до Владата се доставени вкупно 136 кредитни апликации за микро, мали и средни претпријатија со вкупно 1.737 вработени. Од 136 апликации, 96 отсто се однесуваат на микро и мали компании кои имаат од еден до педесет вработени. Доставата на информации до Владата ќе се одвива редовно, на неделно ниво... Читать дальше...

35 лица го прекршиле полицискиот час, 19 приведени

SlobodnaEvropa.mk 

МВР информираше дека во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Видео - „Бидете креативни за да помине времето побрзо“ Според статистичките податоци на полицијата, на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2... Читать дальше...

САД со уште 225 милиони долари како помош на земјите против пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни 225 милиони американски долари помош за земјите од целиот свет за борба против пандемијата на коронавирус. Државниот секретар Мајк Помпео рече дека целта е да им се помогне на странските земји да го засилат нивниот одговор на коронавирусот. Разговори на Г7 за „дезинформациска кампања“ на Кина Тој додаде дека парите може да се користат за дијагностицирање, спречување, контрола и зајакнување на националните здравствени системи. Читать дальше...

Грција одби да ја укине забраната за верските служби за Вeлигден

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот суд на Грција ги одби жалбите со барање за укинување на забраната за верските служби за време на велигденските празници. Неколку верски организации, кои не се поврзани со грчката православна црква, ја оспорија забраната за собирање, велејќи дека тоа е неуставно. Грција нема да ги олабави корона-мерките до крајот на април Во Грција досега починаа 81 лице, а ограничувањата сè уште се на сила. Заменик министерот за цивилна заштита, Никос Хардалиас рече дека напорите на владата би можеле... Читать дальше...

Некои тријат раце и во услови на криза

SlobodnaEvropa.mk 

И додека одредени стопански дејности се најдоа под директен удар на рестриктивните мерки поради корона вирусот во земјава, сепак има и такви кои и во вакви вонредни услови работат со профит. Интернет компании,транспортни фирми за логистика, фармацијата, маркетите се дел од овој синџир на „победници“

Кинескиот град Вухан излезе од изолација по 76 дена

SlobodnaEvropa.mk 

По 76 дена, или помалку од 11 недели, кинескиот град Вухан, градот каде што се појави новиот коронавирус, излезе од изолација. Невидената блокада на Вухан стана модел за земјите кои се обидуваат да го спречат ширењето на пандемијата. Со крајот на ограничувањата, главниот град на кинеската провинција Хубеи започнува уште еден експеримент за враќање во деловниот и обичниот живот, со мерки за спречување на повторно јавување на болеста. Кина не пријавувала точни бројки за жртви од коронавирусот? ... Читать дальше...



Вучиќ: не се исклучува карантин на цел ден

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е исклучено да се воведе 24-часовен карантин во Белград. Говорејќи за мерката за целодневна забрана за движење, Вучиќ рече дека тоа ќе се случи доколку експертите ја предложат таа мерка. Твитер изгаси 8.558 налози за промовирање на Вучиќ и неговата партија Тој изјави дека ќе се воведе полициски час од петок од 15 часот до понеделник и посочи дека ова е сигурно за Белград и Ниш. Според него, сите болници во Белград ќе бидат трансформирани во „ковид“ болници... Читать дальше...

Борис Џонсон е во стабилна состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон втора ноќ мина на интензивна нега и е во стабилна состојба откако доби поддршка со кислород за компликациите на КОВИД-19. Џонсон, кој пред две недели имаше позитивен тест на коронавирус беше пренесен во болницата „Свети Томас“ во Лондон во неделата навечер, бидејќи имал висока температура и кашлица, но неговата состојба се влошила во понеделникот и тој беше пренесен во одделот за интензивна нега. Трамп: Американците се молат за Борис Џонсон 55-годишниот британски лидер не беше ставен на вентилатор... Читать дальше...

Словенечкиот парламент овозможува онлајн сесии поради коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечкиот парламент донесе закон, со кој му се овозможува да заседава преку интернет, ако тоа стане неопходно поради појава на коронавирус, изјави спикерот на парламентот, Игор Зорчиќ. Парламентот, исто така, донесе законодавство со кое ќе се овозможи побрзо спроведување на законите за време на кризата со коронавирус. Словенија досега има 1.055 потврдени случаи на коронавирус, а 36 лица починале. Словенија ќе укинува дел од анти-корона мерките До сега парламентарците се собираа во парламентот... Читать дальше...

Полицискиот час од денеска од 16 до 5 часот

SlobodnaEvropa.mk 

Забраната за движење на населението на територијата на Македонија, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови. Во деновите од викенд ќе има целодневен полициски час за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник. Согласно одлуката на Владата, лицата над 67-годишна возраст од денеска можат да се движат надвор само од 10 до 12 часот од понеделник до петок, а младите до 18 години во работни денови ќе може да излезат од дома само од 13 до 15 часот. Читать дальше...

ЕУ ќе дебатира за „патоказот“ за укинување на блокадите за коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија ќе расправа денеск за тоа како постепено да се олеснуваат мерките за задржување на коронавирусот што ја стопираа економската активност во целиот блок. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе одржи „ориентална дебата за патоказот за излез од рестриктивните мерки“ со комесарите преку телеконференција, рече портпаролот на комисијата Ерик Мамер. Меркел: Кризата со вирусoт е најголемиот тест за ЕУ Секоја земја во блокот е во различна фаза на пандемијата... Читать дальше...

Турција со медицинска помош за Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Во рамките на борбата со ковид-19, Турција ќе и даде на Македонија помош во медицински материјали. Вчера македонската влада го утврди текстот на договорот меѓу Северна Македонија и Турција за донација на медицинска опрема и средства наменети за здравствениот сектор која се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови. Ердоган најави нова помош за Србија Авионот на турските воени сили кој го носи здравствениот материјал ќе слета на меѓународниот аеродром во Скопје попладне. Читать дальше...

Помпео: Влезот на С. Македонија во НАТО ја зајакнува Алијансата „колосално“

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео уште еднаш и честита на Северна Македонија како 30. членка на НАТО. На средба со новинарите тој изјави дека со влезот на нашата земја во НАТО, Алијансата се зајакнува „колосално“. “Ова е уште еден доказ за земјите што знаат дека сојузништвото со слободните нации на Западот е најдобар начин да се постигне безбедност, стабилност и просперитет за својата нација”, рече Помпео. Хачинсон: Горди сме што ја имаме Северна Македонија како сојузник во НАТО Прес-конференцијата... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со слаб ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со слаб ветер. Дневната температура ќе биде од девет до 21 степен. Во Скопје и околината слично време со температура до 19 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Ролан Гаррос

Испанец Алькарас выиграл Открытый чемпионат Франции по теннису






Александр Кулаков: Жонглирование стимулирует мозг

Алексей Русских наградил одарённых детей сертификатами на получение стипендии «Молодые таланты»

Урок по электробезопасности провели в детском саду в Щелкове

Банк России временно отменил утренние торги на Мосбирже