Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Апрель
2020

Новости за 22.04.2020

Сведочење на Македонец „заглавен“ во карантин на брод

SlobodnaEvropa.mk 

На почетокот дел од нас бевме во внатрешни кабини, без прозори и балкони тоа беше малку потешко. На секој 7-8 ден фаќа мала криза, но среќа сега имаме два часа дневно да излегуваме надвор, па се трпи некако. После некое време се навикнуваш, зошто сето ова е надвор од нашата контрола, вели во разговор за РСЕ, Марјан Ѓичев кој веќе 23 дена е во карантин на брод.

Попуштање на мерките – грижа за економиите или за здравјето на граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

Некои земји преземаат чекори за попуштање на рестриктивните мерки за справување со коронавирусот со цел рестартирање на нивните економии. Сепак, и здравствените и економските експетри предупредуваат дека овие мерки не можат да бидат заеднички за секоја земја.

Британскиот премиер Џонсон разговарал со Трамп

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој се опоравува од ковид-19, разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп, со што го означи неговото враќање на функцијата, изјави портпарол на владата. Џонсон разговарал со Трамп за пандемија на коронавирусот и за идниот трговски договор со САД по Брегзитот. Борис Џонсон излезе од болница „Лидерите се согласија за важноста на координиран меѓународен одговор на вирусот, вклучително и преку Г7“, се вели во изјавата. 55-годишниот Џонсон излезе од болницата... Читать дальше...

Иран успешно го лансирал својот прв воен сателит

SlobodnaEvropa.mk 

Иран денеска објави дека успешно го лансирал својот прв воен сателит. Иранската револуционерна гарда објави дека сателитот бил лансиран во орбитата од Големата пустина во централниот дел на земјата. Иран во последните неколку месеци имаше неколку неуспешни обиди за лансирање.   Иран и Сирија ги критикуваат САД што не ги укина санкциите и покрај коронавирусот САД тврдат дека Иран со неговите обиди за лансирање сателит ја крши резолуцијата на Обединетите нации, во која се повикува Техеран да... Читать дальше...

Ердоган: нормализација во јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во Анкара дека Турција го достигнала врвот на инфекцијата со коронавирусот. Обраќајќи се пред претставници на неговата владејачка партија, Ердоган рече дека Турција може да се врати „во нормален живот“ во јуни, по празникот што го означува крајот на светиот муслимански месец Рамазан. Месецот Рамазан трае до 23 мај и завршува со празникот Бајрам. Дотогаш ќе бидат преземени мерки за борба против инфекцијата. Четиридневен карантин во 31 градови во Турција... Читать дальше...

ОПЕК одржа видео конференција за драматичната состојба со нафтата

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе земји членки на ОПЕК и други производители на нафта надвор од организацијата одржаа видео конференција за „драматичната состојба“ на пазарот со нафта, чии цени забележаа историски пад поврзан со коронавирусот. За време на таа „неформална“ конференција, учесниците потврдија дека ќе го прилагодат производството на нафта според договорот постигнат на 12 април, кој предвидува намалување на производството од 9,7 милиони барели на ден од мај. Цените на нафтата паднаа во минус за прв пат во историјата... Читать дальше...

Владата ќе решава за скратување на полицискиот час

SlobodnaEvropa.mk 

Предлозите за ослеснување на мерките за движење на населението, како и дополнителните мерки за заштита како носење заштитна опрема Владата ќе ги разгледува на денешната седница, на предлог на Комисијата за заразни болести. Оваа комбинација на мерки, велат, ќе дозволи луѓето порастоварено да се движат, истовремено зголемувајќи ја потребата за лична заштитна опрема на секој граѓанин додека се движи. Се предлага да се направат следните измени: полицискиот час секој работен ден да започнува во 19 часот наместо во 16 часот како што беше досега. Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно и врнежливо

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната температура ќе биде од пет до 14 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 11 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Ролан Гаррос

Арина Соболенко повторила уникальное достижение Азаренко на турнирах «Большого шлема»






Ефимов: арендаторы нежилой недвижимости получили льготы на 19 млрд рублей

Желающие проститься с Заворотнюк выстроились в очереди у Покровского монастыря

Москвичей приглашают на выступление кинологов 55-й дивизии Росгвардии и их служебных собак

В открытом гробу: в Покровском монастыре прощаются с Анастасией Заворотнюк