Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2020

Новости за 08.05.2020

Полицискиот час го прекршиле 49 лица, 37 приведени

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава,  МВР евидентирало 49 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Денеска се решава за викенд- полицискиот час Изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани... Читать дальше...

Избори под маски

SlobodnaEvropa.mk 

Ако лидерите на 12 мај, на средбата кај претседателот договорат термин за избори многу работи ќе останат нејасни- како ќе се гласа со маски, како ќе се држи физичка дистанца, а отворено е и прашањето дали граѓаните ќе се уверат во тоа дека се безбедни.

Меѓувладината конференција со Македонија ќе се договара по рамката за преговори

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји ветува дека ќе ја подготви преговарачката рамка за Северна Македонија до Јуни додека меѓувладината конференција и отворањето на поглавјата за преговори се други прашања кое потоа ќе се договараат. Со Вархеи разговара Рикард Јозвиак

„Тој и таа“ - пионерски интернет проект на Велешкиот театар

SlobodnaEvropa.mk 

Со идеја да биде уметнички одговор на кризата и обид да се истражува изведбеноста во нестандардни облици, во Театарот „Јодан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, оваа сабота, на 9 мај, ќе започне пионерскиот интернет проект во 12 епизоди што ќе се емитуваат седмично - „Тој и Таа“.

Исказ на Катица Јанева во случајот „Рекет“

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет“ во кој исказ треба да даде обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева. На вчерашното рочиште за предметот исказ даваше обвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки 13 и Катица Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во предметот „Империја“. Читать дальше...

Оставка на хрватскиот министер за одбрана

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ синоќа поднесе оставка, откако воен авион попладнето се урна во близина на Задар, при што загинаа двајца припадници на Хрватското воено воздухопловство. „Поднесувам оставка на местото вицепремиер и министер за одбрана“, рече Крстичевиќ на вонредна прес-конференција, додавајќи дека ќе почне истрага за несреќата. Хрватското Министерство за одбрана претходно ја потврди несреќата и соопшти дека станувало збор за редовен лет за обука.

Џафери: ДИК не може да условува со роковите за избори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа информира дека добил покана за учество на лидерската средба закажана за 12 мај од кабинетот на претседателот на државата и оти по завршувањето на вонредната состојба, ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите. „Не може Државната изборна комисија да условува. Таа е обврзана според решение на претседател на Собранието, а во случајов и според уредбата е должна да постапи по роковите каде што застанала. Евентуално во однос на она што Избирачкиот список бил ажуриран до 12 април... Читать дальше...

Денеска се решава за викенд- полицискиот час

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за тоа колку ќе трае полицискиот час претстојниот викенд, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој додаде дека ќе се разгледуваат и можностите за олабавување на мерките кои би важеле од следната недела и според препораките на стручните лица, кој ќе биде редоследот за враќање на процесите и нормализирање на состојбата, вклучително и дали ќе има услови за одржување избори. Министерот Филипче соопшти дека... Читать дальше...

Времето сончево, од утре се потопло

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура е во интервал од 0 до 8, а максималната ќе биде од 18 до 25 степени. Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи, во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Уимблдон

Надаль пропустит Уимблдон из-за желания сыграть на Олимпиаде






Первого в мире наземного робота-камикадзе создали в России

Младенца с травмами половых органов госпитализировали в Серпухове

Тело актера Дмитрия Липинского нашли в московской квартире

Александр Куренков оценил слаженность действий сил и средств РСЧС при ликвидации условных происшествий