Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2020

Новости за 20.05.2020

Партијата на Макрон веќе нема мнозинство во парламентот

SlobodnaEvropa.mk 

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење го загуби мнозинството во Парламентот, откако ја напуштија седум пратеници. Заедно со неколку други поранешни поддржувачи на претседателот, тие формираа нова партија- Екологија, демократија, солидарност, која, како што најавија, ќе се фокусира на „зелените“ прашања и социјалната нееднаквост. По нивната одлука, партијата на Макрон остана со 288 пратеници, еден помалку отколку што е потребно за мнозинство во Долниот дом, каде што има 577 места. Читать дальше...

„Арс Либрис“ го враќа дома безвремениот Петре М. Андреевски

SlobodnaEvropa.mk 

Романот „Тунел“ и во едно издание расказите „Боемите“ и стихозбирката „Пофалби и поплаки“ се првите од 10-те книги од Петре М. Андреевски што ги објавува „Арс Либрис“. За нивната визуелизација се погрижи неговата внука, уметницата Воскресија Андреевска.

Отворање на границите за спас на земјоделците и сточарите

SlobodnaEvropa.mk 

Дел од земјоделците кои произведуваат раноградинарски култури веќе ги почувствуваа последиците од корона кризата. На пример, одгледувачите на зелка. Со попуштање на мерките тие се надеваат дека нивните производи ќе стигнат на европскиот пазар

Во Авганистан 11 лица загинаа во два одвоени нападa

SlobodnaEvropa.mk 

Вооружени лица убиле 11 луѓе во два одвоени напада во Авганистан, соопштија денеска официјални претставници за најновото насилство што ја зафати земјата. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан изјави дека во првиот напад непознат број вооружени лица синоќа влегле во џамија во провинцијата Парван, северно од главниот град Кабул, при што загинале осуммина верници, додека неколку други биле ранети. Во друг напад, кој исто така се случил синоќа, напаѓачите во источната провинција... Читать дальше...

Унгарски парламент: договорот со Кина за пругата Будимпешта-Белград е тајна

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарскиот парламент синоќа донесе закон со цел да ги зачува тајните деталите од финансискиот договор со Кина за изградбата на железничката врска Будимпешта-Белград, затоа што тој договор се смета за најголема инфраструктурна инвестиција во земјата. Деталите за договорите мора да останат тајни десет години, бидејќи нивното „објавување може да ја загрози Унгарија во спроведувањето на нејзината надворешна политика и нејзините трговски интереси“, се вели во законот. Унгарија потпиша договор за кредит... Читать дальше...

Уставниот суд на Косово загрижен поради заканите од претседателот и премиерот

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд на Косово соопшти дека го следи со загриженост „заканувачкиот јавен дискурс“ предводен од претседателот и премиерот, како и од други носители на институционални и политички функции. Во реакцијата се вели дека Хашим Тачи и Албин Курти, кои се обвинуваат еден со друг, вршат притисок врз Уставниот суд и се обидуваат да влијаат, или да прејудицираат врз одлуката на судот за уредбата на претседателот за именување нов премиер. Партијата на Курти изврши „проба за протести“ во Приштина ... Читать дальше...

Во Турција тренд на намалување на бројот на смртни случаи од коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Турција објави дека 28 лица починале од коронавирус во последните 24 часа, а оти заразени биле 1.022, со што продолжува падот на бројот на смртни случаи и инфекции во таа земја. Министерот за здравство, Фахретин Коџа ги објави новите податоци во порака на Твитер. Досега во Турција починале вкупно 4.199 лица, а 151.615 биле заразени. Турција очекува туристи, посебни мерки за хотелите и рестораните Турција се одлучи за делумна изолација, трасирајќи ги контактите на заразените во борбата против коронавирусот. Читать дальше...

Ќе се решава за полицискиот час и за работата на рестораните

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Приведени 46 прекршители на полицискиот час „Го најавивме отворањето на угостителските објекти во оваа недела, но во текот на дискусијата ги имавме предвид и претстојните празници за време на викендот, така што во текот на утрешниот ден ќе ја знаеме дефинитивната одлука согласно стручните препораки“, рече Филипче. Читать дальше...

Колева: „Ти, моја, безмилосна една!“ е дијалог со моето второ јас и со другите

SlobodnaEvropa.mk 

„Ти, моја, безмилосна една!“ е насловена втората стихозбирка на Цветанка Колева, што како издание во женската едиција „Русалки“ на книгоиздателството ИЛИ-ИЛИ се појави деновиве. Станува збор за ново дело на авторката „чиј поетски глас не наликува на ниту еден друг глас на домашната сцена“.

Мицотакис ќе го соопшти владиниот план за туризмот

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска, како што е најавено, треба да го соопшти владиниот план за туризмот и економијата. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, претходно рече дека се подготвува кохерентен план за рестартирање на туризмот, во кој ќе бидат вклучени сите аспекти и здравствените и во однос на патувањето, но и економските. Туризмот беше една од главните теми на вчерашната видео конференциска средба, на премиерите на Грција, Бугарија, Романија и претседателот на Србија. Димитров на „Солун 2020“... Читать дальше...

Вархеји: Преговарачките рамки за С. Македонија и Албанија ќе се објават во јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент потврди дека извештаите за реформскиот напредок на земјите од Западниот Балкан се одлагаат за септември, но не и преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија. Вархеји - ЕУ и Западен Балкан од кризата излегуваат со засилени односи “Мојот фокус сега е повеќе на преговарачките рамки за двете земји, Северна Македонија и Албанија. И тоа што можам да го кажам е дека овие ќе бидат објавени во јуни. Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен. Дневната температура ќе биде од 22 до 31 степен. Во Скопје и околината слично време со температура до 29 степени


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

В России отреагировали на "скрытую баранку" и достижение Рыбакиной на Ролан Гаррос






Дочь Анастасии Заворотнюк во время похорон поддерживал её тайный муж

Жеребьёвка группового этапа Пути РПЛ Кубка России сезона-2024/25 состоится 2 июня

В Москве ввели «оранжевый» режим погодной опасности из-за жары в 31 градус

Юных соотечественников приглашают на конкурс «Москва в сердце каждого»