Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2020

Новости за 29.05.2020

САД повикаа да се почитува одлуката на косовскиот Уставен суд

SlobodnaEvropa.mk 

Американската амбасада во Косово ги повика сите партии да ја почитуваат синоќешната одлука на Уставниот суд, со која му се даде право на претседателот на државата Хашим Тачи да му го додели мандатот на кандидатот за премиер на Демократскиот сојуз на Косово, како второрангирана партија на последните парламентарни избори, јави МИА од Приштина. Во соопштението од Амабсадата се бара од сите косовски лидери да работат заеднички „за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово”. Читать дальше...

Дали брзите избори ќе донесат функционални институциии?

SlobodnaEvropa.mk 

Нов датум за одржување на изборите сѐ уште официјално нема. Партиите ги продолжуваат меѓупартиските договарања зад затворени врати. Некои меѓународни претставници сметаат дека изборите треба да се случат што побрзо, за да се формираат институции кои ќе се справуваат со последиците од корона кризата

За 24 часа казнети 440 лица за неносење заштитна маска

SlobodnaEvropa.mk 

МВР соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 440 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лицето, а за мерката самоизолација евидентиран е еден прекршител. „На територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 потпишале изјави за самоизолација“, соопшти МВР. Наскоро отворени граници, но со мерки за превенција И покрај укинувањето на полицискиот час, кој беше на сила како мерка против ширењето на коронавирусот, во сила остануваат да важат мерките носење заштитна маска... Читать дальше...

Конференцијата за климата на ОН во ноември 2021 година

SlobodnaEvropa.mk 

Конференцијата за климата на ОН која се смета за круцијална во борбата против климатските промени, што требаше да се одржи во ноември годинава во Глазгов, е одложена за една година заради пандемијата на ковид-19. Митингот веќе беше одложен на неодредено време во април поради пандемијата. Според британскиот весник „Гардијан“ првично се сметало дека самитот може да се организира во првите три месеци од 2021 година. Околу 30.000 луѓе, меѓу кои и 200 шефови на влади и држави, требаше да присуствуваат на 11-дневниот митинг... Читать дальше...

Училишните спортски сали - половично успешен проект

SlobodnaEvropa.mk 

Министерствата за образование и за финансии, како и изведувачот на изградбата на проектот за новите спортски сали, се виновни за доцнењето и половичноста на проектот, покажува извештајот на државниот ревизор. На потег е обвинителството, велат поранешни антикорупционери.

Нетанјаху: по анексијата на долината Јордан, Палестинците во енклави

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Палестинците во долината Јордан нема да станат државјани на Израел по анексијата на Израел на делови од Западниот Брег. Градовите и селата во областа со околу 65.000 Палестинци ќе останат. "Тоа ќе бидат палестински енклави под израелска безбедносна контрола”, изјави Нетанјаху. Претходно, тој објави дека ќе ја анектира долината на реката Јордан и сите еврејски населби на окупираниот Западен Брег во согласност со „Мировниот план за Блискиот исток“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Читать дальше...

Ердоган: укинување на многу ограничувања на 1 јуни

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе ги укине ограничувањата на меѓу градските патувања и ќе им овозможи на рестораните, кафулињата, парковите и спортските објекти повторно да се отворат од 1 јуни, по ограничувањата наметнати за спречување на појавата на коронавирус, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган. Исто така, ќе бидат отворени и музеите и плажите, а државните службеници ќе започнат со редовна работа, рече тој по состанокот на кабинетот за видео конференција. Ограничувањата ќе останат во сила на движењата на оние на возраст над 65 години и под 18 години. Читать дальше...

Приведени премиерот на БиХ и уште две лица поради аферата со респиратори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, директорот на управата за Цивилна заштита Фахрудин Солак и сопственикот на фирмата „Сребрена малина“ Фикрет Хоџиќ синоќа биле приведени на испитување во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во рамките на истрагата за аферата респиратори. Тие и претходно дадоа изјава пред истражителите откако случајот го презеде Обвинителството на БиХ. Во средата полицијата му го одзеде телефонот на Новалиќ за вештачење... Читать дальше...



Трамп потпиша наредба за социјалните мрежи

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша наредба со која се доведува во прашање заштитата на социјалните мрежи од тужби. „Потпишувам извршна наредба за заштита и поддршка на слободата на говорот и правата на американскиот народ“, рече Трамп. Тој ја потпиша наредбата еден ден откако го обвини Твитер за „целосно задушување на слободата на говорот“. Претходно оваа социјалната мрежа ги предупреди корисниците да ја проверат точноста на информациите дадени од американскиот претседател. Трамп... Читать дальше...

Продолжуваат протестите во САД по обвинувањата за полициско расно убиство

SlobodnaEvropa.mk 

Демонстранти лути поради смртта на еден афроамериканец во американскиот град Минеаполис веќе трета вечер по ред излегоа на протести. Демонстрантите влегоа во полициската зграда во градот, палејќи во внатрешноста, откако ги игнорираа барањата на полицајците за смиреност.   Протести и грабежи во Минеаполис поради обвинение за расно убиство од полицијата Протестите се поттикнати заради смртта на Џорџ Флојд за време на апсењето на 26 мај што беше снимено на видео од страна на минувач. На видеото... Читать дальше...

Тачи ја поздрави одлуката на Уставниот суд

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се потврдува дека има право да го наименува Авдулах Хоти за премиер на Косово. „Ја поздравувам одлуката на Уставниот суд во врска со уставното разгледување на мојот указ за мандатот на Хоти за премиер. Убеден сум дека секој чекор што го презедов беше во целосна согласност со Уставот на Косово и се радувам што Уставниот суд го потврди“, рече тој. Тачи додаде дека политичките партии и сите институции мора да покажат „политичка зрелост... Читать дальше...

Авиони на САД над Скопје ќе го поздрават македонското членство во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Американски воени авиони денеска со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Северна Македонија во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот.Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиона на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија. Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром, велат од МО. Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Дневната температура ќе биде од 19 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 20 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Уимблдон

Надаль пропустит Уимблдон из-за желания сыграть на Олимпиаде






Психолог дала советы, чем занять ребёнка на каникулах

Азбука кибербезопасности

Запашный, Авербух, Лолита и Песков: кто пришел проститься с Анастасией Заворотнюк

Выстроилась очередь: в Москве началась церемония прощания с актрисой Анастасией Заворотнюк