Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2020

Новости за 08.12.2020

Бајден ќе го претстави идниот министер за здравство

SlobodnaEvropa.mk 

Избраниот американски претседател Џо Бајден денеска треба официјално да го претстави калифорнискиот државен обвинител Хавиер Бесера за иден министер за здравство. Бесера кој го поддржува законот за достапна здравствена заштита, ќе добие главна улога со одлуката на Бајден во следењето на реакцијата на владата на епидемијата на коронавирусот. Бајден го повика Конгресот да ја усвои помошта за ковид-19 Бајден исто така решил експертот за заразни болести на Харвард, Рошел Валенски да биде на чело на Центарот за контрола и превенција на болести. Читать дальше...

Бугарска блокада - грешки во договорот или грешни ветувања на политичарите

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска, на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ се очекува и официјално да се потврди блокадата за македонските евроинтеграции која ја воспостави Софија со тврдењето дека Скопје го крши Договорот за добрососедство.

Руски бизнисмен добивал зделки од милијарда долари, откако се ожени со „ќерката на Путин“

SlobodnaEvropa.mk 

Еден млад руски бизнисмен добил низа предлози за купување акции во некои од најголемите компании во земјата набргу откако се ожени со жена за која се претпоставува дека е најмладата ќерка на претседателот Владимир Путин, покажува новиот истражувачки извештај. Кирил Шамалов, кој се ожени со Катерина Тихонова во февруари 2013 година, имал добиено најмалку четири зделки до април 2014 година за купување акции во руски компании во телекомуникациите, недвижностите, нафтените услуги и металната индустрија во вредност од милијарди долари... Читать дальше...

Во Британија започна вакцинацијата против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Здравствените власти во Британија денеска започнаа да вакцинираат луѓе со првите дози на вакцината против ковид-19 во многу очекуваната програма за имунизација. Првите 800.000 дози на вакцината развиена од „Фајзер“ и „БиоНТех“, за кои компаниите велат дека е ефикасна 95 проценти ќе ги примат луѓето постари од 80 години, кои се или хоспитализирани или во старечки домови. Здравствените власти бараат од јавноста да има трпеливост затоа што само оние кои се изложени на најголем ризик ќе бидат вакцинирани во раните фази. Читать дальше...

МОК го суспендира Лукашенко од Олимписките игри во Токио

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го суспендира Александар Лукашенко од сите активности на Олимпијадата, вклучително и на Олимписките игри во Токио следната година. Претседателот на МОК Томас Бах по состанокот на Извршниот одбор на МОК рече дека раководството на Олимпискиот комитет на Белорусија, чиј претседател Лукашенко бил 23 години, „не ги заштитил белоруските спортисти од политичка дискриминација“. Привремено е суспендиран и синот на претседателот Виктор Лукашенко, кој е прв потпретседател на Олимпискиот комитет на Белорусија. Читать дальше...

Лидерите на ЕУ, Меркел и Макрон разговараа за претстојниот самит

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Европската унија Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел одржаа видео-средба со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон во ситуација кога продолжуваат преговорите со Британија, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до Унијата. ЕУ усвои механизам на санкции против прекршителите на правата Разговорите се одржаа три дена пред самитот на ЕУ во Брисел. Лидерите на ЕУ, Германија и Франција разговараа за темите на дневниот ред на самитот закажан за четврток и петок. Читать дальше...

Бајден ќе номинира воено лице да го води Пентагон?

SlobodnaEvropa.mk 

Избраниот претседател на САД Џо Бајден ќе го номинира пензионираниот генерал на армијата Лојд Остин за министер за одбрана, според извештаите на американските медиуми. Доколку биде потврдено, Остин, ветеран од конфликтите во Ирак и Авганистан, би бил првиот афроамерикански министер за одбрана. 67 годишниот Остин 41 година помина во војската. пред да се пензионира во 2016 година. За номинација ќе биде потребна потврда од Сенатот. Бајден сака да преговара за ирански договор Остин може да се соочи... Читать дальше...

Пендаровски: Ја отфрливме понудата за пристапување кон Европската економска заедница

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски, на онлајн самитот ЕУ - Западен Балкан, организиран од тинк-тенк групата „Пријатели на Европа“ изјави дека македонскиот државен врв добил понуда за членство во Европската економска заедница, но дека таа била одбиена бидејќи нема алтернатива за полноправно членство во ЕУ. „Некои од нас во регионот, а јас можам да зборувам само за Северна Македонија, добија понуда од многу високи функционери да станат членки на Европската економска заедница. Јас веднаш ја одбив оваа понуда... Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде од 6 до 15 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде до 12 степени.

Полициска акција во скопско Арачиново

SlobodnaEvropa.mk 

Во скопско Арачиново вечерва се спроведува полициска акција која се уште е во тек, потврди за МИА, портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Повеќе детали за полициската акција портпаролот на МВР  најави за утре. Дел од медиумите објавија дека во селото Арачиново се распоредени полициски сили и оти во акцијата е запленета голема количина на дрога.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

В России заговорили о Елене Рыбакиной после смены теннисисткой гражданства






Россиян предупредили о росте цен на автомобили — что опять случилось?

Предпринимателям Подмосковья расскажут о бизнесе в Бразилии 18 июня

Социальные координаторы в больницах приходят на помощь врачам

В водоемах Подмосковья зацвела краснокнижная кувшинка