Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2021

Новости за 22.07.2021

Русија повторно ги казни Фејсбук, Твитер и Телеграм за небришење „забранети“ содржини

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот суд повторно ги казни американските социјални мрежи Фејсбук и Твитер и апликацијата за пораки Телеграм за небришење на содржини кои Москва ги смета за нелегални. Судот денеска го казни Фејсбук со 6 милиони рубљи (81 илјади американски долари), Твитер со 5,5 милиони рубљи (74 илјади долари) и Телеграм со 11 милиони рубљи (148 илјади долари) за повеќе прекршочни пријави поднесени од надзорното тело за комуникации Роскомнадзор. Москва тврди дека се труди да ги заузда западните технолошки гиганти и да го зајакне... Читать дальше...

Боки 13 спроведен во затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинетите за случајот Рекет, Бојан Јовановски - Боки 13 и Катица Јанева да бидат спроведени од домашен притвор во затвор на издржување на затворската казна. Ваква наредба е дадена откако Апелациониот суд ги одби жалбите на обвинетите во случајот Рекет и на Јавниот обвинител и ја потврди провостепената пресуда во целост. По комплетирањето на предметот тој се доставува до судија за извршување санкции, кој издава наредба за спроведување во затвор. Јовановски е спроведен во затворот Идризово, каде... Читать дальше...

Русија тврди дека Украина е виновна за падот на малезискиот авион

SlobodnaEvropa.mk 

Русија поднесе жалба против Украина пред Европскиот суд за човекови права, тврдејќи дека Киев е одговорен за уривањето на малезискиот авион во 2014 година, смрт на цивили и кршење на човековите права во Украина. Поднесувањето на жалбата доаѓа точно пет месеци откако Украина ја поднесе последната од серијата правни постапки против Москва пред истиот суд, кој ги разгледува жалбите за наводно прекршување на Конвенцијата за човекови права. Во својата жалба, Русија ги обвинува властите во Киев за... Читать дальше...

Заев и Ахмети договорија соработка за локалните избори

SlobodnaEvropa.mk 

Соработка на локалните избори планирани наесен договориле коалиционите партнери во владата, Зоран Заев и Али Ахмети. Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук објави дека на попладневната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети договориле соработка за изборите и меѓусебна поддршка во некои општини уште во првиот, а во други во вториот круг. „Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори“... Читать дальше...

Готовите лични документи ќе се издаваат и за време на викендот

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи соопшти дека готови лични документи ќе се издаваат и за време на претстојниот викенд. Граѓаните в сабота ќе може да си ги подигнат готовите документи во објектот во Македонската Радио Телевизија и пунктовите Беко, Драчево, Бутел и Ѓорче Петров. Додека в недела личните документи ќе можат да се подигнат само во објектот на МТВ. Личните документи може да се подигнат од 08:00 до 16:00 часот. Спасовски - Сериозно зголемување на барањата за лични документи Речиси... Читать дальше...

„Апокриф“ на Добрила и Дориан – смел и искрен до нота албум

SlobodnaEvropa.mk 

Со идеја да биде прво издание на дуото Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ, долгогодишни музички соборци, деновиве како 45-та објава на SJF Records, беше објавен „Апокриф“, албумот за кого ќе биде забележано дека е „смел и искрен до нота“ и кој ако му се предадете ве вози до сржта на музиката.

Бројчаникот на Триумфалната капија не врти

SlobodnaEvropa.mk 

Враќањето на украдените пари во буџетот беше еден од главните изборни адути на оваа власт на изборите во 2016 година. Пет години подоцна „бројчаникот на Заев“ не покажува колку пари се вратени во буџетот, а власта сега најавува нова стратегија за да го рестартира принципот на казнивост со конфискација на имот.

Аврамовски: Конфискацијата на имот заглавена во обвинителството

SlobodnaEvropa.mk 

Дарко Аврамовски како еден од авторите на истражувањето за спроведувањето на мерката конфискација на имот вели дека проблемот во неискористеноста на оваа мерка во изминативе 12 години е делумно во законското досегашно решение но и во обвинителството и различниот „тертип “ на користење на мерката.

Враќање на имотот на српското кралско семејство во Црна Гора?

SlobodnaEvropa.mk 

Амбициозниот градоначалник на црногорскиот туристички центар Будва Марко Царевиќ, изненади многумина кога рече дека Црна Гора треба да му го врати имотот на српското кралско семејство. Енди Хајл и Јасна Вукичевиќ

Кружниот тек е крив, ама не бил згрешен

SlobodnaEvropa.mk 

На духовитите коментари на социјалните мрежи за асиметричниот кружен тек во Струмица, во Општината реагираат дека е намерно направен така за да ги задоволи потребите на граѓаните.

Со сметка за струја до државјанство

SlobodnaEvropa.mk 

Предлог законот за државјанство е пред пратениците. Платените сметки за комуналии се само еден од документите што ќе може да се приложи за стекнување со правото на државјанство. Новиот Предлог предвидува тоа да се направи и со доказ дека граѓанинот завршил школо тука, бил на лекар, има имот или штедна книшка, работи во земјава.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Елена Рыбакина рассказала о проблемах на турнире в Мадриде






Куда отправиться на майские: топ-6 направлений для россиян без загранника и визы

Спецпроект «Четвероногий друг» стартовал в Москве в рамках фестиваля «Пасхальный дар»

Музей-заповедник «Царицыно» заявил об открытии летнего сезона 1 мая

Туроператор Пегас сделал важное заявление по летним турам