Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2021

Новости за 23.07.2021

Најдолгата железничка линија во Русија во прекин поради поплави

SlobodnaEvropa.mk 

Поплавите предизвикани од обилните дождови во Сибир доведоа до уривање на мост, прекинувајќи ја Трансибирската железница, која е најдолгата железничка линија во светот што се протега низ Русија, односно од Москва до пацифичкиот пристанишен град Владивосток. Колапсот ги запре возовите неколку часа по должината на железничката пруга од 9.289 километри што го натера претседателот Владимир Путин да ги повика екипите за поправка да работат брзо за да го решат проблемот. Жителите на областа Чернишевски... Читать дальше...

Церемонијата за отворање на Олимпијадата во сенка на коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Свечената церемонија за отворање на одложените Олимписки игри во Токио се одржа пред речиси празен Олимписки стадион, додека организаторите се трудат да го извлечат настанот од под сенката на пандемијата на коронавирус. Церемонијата почна во 13 часот по македонско време пред помалку од 1000 луѓе на стадионот со 68 илјади седишта. Петнаесетина светски лидери ќе присуствуваат на церемониите кои се очекува да не бидат толку раскошни како пред пандемијата во која досега починаа над 4 милиони луѓе во светот. Читать дальше...

Стејт Департмент: Владата презема мерки за подобрување на инвестициската клима

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт департмент во извештајот за инвестициската клима во Северна Македонија за 2020 година наведува дека новата влада, утврдена од Парламентот во август минатата година, презема мерки за подобрување на инвестициската клима во земјата. Министрите без портфолио, според извештајот, кои претходно ја споделуваа одговорноста за привлекување странски директни инвестиции беа отпуштени и сега ова е координарано од канцеларијата на заменик министерот за економија, така што процесот е поедноставен. Читать дальше...

Предложено Охридскиот регион да добие 2 години рок да ги исполни препораките на УНЕСКО

SlobodnaEvropa.mk 

Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина им предложи на Центарот и советодавните тела на УНЕСКО да им дадат на Северна Македонија и на Албанија дополнителни две години да постапуваат по препораките содржани во Реактивните мисии на Комитетот за Светско наследство на ОН, за да избегнат поместување на Охридскиот регион на листата Светски културни и природни богатства во опасност. На заседанието на Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура... Читать дальше...

Заев се изгорел со некои кандидати на ДУИ, ќе дува ли сега и на ладно?

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети најавија соработка за локалните избори, но засега нема детали каква ќе биде поддршката што ќе си ја дадат. Од Беса, другиот владин коалициски партнер, очекуваат договорот СДСМ-ДУИ да не биде на нивна штета.

Мијалков и „алфите“ невини за „Тортура“ врз Љубе Бошкоски

SlobodnaEvropa.mk 

Судот денеска ги прогласи за невини поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, поранешниот командир на полициската единица „Алфа“ Ивица Анчевски и петмина припадници на едницата, кои беа обвинети во случајот Тортура за апсењето на политичарот Љубе Бошкоски. Судот не го пушти, иако за Обвинителството не беше Мијалков роден за тие пусти притвори Судечкиот совет на чело со судијката Александра Ристеска оцени дека обвинителот Љубомир Лапе не докажал надвор... Читать дальше...

Невообичаени Олимписки игри во Токио

SlobodnaEvropa.mk 

Најпроблематичните Олимписки игри во модерната историја денеска со свечена церемонија ќе бидат отворени на Олимпискиот стадион во Токио. На Игрите кои ќе траат до 8 август се очекува да учествуваат околу 11.000 спортисти.

Привремена забрана за дискотеки и клубови во Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Поради непочитување на епидемиолошките мерки во Црна Гора и зголемениот број новоинфицирани од денеска до 2 август властите ќе воведат привремена забрана за работа на ноќни клубови и дискотеки. Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории. Дирекцијата за инспекциски работи ќе ги контролира собирите на отворено и изведувањето музика во живо во градините на локалите. Доколку продолжи трендот на прекршување, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување. Читать дальше...



Македонците сакаат во ЕУ поради европски плати, а не поради владеење на правото

SlobodnaEvropa.mk 

Македонските граѓани ги сакаат европските плати и можноста за патување без граници, но се помалку во ЕУ гледаат како на бастион на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Талибанците лажат, тврди официјален Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Апсолутна лага е тврдењето на талибанците дека контролираат 90 проценти од границите на земјата, реагира Министерството за одбрана на Авганистан. Според авганистанските власти талибанците шират пропаганда. Реакцијата на авганистанското министерство доаѓа еден ден откако портпаролот на милитантната група го изнесе тврдењето дека контролираат 90 отсто од границите на Авганистан. Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид го даде тоа тврдење за руската државна новинска агенција РИА Новости на 22 јули... Читать дальше...

МВР заплени дрога во вредност од 150 илјади евра

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата запленета дрога вредна околу 150 илјади евра. Пресечен е меѓународен канал на трговија со дрога и приведени се пет луѓе, соопшти МВР. Од минатиот месец полицијата водела истрага против луѓе вмешани во организирање на меѓународен транспорт на марихуана од Албанија преку Македонија кон Грција. Според полицијата организатор на криминалната група е педесетгодишен човек од Гевгелија. Тигрите приведоа неколкумина во Дебар Маало, пронајден и кокаин Откако полицијата добила информации... Читать дальше...

Коалицијата ГЕРБ-СДС нема да учествува на консултациите кај Радев

SlobodnaEvropa.mk 

Втората по големина политичка сила во новиот состав на бугарското Национално собрание, ГЕРБ-СДС, соопшти дека одбива да учествува на денешните консултациите со претседателот Румен Радев. Според нив, дијалогот бил повеќе пати нарушуван и сметаат дека за нив нема место на консултациите, откако не биле поканети на разговори со другите политички сили. Коалицијата ГЕРБ-СДС смета дека претседателот на државата не е обединувач на нацијата и дека назначи привремена влада, која, според нив, „лично ја... Читать дальше...

Белата куќа: одбивањето на Кина за ново истражување на потеклото на вирусот е „неодговорно“

SlobodnaEvropa.mk 

Белата куќа изрази разочарување од одлуката на Кина да го отфрли планот на Светската здравствена организација за понатамошно истражување на потеклото на пандемијата на коронавирусот, нарекувајќи ја „неодговорна“ и „опасна“. Кинескиот заменик министер за здравство Зенг Јиксин претходно рече дека е многу изненаден од предлогот, бидејќи се фокусира врз наводни прекршувања на кинеските лабораториски протоколи. Тој рече дека предлогот е исполитизиран и дека е „невозможно“ Кина да ги прифати условите.... Читать дальше...

Луѓе гинат од пијани возачи и брзо возење, полицијата ќе ги засили контролите

SlobodnaEvropa.mk 

Според податоците на МВР бројот на сообраќајни несреќи во земјава бележи намалување во однос на претходните години. Сепак само во последните неколку дена беа прегазени пешаци поради брзо возење. Надлежните најавуваат засилени контроли и превентивни кампањи за зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот

Втор ден од неформалниот состанок на министрите за европски прашања на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжува неформалниот состанок на министрите на ЕУ за европски прашања што се одржува во Љубљана и Брдо кај Крањ. На состанокот се дискутираат приоритетите на словенечкото претседателство со посебен акцент врз политиката на проширување, владеењето на правото и активностите поврзани со Конференцијата за иднината на Европа. На дневен ред се и теми во контекст на зајакнувањето на отпорноста на Унијата кон кризи, како прашања кои налагаат градење на заеднички координиран пристап. Јанша: Ако ЕУ не направи напредок на Западен Балкан... Читать дальше...

САД воведоа санкции против министерот за одбрана и специјалните сили на Куба

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Држави воведоа санкции против министерот за одбрана на Куба и единицата на специјалните сили за наводни кршења на човековите права во акцијата против антивладините протести на почетокот на овој месец Министерството за финансии на САД ги објави санкциите против министерот за одбрана Алваро Лопез Миера и Специјалната национална бригада. Санкциите ги замрзнуваат сите средства што им припаѓаат на Лопез Миера и СНБ во Соединетите држави и забрануваат кој било државјанин, жител или субјект на САД финансиски да соработуваат со нив. Читать дальше...

СБ на ОН го отфрли предлогот за укинување на високиот претставник во БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Советот за безбедност на ОН не го усвои предлогот за резолуција со кој се повикува на итно укинување на овластувањата на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, објавија медиумите во БиХ. Нацрт-резолуцијата беше доставена од Русија и Кина. Текстот беше поддржан од две членки на Советот за безбедност, Русија и Кина, 13 беа воздржани, а ниту една земја не гласаше против. За текстот се потребни девет гласа од 15, без вето на една од петте постојани членки - САД, Франција, Британија, Русија и Кина. Читать дальше...

Статусот на Охридскиот регион на седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО

SlobodnaEvropa.mk 

Расправата за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО се очекува денеска да се најде на дневниот ред на годинешната 44. Сесија на Комитетот за светско наследство што се одржува во кинескиот град Фуџоу. Во нацрт-верзијата на одлуката се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација... Читать дальше...

Повеќе од половина од возрасните во ЕУ се целосно вакцинирани против коронавирусот

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 200 милиони луѓе во Европската унија се целосно вакцинирани против коронавирусот, што е повеќе од половина од возрасната популација, соопшти Европската комисија чија цел е во текот на летото да се вакцинираат 70 проценти од возрасните. „Досега 200 милиони луѓе се целосно вакцинирани во ЕУ“, изјави портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант, додавајќи дека станува збор за 54,7 проценти од возрасните. Според неа, 68,4 проценти од возрасните ја примиле првата доза на вакцината за коронавирус. Читать дальше...

Хакираната американска софтверска компанија доби клуч за отклучување на податоците

SlobodnaEvropa.mk 

Американската компанија чиј софтвер беше хакиран во неодамнешниот глобален напад со откуп, доби универзален клуч потребен за дешифрирање на податоците што им припаѓаат на повеќе од 1.000 бизниси и јавни организации погодени од нападот. Портпаролката на компанијата, Касеја, не кажа како е набавен клучот или дали е платен откуп, објави АП. Портпаролката Дана Лидхолм рече само дека клучот доаѓа од „доверлива трета страна“. Групата REvil поврзана со Русија беше одговорна за нападот со откуп, кој беше извршен на 2 јули. Читать дальше...

Консултации за формирање нова влада во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе одржи консултации со претставници на пратеничките групи од 46-то Национално собрание, пред да му го предаде мандатот за формирање нова влада на кандидатот за премиер што ќе го номинира најголемата партија во парламентот. Први кои се поканети во претседателството се победниците на изборите од 11 јули. Отфрлен предлогот за разрешување на бугарскиот главен обвинител Гешев Од партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“ кои освоија најмногу пратеници... Читать дальше...

Свечено отворање на Олимписките игри во Токио

SlobodnaEvropa.mk 

Олимписките игри во Токио ќе бидат отворени денеска со свечена церемонија на Олимпискиот стадион, а на Игрите се очекува да учествуваат околу 11.000 спортисти. Олимписките игри во Токио требаше да се одржат минатото лето, но тие беа одложени за една година поради пандемијата на коронавирусот. Свеченото отворање ќе започне во 13 часот, а Игрите ќе траат до 8 август. Организаторите најавија „поскромна“ церемонија, за разлика од претходните, со цел да останат во согласност со здравствената состојба и да го намалат ризикот од инфекции. Читать дальше...

Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од 23 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 33 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Даниил Медведев

Чех Легечка пожелал здоровья россиянину Медведеву, который снялся с их матча






«Динамо» – на первом месте. Перед заключительным днем 27-го тура таблица ЧР приобрела уникальный вид

Экс-футболист Мостовой о предложении от "Пари НН": будем думать и смотреть

6 мая: какой сегодня праздник, что было в этот день

Галина Янко: главные традиции и приметы Пасхи