ВМРО-ДПМНЕ: Без оставка на Заев и Филипче нема објективна истрага
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска рече дека потребна е неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашниот пожар во модуларната ковид болница во Тетово при што загинаа четиринаесет луѓе. „За жал без оставка на Зоран Заев и Венко Филипче кои што можат да влијаат на истрагата нема да биде можна непристрасна и објективна истрага. Во овој случај доколку не дадат оставка Зоран Заев и Венко Филипче ќе истражуваат за пропустите на Венко Филипче и Зоран Заев. Класичен апсурд“, рече Арсовски. Читать дальше...