Папата во Словачка - Се уште демне закана од антисемитизам
Папата Франциск за време на посетата на Словачка посети поранешна еврејска населба во Братислава. Тој рече дека чувствува срам поради смртта на десетици илјади словачки Евреи во Холокаустот, а претходно предупреди и дека се уште демне закана од антисемитизам во Европа и пошироко. „Тука, на ова место, името на Бога беше обесчестено“, рече папата, зборувајќи пред спомен обележјето на Холокаустот, изграден на местото на урната синагогата за време на комунизмот. Папата пристигна во Словачка на 12 септември по кратката посета на Унгарија. Читать дальше...