Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2022

Новости за 13.01.2022

БЕГ бара Владата да го преземе парното греење

SlobodnaEvropa.mk 

БЕГ има пари за набавка на гас до крајот на утрешниот ден, велат од компанијата за производство на топлинска енергија Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје. Компанијата предлага Владата времено да го преземе управувањето со компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона. Деновиве скопјани се греат со млаки радијатори, бидејќи БЕГ работи со оптимизиран режим на греење. „Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување... Читать дальше...

Ракометарите Европското првенство го стартуваа со пораз

SlobodnaEvropa.mk 

Со пораз започна учеството на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство кое годинава се одржува во Унгарија и во Словачка. Со два гола разлика, односно 27:25 Словенија ја победи Македонија на натпреварот во унгарскиот град Дебрецин. Пред натпреварот Ракометната федерација соопшти дека најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да настапи на Европското поради повреда. Ова требаше да му биде последно првенство како репрезентативец, тој сега останува само во улогата на селектор. Читать дальше...

ОН бара да се одмрзнат девизните резерви на Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Да се ослободат замрзнатите девизни резерви на Авганистан побара денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој повика и на итно меѓународно финансирање бидејќи милиони луѓе во земјата се соочуваат со глад. „Треба да се дозволи меѓународното финансирање за да се исплатат платите на работниците во јавниот сектор и да им помогне на авганистанските институции да испорачуваат здравствена заштита, образование и други витални услуги“, изјави денеска Гутереш пред новинарите во Њујорк. Меѓународната... Читать дальше...

Унгарија дозволи и четврта доза вакцина против ковид

SlobodnaEvropa.mk 

Унгарија ќе понуди четврта доза на вакцина против ковид-19 на луѓето кои ќе ја побараат, по консултација со лекар, соопшти денеска Гергели Гуљас, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан. Вчера Данска стана првата земја-членка на ЕУ која понуди четврта доза вакцина против ковид за најранливите граѓани. Четврта доза во светот веќе понудија Израел и Чиле. Унгарија во моментот се бори со петтиот бран на инфекцијата предизвикан од високо заразната варијанта омикрон. Рекорден број заразени со... Читать дальше...

Експлозија од волшепства во „Од игра до претстава“ - првиот домашен театарски практикум за деца

SlobodnaEvropa.mk 

„Од игра до претстава“ е насловена публикацијата што се појави деновиве и чии автори се Игор Ивковиќ и Афродита Кирјаковска. Станува збор за прв театарски практикум во земјава наменет за деца, но и за сите оние кои сакаат низ креативните игри да ги откриваат тајните на сценската уметност.

Србија „урива“ рекорди со новозаразени од ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Само во изминативе 24 часа во Србија се евидентирани 13.753 новозаразени со ковид-19 од вкипно 33.163 направени тестови за коронавирус. Ова е најголем број на новозаразени на дневна основа досега од почетокот на пандемијата. Според податоците од српското Министерство за здравство во вторникот за првпат од почетокот на епидемијата регистриран е петцифрен број новозаразени со коронавирус – 13.693, а вчера беа регистрирани 12.877 лица, а денешниот рекорд изнесува 13.753 новозаболени граѓани. Бројот... Читать дальше...

МИ5 предупредува дека кинески агент се инфилтрирал во британскиот парламент

SlobodnaEvropa.mk 

Британската безбедносна служба МИ5 издаде ретко предупредување до пратениците дека кинески агент се инфилтрирал во парламентот за да се вмеша во британската политика. Во предупредувањето се наведува дека Кристин Чинг Куи Ли „воспоставила врски“ за Комунистичката партија на Кина со сегашни и идни пратеници. Потоа им давала донации на политичарите, а средствата доаѓале од странски државјани од Кина и Хонг Конг. Предупредувањето е издадено по „значајна и долготрајна“ истрага на МИ5, изјавила извори за Би Би Си. Читать дальше...

Врховен ја одби тужбата на Ахмети и Џафери против Богоевски

SlobodnaEvropa.mk 

Врховниот суд ја одбил како неоснована тужбата за клевета поднесена од тужителите Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери го тужеа екс-разузнавачот Слободан Богоевски дека ги наклеветил во своето сведочење пред американската Комисија за хартии од вредност, во постапка што се водела пред Окружниот суд во Њујорк во 2014 година. Станува збор за случајот Маѓар Телеком. Богоевски во сведочењето... Читать дальше...



Нови 1.865 заразени со ковид, од нив 207 се реинфекции

SlobodnaEvropa.mk 

Регистрирани се 1.865 нови случаи на ковид-19 од направени 6.173 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 207 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица на возраст од 45 до 86 години, сите починати во болнички услови. Најмногу новозаразени има во Скопје – 871, потоа следуваат Битола – 177, Прилеп – 119, Куманово – 86, Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија ... Читать дальше...

ТЕ-ТО ќе работи седум дена во неделата за да обезбеди струја и парно

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на денешната седница донесе одлука за обезбедување дополнителни количини на струја и топлинска енергија во услови на кризна состојба, се наведува во соопштението по владината седница. Како што информираат од владината прес-служба, дополнителните количини на струја ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 05:00 часот наутро до 01:00 часот по полноќ со полна моќност... Читать дальше...

Димитров – Неуспехот на Македонија ќе биде неуспех и на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот случај е најубедливиот тест за кредибилитетот на политиката на ЕУ кон Западниот Балкан. Успехот на Македонија ќе биде успех за сите, но неуспехот ќе биде неуспех и на самата ЕУ, рече вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на денешната седница на Националниот совет за европски интеграции на која беа претставени приоритетите на француското претседавање со Советот на ЕУ што започна на 1 јануари годинава. Бугарија го блокира почетокот на преговори за членство на Македонија со ЕУ... Читать дальше...

Украина ја повика Русија да продолжи со дијалогот

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска ја повика Русија да продолжи со дијалогот во воспоставените преговарачки формати за да докаже дека не сака да ги реши проблемите со сила. Русија оствари разговори со САД и НАТО оваа недела по зајакнување на военото присуство на границите со Украина. Русија соопшти денеска дека разговорите со Западот досега не успеале да ги премостат основните разлики. "И покрај незадоволителната недела на дипломатијата за Русија, верувам дека... Читать дальше...

Судењето против Рашковски започнува на 25 јануари

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски започнува на 25 јануари, потврдија за РСЕ од Кривичниот суд. Кривичниот суд на 29 декември соопшти дека обвинителниот акт против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шест лица за нелегалната набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 8 октомври од страна на Советот за оценка на обвинител акт е оценет и одобрен во целост. Читать дальше...

СДСМ: Мицкоски не ја разбрал суштината на поканата за средба

SlobodnaEvropa.mk 

Од СДСМ денеска соопштија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не ја разбрал или не сакал да ја разбере суштината на поканата за средба со мандатарот за состав на нова Влада, Димитар Ковачевски. „Во ек на економска криза кога лидерите во светот зборуваат за поддршка на граѓаните, тој поставува услови за средба само ако има предвремени избори. Избори нема да има, треба да се посветиме на надминување на економските предизвици и финансиска поддршка на граѓаните. За тоа треба да разговараме... Читать дальше...

Постои ли простор за компромис со Бугарија?

SlobodnaEvropa.mk 

Новиот бугарски премиер Кирил Петков доаѓа во Скопје со старите бугарски црвени линии, надоградени со нови. Веројатно новиот македонски премиер Димитар Ковачевски вели дека ќе го пречека со македонските црвени линии кои ги усвои собранието. Каде е тука е просторот за компромис?

Кржаловски: Ако нема еднаков терен само ќе ѝ попуштаме на Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Според Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС нерамниот терен во кој Бугарија е членка на Европската унија, а Македонија не е, ја принудува земјава да прави отстапки од своите црвени линии. Сепак, тој вели дека има два начина да се израмни теренот.

Битиќи: Ќе има раст на минималната плата

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека подобрувањето на животниот стандард на граѓаните е еден од највисоките приоритети на Владата. Според него, енергетската и економската криза, како и политичките состојби не дозволиле минималната плата да се зголеми уште лани во декември.Но, најави дека во следниот период ќе има раст на минималната плата. „Во 2016 година минимална плата беше 9.000 денари или 38 отсто од просечна, на крај на декември 2021 просечна плата е 29.145 денари,... Читать дальше...

Граѓаните жртви на нестабилната енергетска политика

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија допрва ќе ги чувствува последиците од енергетската криза, предупредуваат експертите од енергетиката. Професорот Константин Димитров вели дека за тоа што ни се случува, голема вина има државата која не направила анализа и план со навремени мерки за ублажување на ценовниот шок

Бомгартнер: Отворањето на преговорите со С.Македонија нема утврден рок

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот амбасадор во Скопје, Сирил Бомгартнер најави дека зајакнување на европската сила и моќ, заштита од безбедносните, но и секаков друг вид предизвици со кои се соочува ЕУ, заштита на здравјето на граѓаните, економската обнова, но и активности за зајакнување на чувството на припадност се дел од приоритетите за време на француското претседателство со Советот на Европската Унија за период јануари-јуни 2022 година. „Што се однесува до прашањето на проширувањето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија... Читать дальше...

Новости России
Москва

5 фактов, которые необходимо знать о СЭЙН и Wimmortal и их релизе «Старик и воля».


Протести на наставниците во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици наставници се приклучија на протестите во повеќе од 30 ирански градови, барајќи повисоки плати и подобри работни услови. Протести се одржале во главниот град Техеран, Исфахан, Шираз, Машхад, Рашт, Ком и други градови низ земјата. Наставниците упатиле критики за како што ја нарекоа, „рамнодушноста на владата кон образованието“, а исто така повикаа на ослободување на нивните притворени колеги. „Стани, стани!“, скандирале некои од демонстрантите во Техеран, според аматерски видеа објавени на интернет. Читать дальше...

Амнести Интернешнел бара ослободување на уапсените на протестите во Казахстан

SlobodnaEvropa.mk 

Амнести интернешнел побара од властите на Казахстан веднаш да ги ослободат новинарите и активистите уапсени за време и по протестите низ целата земја минатата недела, кои доведоа до смртоносно насилство во Алмати. Од организацијата соопштија дека лицата кои не извршиле меѓународно признати злосторства, но, биле уапсени произволно и поради кршење на контроверзниот закон на Казахстан за јавни собири, исто така, мора веднаш да бидат ослободени. Казахстанските власти соопштија дека речиси 10.000... Читать дальше...

Борел: Не треба да има преговори со Русија под притисок

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел денеска предупреди дека не треба да има преговори со Русија за ситуацијата во Украина се додека Москва продолжува да ги зајакнува трупите на границата на земјата. „Руските движења се дел од притисокот“, изјави Борел за медиумите на почетокот на неформалниот состанок на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ во францускиот пристанишен град Брест, инсистирајќи дека „не треба да има преговори под притисок“. Борел рече дека Вашингтон... Читать дальше...

ХРВ: Популистичките автократи се соочуваат со пресвртница

SlobodnaEvropa.mk 

Хјуман рајтс воч смета дека светските демократски лидери треба „да направат повеќе“ во справувањето со глобалните предизвици, ако сакаат да изградат импулс во соборувањето на автократите по бранот протести против авторитарното владеење во минатата година.

Пендаровски ќе се сретне со претставници на ОМО „Илинден Пирин“

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски во неговиот кабинет ќе оствари средба со претставници на ОМО „Илинден Пирин“ Бугарија. Целта на посетата по барање на ОМО „Илинден Пирин“ Бугарија и темите на разговор засега не се познати. „Барањето е добиено и претседателот Пендаровски ќе ги прими претставници на ОМО Илинден. За точниот датум ќе информираме дополнително“, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски. ОМО „Илинден Пирин“ е една од организациите и здруженијата на македонското малцинство во Бугарија... Читать дальше...

Почина филмскиот продуцент Горјан Тозија

SlobodnaEvropa.mk 

На 68-годишна возраст почина филмскиот продуцент Горјан Тозија, кој беше и државен секретар во Министерството за култура и советник во Kабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993 година и директор на „Вардар филм“. Во продукција на „Вардар филм“, додека тој беше директор се снимија филмовите „Пред дождот“, „Ангели на отпад“, „Преку езерото“, „Џипси меџик“. „Вардар филм“ тогаш учествуваше и во реализацијата на два холивудски филма кои се снимаа во Македонија... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Рублёв поднимется на шестое место в рейтинге ATP после победы на «Мастерсе» в Мадриде






Родителям Подмосковья рассказали, как отправить ребенка в лагерь

В Польше при пересечении границы задержали гражданина России

Новостройки в Нижнем Новгороде за год подорожали на 28%

Песков: Предстоящие переговоры Путина с Пашиняном нужны и ожидаемы