Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2022

Новости за 12.01.2022

Ковачевски: не сум за решенија со притисок за вакцинација, но треба да има свесност

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на СДСМ и мандатор за состав на новиот владин кабинет Димитар Ковачевски ги повика граѓаните да се вакцинираат, бидејќи како што рече, на тој начин си помагаат на себе, но и на сите други особено на здравствениот персонал, како и на економијата во целост. Сепак, напомена дека тој не е за решенија со притисок бидејќи смета дека треба и јавното мислење да се почитува. „Јас би сакал да ги поттикнам граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцинацијата штити да симптомите од вирусот бидат на пониско ниво. Читать дальше...

Бројот на новозаразени во Србија повторно петцифрен

SlobodnaEvropa.mk 

Според официјалната веб-страница на Министерството за здравство на Србија, во последните 24 часа 12.877 лица биле позитивни на коронавирус од тестирани 33.195 лица, 26 лица починале, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 е 12.984 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Во Србија, вчера за првпат од почетокот на епидемијата регистриран е петцифрен број новозаразени со коронавирус – 13.693, од 37.402 тестирани примероци. Коронавирусот експлодираше, порачуваат епидемиолозите во Србија. Во... Читать дальше...

Казахстанскиот претседател најави повлекување на руските трупи

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев рече дека силите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност предводена од Русија ќе почнат да го напуштаат Казахстан на 13 јануари. Тие беа повикани да помогнат во стабилизирањето на ситуацијата во централноазиската држава во која избувнаа немири поради зголемувањето на цената на горивото. Во судирите имаше и жртви.  Во соопштението објавено денеска од организацијата во која се Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија и Таџикистан... Читать дальше...

Судири во Софија на полицијата и демонстрантите против ковид мерките

SlobodnaEvropa.mk 

Демонстрантите кои се противат на ограничувања за спречување на ширењето на Ковид-19 во Бугарија денеска се судрија со полицијата пред зградата на парламентот во Софија. Тие успеаја да го пробијат полицискиот кордон и да стигнат до скалите на парламентот, а потоа беа истуркани назад. Бугарското министерство за внатрешни работи соопшти дека се повредени осум полицајци. Дел од демонстрантите потоа се упатија пред зградата на Владата и на Министерството за здравство, но беа сопрени од полицијата.... Читать дальше...

Бугарската влада ја зголеми квотата за прием на македонски студенти на бугарските универзитети

SlobodnaEvropa.mk 

Државно субвенционираните места за прием на студенти од Република Северна Македонија на бугарските универзитети двојно се зголемуваат – од „до 150“ на „до 300“. До пет студенти ќе можат да ги продолжат своите докторски студии преку редовната форма на образование. Ова денеска го одлучи бугарската влада со измена на уредбата за прием на граѓани на Република Северна Македонија за студенти во државните високи училишта на Република Бугарија, соопшти прес-центарот на Министерството за образование и наука (МОН). Читать дальше...

Европратеници бараат истрага за улогата на Вархеји во БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Група европратеници испрати писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во кое од неа бара да ја истражи улогата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во кризата во Босна и Херцеговина. Писмото е потпишано од триесетина европски пратеници, јавува балканскиот сервис на Радио Слободна Европа. Европратениците бараат од претседателката на Европската комисија да каже дали смета дека однесувањето на комесарот Вархеји е во согласност со официјалната политика на Европската унија кон БиХ. Читать дальше...

Ковачевски: тоа што го кажува Димитров не е точно, незадоволен е што не е дел од Владата

SlobodnaEvropa.mk 

Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии, вели претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Димитар Ковачевски по денешната прес-конференцијата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. „Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во Владата. Тоа што го кажува воопшто не е точно“, смета Ковачевски, a пренесува државната агенција МИА. Читать дальше...

Столтенберг: Русија нема право да стави вето за прием на нови членки на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

НАТО имаше „сериозна и директна размена“ со руските официјални претставници за украинската криза и алијансата е подготвена повторно да се сретне со претставниците на Кремљ за да разговараат за европската безбедност, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг. Зборувајќи денеска, по состанокот со делегацијата на Русија, а во рамки на разговорите кои се дел од Советот НАТО-Русија, Столтенберг рече дека алијансата нема да се согласи со барањата на Москва за нова безбедносна архитектура во Европа, но сака да ја продолжи дипломатските средби. Читать дальше...



Општина Битола и Владата заедно ќе се справуваат со штетите од земјотресот

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот Љупчо Николовски и министрите за локална самоуправа Горан Милевски, за транспорт и врски Благој Бочварски и за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска ја посетија Битола, која деновиве беше погодена од серија земјотреси кои предизвикаа и материјална штета. Вицепремиерот Николовски рече дека владата е подготвена да бидат санирани сите штети, посебно во јавните институции. „Паралелно очекуваме избраната стручна комисија да направи реални проценки за обесштетување... Читать дальше...

Османи: преговорите ги водат искусни дипломати од МНР

SlobodnaEvropa.mk 

Преговорите на техничко ниво ги водат работни групи во кои членуваат искусни дипломати од Министерството за надворешни работи. Тие реферираат пред Министерот за надворешни работи, но воедно тие настапуваат согласно стекнатите знаења и искуство во нивната децениска работа во куќата, секако застапувајќи ги државните стратешки интереси утврдени од страна на Владата и целиот државен врв, истакнува во реакцијата министерот за надворешни работи Бујар Османи. Димитров - сменет сум за да ме замолчат... Читать дальше...

1.822 нови случаи на коронавирус, 7 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатото деноноќие се регистрирани 1.822 нови случаи на коронавирус, а три лица починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Дополнително, во Регистарот од Мој термин пријавени се уште 4 починати лица, сите во домашни услови.   Направени се 7.123 тестирања во изминатите 24 часа. Најмногу нови случаи има во Скопје – 918, Битола 189, Прилеп 98, Куманово 65, Кавадарци 55, Охрид 49... Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 173 реинфекции.   Од друга страна... Читать дальше...

Груби: Жалам што Димитров на крајот на мандатот дознал дека не му верува на Османи

SlobodnaEvropa.mk 

Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби денеска изјави дека не постои никаква основа граѓаните да бидат загрижени во однос на преговорите на земјава со Бугарија кои ги води министерот за надворешни работи Бујар Османи. „Секој договор што евентуално би бил постигнат треба да биде претставен и прифатен од граѓаните. Ние се солидаризираме со нашите граѓани Македонци и апсолутно се постројуваме со нив во одбрана на идентитетот, на јазикот и на сите други чувствителни прашња“, вели Груби. Читать дальше...

Заев: Димитров имаше сериозен удел за позициите во преговорите со Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев во реакција на изнесените ставови на досегашниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров наведе дека Северна Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија кои биле изградени со целосно владино единство и испратени како одговор на македонското МНР до бугарското МНР. Димитров денеска одржа прес-конференција на која порача дека нема доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи за спорот со Бугарија, како и во други членови на Владата. Читать дальше...

Протест во Бугарија против ковид сертификатите

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици луѓе се собираат пред бугарското Народно собрание во главниот град Софија на протест против зелените сертификати, што го организираше партијата „Преродба“. Како што јавува редакцијата на Радио Слободна Европа на бугарски јазик, националистичката група води кампања против имунизацијата за КОВИД, зелените сертификати и мерките за сузбивање на пандемијата. Еден час откако започна протестот, на повици на дел од учесниците во протестот, толпата се упатила кон полицискиот кордон по што се случил контакт со полицијата... Читать дальше...

Токаев пристигна во Алмати по смртоносните немири

SlobodnaEvropa.mk 

Казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев пристигна во Алмати, што е негова прва посета на најголемиот град во Казахстан по смртоносните протести минатата недела што го натераа да покани војници од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ЦСТО) предводена од Русија за да ја стабилизира ситуацијата, во услови на очигледен ќор-сокак со лојалистите на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев. Портпаролот на Токаев, Берик Уали, рече дека Токаев денеска учествувал на седница на... Читать дальше...

Димитров - сменет сум за да ме замолчат

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот во заминување Димитров на последната негова прес-конференција порача дека нема доверба во министерот Османи за спорот со Бугарија, како и во други членови на Владата. Сменет е од функцијата, како што рече, за да го замолчат. Димитров порача дека будно ќе го следи процесот.

Мали очекувања за договор на состанокот на Советот НАТО-Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Разговорите со Русија за решавање на кризата на границата со источна Украина денеска се префрлија во седиштето на НАТО во Брисел, со мали очекувања за договор, пренесува редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик. Претставниците на 30-те членки на Северноатлантската алијанса и Русија ќе го одржат вториот состанок оваа недела со цел да се смират тензиите, по преговорите меѓу Вашингтон и Москва во Женева на 10 јануари на кои не беше постигнат значаен напредок. „Ова е навремена можност... Читать дальше...

Битолчани ненаспани по серијата земјотреси ја чекаат проценката на штетите

SlobodnaEvropa.mk 

Битола со денови ја тресат серија земјотреси од пограничното епицентрално подрачје кај Лерин, Северна Грција, на оддалеченост до 30 километри. Нaјсилниот земјотрес се случи вечерта на 9 јануари со магнитуда од 5,6 степени според Рихтер, а по него следуваа десетици други со послаб интензитет.

„Навезени спомени“ во чест на великанот Блаже Конески

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од педесет најкарактеристични народни везови, од различни етногеографски области на нашата земја се претставени на изложбата „Навезени спомени“, што од 29 декември и во наредниве два месеца се одржува во Музеј на Република Северна Македонија.

Новости России
Москва

В Москве в 12-й раз пройдет фитнес-фестиваль «ФитЭкспо 2024»


Средба на Ковачевски и Мета - почнувањето на преговорите е важно за целиот регион

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Албанија Илир Мета, кој е во тридневна посета на Северна Македонија. Ковачевски по средбата изјави дека Северна Македонија и Албанија како соседни земји имаат заедничка иднина во ЕУ и дека е убеден оти наскоро ќе ги почнат преговорите за членство, бидејќи досега исполниле сѐ што од нив било побарано. „Сега е на ред ЕУ“, рече Ковачевски. Од СДСМ соопштија дека на средбата било... Читать дальше...

Колку Русија е посветена на дипломатијата?

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите Држави и Русија излегоа од разговорите во Женева со навидум непомирливи разлики околу огромните барања на Кремљ, што покрена прашања за тоа дали Москва воопшто е посветена на преговорите. Тод Принс

Ерменија пријави трета жртва во граничните судири со Азербејџан

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменија пријави дека тројца нејзини војници загинале во борби долж границата со Азербејџан, со што се зголемуваат стравувањата дека соседните земји на Кавказот можеби одат кон нова војна. Ерменското Министерство за одбрана на 12 јануари соопшти дека телото на третиот војник е пронајдено во област каде што беа пријавени тешки судири еден ден претходно, а за кои Ереван и Баку меѓусебно се обвинуваат, во услови на предупредувања дека тензиите долж границата ескалираат. Азербејџанските власти веќе... Читать дальше...

Северна Кореја тврди дека тестирала трета хиперсонична ракета

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја соопшти дека извршила уште еден хиперсоничен ракетен тест под надзор на лидерот Ким Џонг Ун. Државните медиуми објавија дека проектилот лансиран на 11 јануари, успешно погодил цел во море на далечина од околу 1.000 километри. Тоа е трет пријавен севернокорејски хиперсоничен ракетен тест, кој е потешко да се открие во однос на балистичка ракета. Присуството на Ким при лансирањето на ракетата можно е да укажува на подобрување на технологијата, велат аналитичарите, пишува Би-Би-Си. Читать дальше...

Рекорден број на инфекции во Германија и Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Германија и Бугарија на 12 јануари објавија рекорден број на инфекции со коронавирус, додека Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на нов голем бран „од запад кон исток“ на високо заразната варијанта Омикрон што го зафати континентот. Германските здравствени власти објавија 80.430 нови инфекции со коронавирус - најголем број на регистриран во еден ден од почетокот на пандемијата, со што беше надминат претходниот рекорд постигнат во ноември окога имаше над 76.000 инфекции за еден ден. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Соболенко уступила Свентек в финале турнира WTA-1000 в Мадриде






"МК": в Москве женщина отсудила 80 тысяч рублей у недобросовестного косметолога

Авиалайнеры из Москвы и Якутска 8 мая прилетают во Владивосток с опозданием

Мученица Надежда Семенова 8.09.1865–8.05.1938

Yonhap: Путин заявил о готовности России к диалогу с Западом только на равных