Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Новости за 11.07.2022

Мирен осми ден протести против францускиот предлог

SlobodnaEvropa.mk 

Во мирна атмосфера и со присуство на голем број граѓани помина осмиот ден од протестите против францускиот предлог, чие евентуално прифаќање треба да доведе до кревање на бугарското вето и почеток на преговори за влез на земјава во ЕУ. Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ и „Со фашисти не се преговара“, присутните излегоа да кажат „не“ како што велат за бугаризација на Македонија. Протестот и денеска започна пред Владата, од каде демонстрантите се движеа кон Министерството за правда, за да го завршат својот марш пред македонското Собрание. Читать дальше...

Словенија донесе препораки за штедење и вклучи прво ниво на предупредување за снабдувањето со гас

SlobodnaEvropa.mk 

Словенија го воведе првото, од можни четири нивоа на предупредување поради можни тешкотии во снабдувањето со природен гас, а словенечката Влада издаде повеќе препораки за заштеда на енергија преку регулирање на температурата во државната администрација и јавниот сектор. „Станува збор за навремена подготовка за грејната сезона и можните алтернативи“, изјави министерот за инфраструктура Бојан Кумер додавајќи дека повеќето членки на ЕУ веќе издадоа слични или поостри предупредувања, но дека снабдувањето... Читать дальше...

Нови 524 нови случаи на Ковид 19 за три дена, пријавени уште четири починати лица

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните три дена (од 08.07 до 10.07) направени се 1.869 тестови, а регистрирани се 524 нови случаи на Ковид -19, како и 463 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство. Притоа, од новите позитивни случаи во Скопје се 314, Битола – 35, Тетово – 23, Куманово – 20, Велес - 16, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15, Охрид – 14, Гостивар – 11, Струмица – 9, Неготино - 6, Кичево и Гевгелија – по 4, Струга, Валандово и Пробиштип – по 3, Куманово, Велес, Крива Паланка, Богданци и Кратово ... Читать дальше...

Русија може да ја прошири забраната за „геј пропаганда“

SlobodnaEvropa.mk 

Русија може да ја прошири својата забрана за таканаречената „геј пропаганда“ оваа година, проширувајќи го законот за кој активистите велат дека ги изложил ЛГБТИ луѓето во ризик и довел до зголемена дискриминација и насилство. Претседател на комисијата во Државната дума, долниот дом на рускиот парламент, на 11 јули напиша на Телеграм дека законот од 2013 година со кој се забранува ширење на „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи“ меѓу малолетниците е „недоволен“. „Предлагаме целосно... Читать дальше...

Трајкоска - Нетранспарентноста за францускиот предлог создава простор за дезинформации

SlobodnaEvropa.mk 

Целосната транспарентност во најголем дел го намалува просторот за дезинформации. Вака се создава огромен бришан простор за секакви центри на моќ, кои пласираат секакви информации за францускиот предлог, вели Жанета Трајкоска, од Институтот за комуникациски студии.

„Криенката“ со францускиот предлог ја зголеми недовербата кај јавноста

SlobodnaEvropa.mk 

Селективна транспарентност и необјавувањето на сите документи за преговорите со Бугарија за старт на преговорите со ЕУ ја зголеми недовербата кај јавноста и отвори сомнеж дека власта нешто крие. Опозицијата вели дека Собранието добило само еден лист од Владата и го бараат Протоколот со Бугарија. Од власта сега велат дека Протоколот не го објавуваат, оти не е потпишан. Информацијата што ја испрати власта ќе оди директно на собраниска седница.

Ребаланс на буџетот за „гаснење пожари“

SlobodnaEvropa.mk 

Владата годинава ќе се задолжи за речиси 700 милиони евра за да може да ги покрие буџетските трошоци. Во исто време, капиталните инвестиции се кратат за 100 милиони евра. Се предвидува јавниот долг да достигне рекордни 65 отсто од БДП. „Гаснат пожари сега, долговите ќе ги враќаат наредните генерации“, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

Почна пленарната расправа по Дополнетиот ребаланс на Буџетот

SlobodnaEvropa.mk 

Во Собранието денеска на пленарна седница се разгледува Дополнетиот ребаланс на Буџетот, што е воедно и единствена точка на дневниот ред. На почетокот од седницата, која почна со едночасовно задоцнување поради прес-конференциите на пратениците во врска со координативната седница свикана од собранискиот спикер Талат Џафери, министерот за финансии Фатмир Бесими даде образложение за Дополнетиот ребаланс на буџетот и обраќајки им се на пратениците рече оти со поддршка на ребалансот на Буџетот се дава поддршка за повисоки пензии... Читать дальше...



Собраниската седница по Информацијата за предлог-преговарачката рамка ќе биде дополнително закажана

SlobodnaEvropa.mk 

Согласно Деловникот на Собранието, собранискиот претседател Талат Џафери ќе информира за датумот за свикување на пленарната седница на чиј дневен ред ќе биде Информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка доставена од Владата до законодавниот дом, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Собранието. Како што се наведува во соопштението, на денешната редовна координација, собранискиот претседател Талат Џафери информира дека согласно член 185 од Деловникот на Собранието, тој ја доставува... Читать дальше...

Ниту една партија нема право да ги присвојува протестите - вие коментирате

SlobodnaEvropa.mk 

Демонстрациите против францускиот предлог за остранување на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, како и информацијата дека Судот реши да му се одземе имот на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој призна вина за случајот „Империја“ во фокусот на вапиот интерес на Фејсбук страницата на РСЕ.

Порастот на светската популација забавува, но годинава ќе достигне 8 милијарди

SlobodnaEvropa.mk 

Новата прогноза на ОН вели дека светската популација ќе надмине 8 милијарди луѓе на 15 ноември и дека Индија ќе ја надмине Кина како најнаселена нација во идната година. Извештајот објавен денеска, исто така, забележува дека растот на светската популација е забавен на најниската стапка од 1950 година, зголемувајќи се за само 1 процент во 2020 година. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека пресвртницата во вкупната популација „е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме... Читать дальше...

Бугарскиот претседател Радев во посета на Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ја започнува официјалната посета на Црна Гора на покана на неговиот црногорски колега Мило Ѓукановиќ. Бугарскиот претседател и неговата сопруга Десислава Радева ќе бидат пречекани од Ѓукановиќ и неговата сопруга со официјална церемонија во претседателската резиденција во старата црногорска престолнина Цетиње. Бугарија блиску до нови избори, „Продолжуваме со промената“ не успеа да формира коалиција Радев и Ѓукановиќ ќе разговараат за продлабочување на билатералната соработка во економијата... Читать дальше...

Координација во Собранието за францускиот предлог

SlobodnaEvropa.mk 

На денешната редовна понеделничка координација во Собранието треба да се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европска Унија. Претседателот на Собранието Талат Џафери во минатата изјави дека за тоа кога ќе биде закажана седницата на чиј дневен ред би била Информацијата ќе се разговара на координацијата в понеделник на која како владин претставник ќе присуствува... Читать дальше...

Сончево со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе се движи од 15 до 28 степен. Во Скопје и околината слично време, со температура до 27 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Андрей Рублев поднялся на шестое место в рейтинге ATP






Лукашенко призвал к скорейшей реализации решений ЕАЭС в условиях санкций

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о комфортных автопутешествиях

Майская вьюга. Москва попала в «арктический мешок»

В Московском СВУ открыли звезду в честь Героя РФ Андрея Волоскова