Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Новости за 23.07.2022

ЕУ бара дополнителни испораки на гас од Нигерија

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија бара дополнителни испораки на гас од Нигерија, имајќи предвид дека се подготвува за можен прекин на снабдувањето на овој енергенс од Русија, изјави Метју Болдвин, заменик директор на енергетската служба при Европската комисија, во сабота на 23 јули.  Болдвин ја даде изјавата во Нигерија, каде што се сретна со претставници на најголемиот африкански производител на нафта. Болдвин истакна дека ЕУ увезува 14 отсто од вкупните испораки на гас од Нигерија и дека постои потенцијал оваа количина да се удвои. Читать дальше...

Пожар на скопската депонија „Вардариште“

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во попладневните часови избувна пожар на депонијата „Врадариште“, лоцирана спроти Јавното претпријатие „Лајка“ во Скопје. Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Звонко Томески информира дека депонијата најверојато почнала да гори сама од себе, како и дека во моментот пожарот го гаснат две противпожарни возила. Високи температури до недела, Владата со препораки Инаку, ова не е првпат депонијата „Вардариште“ да гори за време на летниот период.

Бугарските претставници на Клубот за бугарско-македонско пријателство се против Декларацијата на бугарското МНР за македонскиот јазик

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарските членови на Клубот за бугарско-македонско пријателство не ја прифаќаат Декларацијата на бугарското МНР за македонскиот јазик.  Според нив, ваквата декларација непотребно го усложнува и го попречува процесот на зближување меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија и им служи на интересите на субјектите од двете страни на границата, кои конфликтот го претворија во поле за заработка на дивиденди. „Македонскиот литературен јазик, формиран на дијалекти кои од историски и политички... Читать дальше...

Во Охрид отворен Конзулат на Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Продолжување на билатералните, пријателски и добрососедски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија значи денешното отворање на српскиот Конзулат во Охрид, каде за почесен конзул е избран охриѓанецот Михајло Филев. На свеченоста присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ, вицепремирката Славица Грковска, министрите за правда Никола Тупанчевски и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска,  градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков и други гости. Читать дальше...

Пакистан пријави нов случај на детска парализа

SlobodnaEvropa.mk 

Нов случај на полио вирус (детска парализа) е регистриран во  Пакистан. Со тоа вкупната бројка на заразени со вирусот во оваа земја од почетокот на годинава изнесува 13 деца.  Во последниот случај, вирусот е детектиран кај 18-месечно „неухрането“ момче, соопштија здравствените власти. „Ова е прв случај на детска парализа пријавен надвор од областа Северен Вазиристан каде што вакциналните тимови сè уште се соочуваат со сериозни предизвици во вакцинацијата на децата поради отпорот од локалните... Читать дальше...

СЗО повторно одлучува за прогласување на мајмунските сипаници за глобална вонредна состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Светската здравствена организација (СЗО) денеска треба да донесе одлука дали епидемијата на мајмунски сипаници ќе ја прогласи за „глобална здравствена вонредна состојба“. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ќе одржи прес-конференција, пренесува АФП. Според Центрите за контрола и превенција на болести на САД, повеќе од 15.800 луѓе во 72 држави се заразиле со мајмунски сипаници. Од почетокот на мај се регистрира пораст на бројот на заболени од мајмунски сипаници. Во Грција... Читать дальше...

Две седмици од исчезнувањето на Мартин на Халкидики, потрагата продолжува

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачите волонтери и денеска продолжуваат со потрагата во поширокиот дел на Халкидики и во Егејското Море за пронаоѓање на Мартин, кој пред точно две седмици, во саботата на 9 јули исчезна кај Посиди на првиот крак, откако со двајца пријатели влегле во морето и му се загуби секаква трага. Од волонтерскиот спасувачки тим ОФКАТ изјавиле дека во потрагата се вклучува и авион од аеро- клубот во Солун, кој денеска ќе го прелета и делот околу Еврос и островот Тасос. Претседателот на грчкиот волонтерски... Читать дальше...

Против “затворскиот туризам“ со измени на законот за извршување санкции

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за правда ќе предложи во иднина извршувањето на затворската казна на осудениот да се врзе со неговото место на живеење во последните две години, изјави министерот за правда Никола Тупанчески во неделното интервју за радио Слободна Европа. Неговиот коментар следува откако поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, а претходно и бизнисменот Орце Камчев ги променија адресите на живеење во Охрид и создадоа правна основа за одржување на затворската казна во затворот во Струга. „Испадна дека Струга е градот на затворски туризам. Читать дальше...



Пожарот во Словенија уште гори - евакуирани жители на 10 села

SlobodnaEvropa.mk 

Пожарот во словенечкиот регион Крас, кој се прошири од Италија и натаму гори. Локалните власти соопштија дека превентивно се евакуирани жители на седум околни села и градови. Пожарникарите во текот на целата ноќ го гаснеле пожарот, но се појавувале нови жаришта.  Пожарот во Берово сѐ уште се гасне На помош денеска доаѓаат 800 пожарникари од целата држава, а во гаснењето се активирани и седум хеликоптери. Пожарот досега зафати повеќе од 2.000 хектари во Словенија, а животот го загуби една полицајка на италијанската страна... Читать дальше...

МВР: Зачестија измамите со криптовалути, граѓани остануваат без илјадници евра

SlobodnaEvropa.mk 

МВР предупредува на зачестена појава на измами со криптовалути. Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика велат дека непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација. Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што,... Читать дальше...

Пожарот во Берово сѐ уште се гасне

SlobodnaEvropa.mk 

Пожарот во Беровско и понатаму се гасне, а пожарникарите и луѓето од Берово кои учествуваат во неговото гаснење ќе останат на терен се до негово целосно локализирање. Сашко Руменовски, командир на Територијалната противпожарна единица од Берово информираше дека покрај гаснењето од земја од утрово повторно имаат и воздушна поддршка. „Со цел скратување на времето за полнење вода од Беровско Езеро во село Будинарци поставен е импровизиран базен, од каде хеликоптерот ќе полни вода заради побрза интервенција“, вели Руменовски. Читать дальше...

Портокалова фаза, температури до 41 степен

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност во западниот планински регион и на крајниот исток. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 41 степен. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максмалната температура ќе достигне до 39 степени. Од УХМР најавуват дека до среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури. Читать дальше...

Може ли Европа да живее без руски гас?

SlobodnaEvropa.mk 

Европа се соочи со енергетска криза дури и пред да се појави драма за повторното отворање на гасоводот Северен тек 1 од Русија до Германија.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Швентек и Соболенко устроили триллер за престижный трофей






МИД Китая поздравил Владимира Путина со вступлением в должность президента

Aurus Merlon назвали в честь зубца Кремлевской стены. 11 мотоциклов уже передали в Гараж особого назначения

Больше не Победа: Почему Казахстан, Узбекистан и Киргизия запрещают 9 Мая

Теория заговора о спецслужбах США оказалась правдой