Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2022

Новости за 16.12.2022

КФОР ќе го разгледа барањето за распоредување српски сили во северно Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Воената мисија на НАТО во Косово, КФОР, денеска потврди дека добила барање од Србија за распоредување на припадници на српската војска во северно Косово, во областа населена со мнозинско српско население, и оти КФОР ќе го разгледа барањето „и на истото ќе се одговори во наредните денови“. „Ние добивме писмо од Србија и сега истото го разгледуваме. КФОР останува буден и сосема способен да го исполни својот мандат кој му е доделен од Обединетите нации“, се вели во соопштението. Владата на Србија... Читать дальше...

Спасени 97 мигранти во близина на грчкиот остров Кеа

SlobodnaEvropa.mk 

Во морскиот дел североисточно од островот Кеа, што се наоѓа во близина на Атина, грчката крајбрежна служба вчера спасила 97 мигранти, а меѓу нив биле и четворица криумчари кои се уапсени, пренесува МИА. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, чамецот тргнал од турскиот град Измир, крајната дестинација била Италија, а за „патувањето“ мигрантите им платиле по 8.000 евра по човек на криумчарите кои престојуваат во Турција. Крајбрежните служби на островите Кеа и Андрос, вчера наутро... Читать дальше...

Собранието го укина прогресивниот данок пред да стапи на сила

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието ги усвои измените на Законот за данокот на личен доход со кој од 1 јануари 2023 година се продолжува со примена на рамниот данок од 10 проценти, односно се укинува прогресивното оданочување и се одложува даночењето на каматите на заштедите до влезот на државава во Европската унија. Законските измени што беа изгласани денеска, се дел од Концептот на даночна реформа, што го подготви Министерството за финансии, а кој треба да придонесе кон поголема праведност и поправична распределба на даночниот товар... Читать дальше...

Хрватскиот Парламент изгласа дополнително оданочување на профитот на големите компании

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватскиот Сабор, односно парламентот, денеска на вонредна седница го изгласа Законот за дополнителен данок на добивка, според кој компаниите со зголемена добивка ќе бидат оданочени независно од дејноста што ја вршат. За воведување дополнителни даноци гласаа 96 пратеници, а 37 беа против, јави Хина. Новата давачка ќе ја плаќаат компаниите кои во 2022 година имале годишен приход од над 300 милиони куни (приближно 40 милиони евра), со стапка од 33 отсто, но само за добивки кои се за 20 отсто повисоки од четиригодишниот просек. Читать дальше...

Утре потопло време и дожд, од недела заладување

SlobodnaEvropa.mk 

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени. Читать дальше...

Турција го доби најголемото подземно складиште за гас во Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Со зголемување на капацитетот на складиштето за природен гас во Силиври, Истанбул, Турција сега го има најголемото складиште за гас во Европа, јавува Анадолија. Во Силиври денеска се одржа програма по повод завршувањето на проектот за зголемување на капацитетот на подземното складиште за гас, каде говореше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Со зголемување на капацитетот, Силиври стана најголемото подземно складиште за гас во Европа“, рече Ердоган. „Нашата цел е што поскоро да ја... Читать дальше...

Почина српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ на 53 години

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот фудбалер, а потоа фудбалски тренер, Синиша Михајловиќ почина денеска на 53 години, потврди Фудбалскиот сојуз на Србија. Михајловиќ беше дел од шампионската генерација на белградска Црвена Ѕвезда, која го освои Европскиот куп во 1991 година, а потоа настапуваше во италијанското првенство. Во последните години беше тренер во италијанската Серија А, на клубови како Милан и Болоња. Михајловиќ, кој замина од тренерската позиција во Болоња во септември, поради лошиот старт на сезоната, неколку години имаше здравствени проблеми. Читать дальше...

ЕСМ понуди поскапа струја и поевтина мрежарина

SlobodnaEvropa.mk 

Државниот производител на струја АД ЕСМ на повикот на ЕВН Хоум за набавка на струја за првата половина од наредната година понуди цена од 56 евра за мегаватчас, наместо досегашните 48 евра, што е поскапување од 16,6 проценти. Во исто време, ЕСМ поднесе понуда од 110 евра за мегаватчас за струјата за покривање на техничките загуби во системот на Електродистрибуција, наместо досегашните 143 евра за мегаватчас, што е поевтинување за 23 проценти. Овие загуби граѓаните ги плаќаат преку таканаречената мрежарина. Читать дальше...



Историски промашувања во учебникот по историја

SlobodnaEvropa.mk 

Погрешна историска периодизација, лажни факти, нејасни фрази и недостаток на историски наратив се главните пропусти во учебникот по историја за петто одделени од новата програма кој неодамна го добија само дел од учениците. Историчарите бараат негово итно повлекување, авторите се оградуваат, а родителите загрижени.

Пукна огромен аквариум со 1500 егзотични риби во Берлин

SlobodnaEvropa.mk 

Огромен аквариум во центарот на Берлин со 1500 егзотични риби пукна рано утринава предизвикувајќи голема штета во зградата во која се сместени хотел, кафулиња и продавници. Стакло и други предмети излетаа од зградата заедно со еден милион литри вода од аквариумот Аквадом, висок 25 метри, нешто пред 6 часот утрово. Полицијата наведе дека делови од зградата се оштетени од водата. Берлинската противпожарна служба наведе дека двајца луѓе се полесно повредени. Најсмртоносните автобуски несреќи на... Читать дальше...

И скопскиот аеродром цел на хибридни напади, информиран е НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе објекти беа евакуирани по дојава за наводно поставена бомба, меѓу кои и скопскиот аеродром. Шефот на дипломатијата, Османи информираше дека НАТО е известен за проблемот со лажните дојави, а премиерот Ковачевски повтори дека се работи за хибридна војна која го опфаќа целиот регион.

Гичeвски: Од погрешни факти до недоделкани фрази во учебникот по историја за петто одделение

SlobodnaEvropa.mk 

Погрешни факти, погрешна хронолошка рамка и периодизација се дел од спорните информации во учебникот по историја и општество за петто одделение. Историчарот Васко Гичевски забележува и проблем со профилирањето на историските личности без притоа акцентот да биде ставен на историскиот наратив.

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Таргет-Тврдина“

SlobodnaEvropa.mk 

Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата за „Таргет-тврдина“, случајот за масовното прислушкување во Македонија. Со ова, предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен Сашо Мијалков кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска осудена на четири години, началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој е во бегство и осуден на 15 години, како и Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна. Читать дальше...

ЕУ му се закани на Твитер со санкции за блокирање на профили на новинари

SlobodnaEvropa.mk 

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, денеска ја оцени суспензијата на профилите на новинари на Твитер како „загрижувачка“ и го предупреди сопственикот на таа социјална мрежа, Илон Маск, дека наскоро ќе има „санкции“. Загрижувачка е веста за произволното суспендирање на профилите на новинарите на Твитер“, напиша Јурова на Твитер. Претставен нов закон за медиумска слобода во ЕУ Таа потсети дека законот за дигитални услуги, кој ЕУ треба да почне да го применува за технолошките гиганти од следното лето... Читать дальше...

Српската влада поднесе барање до КФОР за враќање на српската војска на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претставниците на Владата на Србија денеска поднесоа барање до КФОР за враќање на до илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово и Метохија, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Како што јави Радио-телевизија на Србија, барањето е поднесено на управниот премин Мердаре. Владата на Србија вчера вечер одлучи да побара од КФОР да овозможи враќање на илјада припадници на безбедносните сили на Косово, а одлуката била донесена едногласно. Тензиите растат - Белград бара враќање на српските војници на Косово... Читать дальше...

Ветинг треба, ама кој да го направи?

SlobodnaEvropa.mk 

Најавите за ветинг и изјавите на политичарите за негова поддршка во борбата против корупцијата не се доволни за негово успешно спороведување, оценува стручната јавност. И меѓународната заедница се сомнева во капацитетите на државата, но и во искреноста на политичката волја за таква реформа.

Лажни се дојавите за бомби на Скопскиот аеродром и во дел од училиштата

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата заврши со проверките на Скопскиот аеродром и дел од училиштата и утврди дека станува збор за лажни пријави, соопштија од МВР. Оттаму посочуваат дека по завршување на проверките ќе информираат и за другите објекти. Изутрината на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Читать дальше...

Северна Кореја тестира технологија за производство на поопасни интерконтинентални ракети

SlobodnaEvropa.mk 

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на ракетниот мотор со цврсто гориво потисок за ново стратешко оружје чиј развој, како што се проценува, ќе му овозможи на Пјонгјанг да произведува помобилни, помалку забележливи интерконтинентални балистички ракети со дострел до копното на САД, објави агенцијата АП. Ким ги пофали научниците и техничарите за време на тестот, велејќи дека очекува новото оружје да биде направено „во најкраток временски период“. Северна Кореја истрела сомнителна интерконтинентална балистичка ракета... Читать дальше...

Судот во Хаг осуди бивш командант на ОВК на 26 години затвор за злосторства врз Албанците

SlobodnaEvropa.mk 

Судот за злосторства на борците на ОВК во Хаг денеска го осуди поранешниот офицер на ОВК Салих Мустафа на 26 години затвор за злосторства врз Албанците на Косово во 1999 година. Според пресудата, Мустафа (50) одговорен за тешки и сурови злосторства врз шестмина Албанци во притвор на ОВК во селото Злаш, недалеку од Приштина, во април 1999 година. Судот го прогласи Мустафа, тогашниот командант на единицата на БИА во рамките на ОВК, за виновен по три точки од обвинението - за самоволно лишување од слобода, тортура и убиство на затвореници во Злаш.

Новости России
Москва

Владимир Брилёв: «Концерт, посвященный Великой Победе, стал доброй традицией для творческого объединения «Хрустальное соZVездие».


Тензиите растат - Белград бара враќање на српските војници на Косово, Приштина влез во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Србија официјално побара нејзините безбедносни сили да се вратат на Косово, и покрај предупредувањата од Западот дека таквиот потег веројатно нема да биде прифатен и само ги зголемува тензиите на Балканот.

Во Турција бомбашки напад врз полициско комбе, 9 повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Бомба експлодира на автопат во Турција додека комбе со полицајци минувал покрај во петокот, при што беа повредени девет лица, соопштија владини претставници. Две лица се приведени во врска со нападот, кој се случи во близина на градот Дијарбакир, населен претежно со Курди, во југоисточна Турција, рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Турски авиони гранатираа курдски села во Сирија Според канцеларијата на гувернерот на Дијарбекир, бомбата била поставена во паркирано возило во близина... Читать дальше...

Дојава за бомба на скопскиот аеродром и други институции

SlobodnaEvropa.mk 

Сите летови биле откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром, по што била преземена акција за евакуација на вработените и патниците. Исто така и вработените на „Ист Гејт Мол“ повторно денеска биле евакуирани по дојава за бомба. Меѓу објектите кои денеска добиле дојава за поставени бомби се и ФФМ, хотелот „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, хотел „Мериот“.  Од МВР потврдија дека до сега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека вакви дојави стигнале... Читать дальше...

Во пожар во близина на францускиот град Лион загинаа 10 лица, меѓу кои 5 деца

SlobodnaEvropa.mk 

Десет лица, меѓу кои пет деца на возраст од 3 до 15 години, загинаа откако изутрината избувна пожар во станбена зграда во Волкс-ан-Велин, во близина на францускиот град Лион, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој додаде дека причината за пожарот не е позната во оваа фаза. „Постојат неколку сценарија и ќе биде отворена истрага“, рече тој, додавајќи дека бил во контакт со претседателот Емануел Макрон за инцидентот. Четиринаесетгодишно момче загина за време на прославата по победата... Читать дальше...

Твитер ги суспендира новинарите кои пишуваа за сопственикот Илон Маск

SlobodnaEvropa.mk 

Твитер ги суспендира сметките на новинарите кои ја покриваат платформата за социјални медиуми и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, меѓу нив и новинари кои работат за Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен, Гласот на Америка и други. Компанијата не им објасни на новинарите зошто ги симна сметките и ги снема нивните профили и минатите твитови. Твитер ја укинува политиката за борба против дезинформации за ковид-19 Но, Маск на Твитер во четвртокот вечерта ги обвини новинарите дека споделуваат приватни информации за неговото место на живеење... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Двенадцать казахстанских теннисистов поднялись в рейтинге ATP






Путин проводит переговоры с Пашиняном

Опубликовано меню неформального обеда лидеров стран ЕАЭС после саммита в Кремле

В «Иностранке» открылась выставка победителей конкурса к 80-летию освобождения Ленинграда

В Кремле проходит заседание в узком формате в рамках юбилейного саммита ЕАЭС