Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2022

Новости за 17.12.2022

Хрватска го освои третото место во Катар, го победи Мароко 2:1

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватска го обезбеди третото место на Светското првенство во Катар, откако вечерва ја совлада репрезентацијата на Мароко со резултат 2-1. Јошко Гвардиол со глава го постигна својот прв гол на Светското првенство во седмата минута, но Ахраф Дари со глава израмни само една минута подоцна. Сепак Хрватите го имаа последниот збор уште во првото полувреме кога Мислав Орсиќ од далечина постигна гол и ја доведе во предност својата репрезентација пред паузата. Ова беше втор пат тимовите да се сретнат... Читать дальше...

Косовската полиција соопшти дека на северот е поставена нова барикада

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција денеска соопшти дека во текот на ноќта од претходниот ден била поставена нова барикада на северот на Косово. Новата барикада е поставена „во населбата Берџане што води кон Звечан“, се вели во полициското соопштение. Во изјава за Радио Слободна Европа, полициските службеници за северниот регион велат дека состојбата во утринските часови на 17 декември била мирна. Припадниците на српската заедница поставија барикади на неколку локации на северот на Косово, по апсењето на... Читать дальше...

Марш на црвените чадори во Скопје, одбележан 15 годишен јубилеј

SlobodnaEvropa.mk 

Сексуалните работници денеска во Скопје одржаа „Марш на црвените чадори“ по повод одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.   Маршот почна од платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ и заврши на плоштадот „Филип втрри“. „Ние, сексуалните работници, здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со нашите партнери и поддржувачи ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, ТрансФормА и Коалиција МАРГИНИ... Читать дальше...

Десетици загинати во свлечиште во Малезија

SlobodnaEvropa.mk 

Во свлечиште во Малезија загинаа 24 лица, а девет се водат за исчезнати, објавија денеска локалните власти.  Меѓу загинатите има и седум деца. Во моментот на несреќата во кампот во Батанг Кали, кој се наоѓа на околу 50 километри северно од главниот град Куала Лумпур, имало 94 лица. Земјата падна од височина од околу 30 метри претходниот ден и зафати површина од околу 1,2 хектари. Во спасувањето учествуваат повеќе од 400 луѓе со кучиња трагачи. Кампот се наоѓа на фарма за производство на органска храна... Читать дальше...

Ердоган тврди дека судот ќе ја исправи секоја грешка во случајот Имамоглу

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека судовите ќе ги исправат сите грешки во жалбениот процес, откако опозицискиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, беше осуден на затвор и забрана за политички активности. Ердоган рече дека Турците немаат право да ги игнорираат законските одлуки. Во врска со пресудата против Имамоглу, кој според Ројтерс е негов потенцијален предизвикувач на изборите, Ердоган рече дека не му е грижа кој ќе биде кандидат на опозицијата на изборите следната година. Читать дальше...

Пендаровски - Поништената пресуда за Мијалков е пораз за правната држава

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска изјави дека е „шокиран“ од одлуката на Апелацискиот суд Скопје за случајот „Таргет-Тврдина“, откако Судот одлучи да ја укине пресудата за случајот „Таргет-Тврдина” во која поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше осуден на 12 години затвор. Претседателот Пендаровски на Фејсбук напиша дека одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. „Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните... Читать дальше...

Иранските судови ја користат смртната казна за да ги запрат протестите

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 11 мажи се осудени на смрт во Исламската Република, а 24 други се соочуваат со обвиненија кои би можеле да доведат до смртна казна.  Тоа ги зголемува стравувањата од нови егзекуции, по неодамнешното бесење на двајца млади момчиња за нивното учество во протестите што го зафатија Иран. „Комитетите за линч кои се маскирани во судови им се закануваат на луѓето со смрт за да влеат страв кај демонстрантите и да го уништат движењето за слобода во земјата“, изјави Хади Гаеми, извршен директор на Центарот за човекови права во Иран (ЦХРИ). Читать дальше...

Германија го отвори првиот терминал за течен гас

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го отвори првиот германски терминал за природен гас во северниот град Вилхелмсхавен. „Неговата изградба, во рекорден период од помалку од десет месеци, по кажува дека нашата земја е способна за нови почетоци и брзина“, рече Шолц, пренесе новинската агенција ДПА. Тој беше придружуван од министерот за економија Роберт Хабек од Партијата на зелените, министерот за финансии Кристијан Линднер од Слободните демократи и премиерот на Долна Саксонија Стефан Веил од Социјалдемократите. Читать дальше...



Твитер ги враќа профилите на американските новинари

SlobodnaEvropa.mk 

Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск, објави дека ја укинува суспензијата и ги враќа профилите на американските новинари на социјалната мрежа. Тој прво ги прашал корисниците на Твитер што да прави понатаму, а 59 отсто од 3,6 милиони кои учествувале во неговото истражување на таа мрежа гласале за итно укинување на забраната. „Луѓето го кажаа своето. Ќе биде укината суспензијата на профилите што ја објавија мојата локација“, соопшти тој на Твитер. Вчера Европската унија го осуди потегот на Маск... Читать дальше...

Османи - државата е стабилна, внимателност кон намерата на „хибридните напади“

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оцени дека државата е стабилна и дека нема ризик од дестабилизација, но посочи дека се внимателни кон „намерата на овие хибридни напади“, за кои рече дека имаат цел да создадат немир и недоверба меѓу граѓаните, а потоа евентуално да се надоврзат и политички партии и други прашања. „Останува МВР да се координира со партнерските служби во регионот и да побара помош за да се откријат сторителите кои очигледно не се во Македонија“, изјави денеска Османи на брифинг со новинарите. Читать дальше...

Заев и Димитров со осуда за поништувањето на пресудата за Мијалков

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, реагираа по одлуката на Апелација за укинување на првостепената одлука за случајот „Таргет-Тврдина“, во која осуден на 12 години затвор е поранешниот шеф на Управата за безбедности и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Судот вчера одлуки случајот што се однесува на нелегалното прислушување да се врати на повторно судење. Ова е втора пресуда за половина месец со која е осуден Мијалков, а е укината од Апелација. Читать дальше...

САД ја поздравија пресудата против поранешниот командант на ОВК Мустафа

SlobodnaEvropa.mk 

САД ја поздравија пресудата на Специјалниот суд против поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Салих Мустафа, кој беше осуден на 26 години затвор за воени злосторства. Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс рече дека одлуката на Специјалниот суд од 16 декември е чекор за да му се помогне на Косово да го гарантира владеењето на правото и да се донесе правда за жртвите. „Како што рече судот, оваа одлука не е пресуда против ОВК или Косово, туку само се однесува на кривичната одговорност на обвинетиот. Читать дальше...

Анџелина Џоли повеќе нема да биде амбасадорка на УНХЦР

SlobodnaEvropa.mk 

Анџелина Џоли објави дека по повеќе од 20 години се повлекува од функцијата амбасадор во Агенцијата на Обединетите нации за бегалци. Актерката рече дека бегалците се луѓето на кои најмногу им се восхитува во светот и дека сега ќе го насочи своето време на работа со организациите на „луѓето најпогодени од конфликтот“. 47-годишната Џоли е позната по својот активизам. Таа соработува со УНХЦР од 2001 година, а во 2012 година беше назначена за специјален пратеник. Пишувајќи на Инстаграм, Џоли рече... Читать дальше...

Германските болници преполни со пациенти

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на заразени или болни луѓе во Германија достигна историски нивоа, според единиците за интензивна нега во земјата. „Стапката на заболување на населението е исклучително висока во моментов, никогаш не сум доживеал вакво нешто“, изјави Кристијан Карагианидис, претседател на Германското друштво за внатрешна интензивна нега и итна медицина, за саботното издание на весникот Рајнише пост, пренесе ДПА. Карагианидис рече дека во многу региони речиси сите кревети за интензивна нега се зафатени,... Читать дальше...

МВР формира посебен штаб поради дојавите за бомби

SlobodnaEvropa.mk 

Во МВР е формиран посебен штаб поради дојавите за бомби во изминатиов период, а се очекува да се свика и Советот за координација на кој што ќе се разговара од аспект на националната безбедност, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.  „Очекувам да се свика и Советот за координација на којшто ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Ангецијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел. Бидејќи ако дојавите... Читать дальше...

Времето денеска дождливо и ветровито

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно време се очекува денеска со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Швентек и Соболенко устроили триллер за престижный трофей






Делегации из 25 субъектов РФ посетят российско-китайский форум в Харбине

Решетников — на выход, а Шойгу и Лавров — задержитесь. Кого мы не увидим в новом составе Правительства России?

Скорость движения снизилась до 60–90 километров в час на трассе М-11 «Нева»

Путин назвал работу в ЕАЭС выгодной для стран-участниц