Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2023

Новости за 03.05.2023

Државниот Испитен Центар продолжува со штрајк

SlobodnaEvropa.mk 

Синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) го продолжува штрајкот почнат минатиот вторник затоа што не добиле согласност од Министерството за финансии за нивниот колективен договор со кој ќе им бидат зголемени платите. Повикаа Министерството сериозно да ги сфати и до петок да добијат позитивен одговор затоа што, во спротивно, ќе мора да се менува календарот за сите процеси за кои е надлежен ДИЦ и датумите за полагање на државната матура која треба да почне на 27 мај. Емилија Бошковска, претседателка... Читать дальше...

Постигнат договор за намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Операторите од Западен Балкан и земјите од Европската унија постигнаа договор со кој се намалува јазот помеѓу роамингот и домашните трошоци за користење на податоците во двете насоки, соопшти Европската комисија. Доброволниот договор постигнат меѓу 38 телекомуникациски оператори од ЕУ и земјите од Западен Балкан, воведувањето ограничувања на цените се очекува да ги намали цените за роаминг на податоци за потрошувачите кои патуваат меѓу ЕУ и регионот за најмалку една третина од сегашните просечни податоци цени за роаминг. Читать дальше...

Хил: Земја која има проблем со корупција, има лоши институции

SlobodnaEvropa.mk 

Актуелниот амбасадор на САД во Србија и поранешниот во земјава, Кристофер Хил вели дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и дека процесот за остварување на таа цел е одговорност на политичките лидери тука. Според него отворените прашања во регионот треба да се решаваат на мирен начин, бидејќи последиците ги чувствуваат сите други

Асоцијација за цистична фиброза: Битката за „трикафта“ ќе продолжи се додека не ја добие и последниот пациент

SlobodnaEvropa.mk 

Битката за„трикафта“ ќе продолжи се додека не ја добие и последниот пациент и да се подразбира сите новородени да си ја добиваат терапијата без вакви борби и протести. Ова беше кажано на денешниот протест на Асоцијацијата за цистична фиброза пред Министерството за финансии. „Зборувавме со секторот за буџетирање, ги кажавме нашите барања. Тоа се да има системско решение за лекот, да нема застој. Тоа што го добивме од нивна страна е дека на 25 април со одлука на Влада, поминало дека ќе се покријат тие што се во тешка и во средна состојба. Читать дальше...

„Репортери без граници“ - Со дезинфомации и непрофесионализам до недоверба во медиумите

SlobodnaEvropa.mk 

Во Северна Македонија новинарите не работат во непријателско опкружување, но поради дезинформациите и недостигот на професионализам опаѓа довербата на јавноста во нив, што ги изложува независните медиуми на закани и напади, наведува во својот извештај „Репорери без граници“. Годинава има скок во рангирањето, но тоа не треба да не залажува, велат од новинарските организациии.

Турска пејачка доби условна казна поради шега за верските училишта

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Истанбул одреди 10-месечна условна казна на турската поп пејачка Ѓулсен, откако ја осуди за „поттикнување омраза и непријателство“ поради шега за турските верски училишта. Кантавторката минатата година беше накратко затворена поради шега што ја направи на концерт, кога рече дека еден од нејзините музичари е „перверзник“ затоа што посетувал верско училиште. Четириесетгодишната пејачка, чие име е Ѓулсен Чолаколу, беше затворена пет дена, а подоцна помина 15 дена во домашен притвор и покрај тоа што се извини за нејзините зборови. Читать дальше...

Израел и палестинските вооружени организации во Појасот Газа се согласија на прекин на огнот

SlobodnaEvropa.mk 

Израел и палестинските вооружени организации во Појасот Газа се согласија на прекин на огнот, според извештаите на медиумите, по ескалацијата на насилството во вторникот предизвикана од смртта на истакнат член на Исламски џихад за време на штрајк со глад во израелски затвор. Прекинот на огнот стапи на сила во средата во 3:30 часот по локално време, благодарение на посредништво на претставници на Египет, Катар и на ОН. Портпаролот на Исламскиот џихад Тарик Селми изјави дека судирите престанале. Читать дальше...

Осум ученици и еден чувар убиени во пукање во училиште во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Осум деца и еден чувар загинаа во престрелка во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, соопшти српската полиција. Шест деца и еден наставник се ранети и хоспитализирани во Ургентниот центар и Тиршова. Во училишниот двор е пронајден и уапсен ученикот од ова училиште К.К.(14), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело, соопшти полицијата без да ги наведе мотивите за пукањето. МВР претходно соопшти дека ученик од седмо одделение испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот... Читать дальше...

Маврово - бетонска џунгла

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 900 парцели со вкупна површина од над два милиони метри квадратни со одлука на поранешната Влада на премиерот Никола Груевски е дозволено од ниви, ливади и пасишта да станат градежна парцела во Маврово. Оттогаш, ни локалната нити централната власт, иако ветуваа пред избори, не и застанаа на патот на бетонизацијата на Маврово со што личните интереси и натаму се над јавниот интерес, заштита на Националниот парк Маврово.

Во Судан договорен седумдневен прекин на огнот

SlobodnaEvropa.mk 

Завојуваните судански воени фракции постигнаа начелен договор за седумдневен прекин на огнот, објави Јужен Судан, додека пукотниците и воздушните напади во главниот град Картум го нарушија последното во серијата краткотрајни примирја договорени од двете страни, пренесува Ројтерс.  Претходните прекини на огнот теоретски се движеа од 24 до 72 часа, но беа постојано прекршувани во конфликтот што избувна во средината на април меѓу армијата и паравоените сили. Министерството за надворешни работи... Читать дальше...

Ученик во училиште во Белград убил 8 ученици и еден обезбедувач

SlobodnaEvropa.mk 

Ученик од седмо одделение во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград пукал во обезбедувањето и учениците, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Притоа, убил 8-мина ученици и лицето за обезбедување. 6 ученици и еден анставник биле ранети.  „Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, пукал од пиштолот на неговиот татко, велат од Министерството. ... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

После победы в Мадриде Рублев поднялся с 8-го на 6-е место в рейтинге ATP






Итоги опроса о главном спортивном событии подвели в Подмосковье

Baza: москвички сломали ребенку грудной позвонок, требуя освободить качели

В Самарской области стартовал чемпионат по профессиональному мастерству «Абилимпикс»

В Таиланде стартовали съемки фильма ON с Юлией Пересильд в главной роли