Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2023

Новости за 21.05.2023

Партијата на Мицотакис победува на изборите во Грција, но нема мнозинство

SlobodnaEvropa.mk 

Грчката владејачка партија Нова демократија убедливо води на парламентарните избори кои се одржаа на 21 мај, но не го достигна цензусот потребен за самостојно да формираат влада, јавува Ројтерс. Според преброени нешто повеќе од 82 отсто го гласовите, конзервативната Нова демократија освоила 40,8 отсто од гласовите, победувајќи ја радикалната левичарска партија Сириза, која владееше од 2015 до 2019 година, со 20,1 отсто од гласовите. Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова... Читать дальше...

Ерупција на вулканот Етна, прекинати летовите од Катанија

SlobodnaEvropa.mk 

Најактивниот вулкан во Европа, Етна еруптираше денеска и исфрли пепел врз Катанија, најголемиот град во источна Сицилија, што предизвика прекин на летовите на аеродромот во градот. Аеродромот, кој се наоѓа јужно од Етна, соопшти дека поради падот на пепелта употребата на пистата е ризична. „Летовите ќе продолжат кога ќе има безбедносни услови за тоа“, напишаа од аеродромот на Фејсбук. Луѓето во Катанија и блискиот град Адрано споделија фотографии од автомобили и патишта покриени со пепел. Нема извештаи за штета или повредени. Читать дальше...

Италијанската премиерка во посета на поплавените области

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанската премиерка Џорџа Мелони на 21 мај ги посети поплавените подрачја во северна Италија, откако го прекина својот престој на самитот на Групата најразвиени светски економии (Г7) во Јапонија. Нејзиниот авион околу ручек слетал во градот Римини на Јадранско Море и таа веднаш почнала да ги посетува градовите во регионот Емилија - Ромања, каде во поплавите загинаа 14 лица, а причинета е материјална штета од неколку милијарди евра. Околу 36.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови... Читать дальше...

Ескобар очекува спроведување на договорот меѓу Србија и Косово до крајот на летото

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, оцени дека договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е „огромно достигнување“ и дека претставува „историски чекор напред“ во развојот на односите меѓу Србија и Косово. Во интервју за црногорската новинска агенција Мина, Ескобар изјави дека „не гледа причина“ зошто договорот за преостанатите прашања не може да биде склучен до крајот на летото, пренесува Бета. Во Србија, како што наведе... Читать дальше...

Германската полиција истражува мистериозна болест на руски дисиденти

SlobodnaEvropa.mk 

Германската полиција на 21 мај соопшти дека истражува случај за можно труење на руски дисиденти во Берлин, откако новинар и активистка пријавиле здравствени проблеми по учеството на конференција во Берлин во април, соопшти германската полиција. Во изјава за РСЕ, покраинската полиција на Берлин го потврди претходното известување на германскиот весник Ди Велт дека полицијата гo истражува случајот за можно труење што го пријавиле две лица кои учествувале на конференцијата на 29 и 30 април. Двајца... Читать дальше...

Бајден ги покани лидерите на Јапонија и Јужна Кореја во Вашингтон

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден, кој престојува во јапонскиот град Хирошима на Самитот на Групата седум најразвиени економии (Г7), денеска ги покани јапонскиот премиер Фумио Кишида и јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол на уште една средба во Вашингтон, по нивната трилатерлана средба на маргините на Самиот на Г7, изјави американски официјален претставник. „Лидерите разговараа за тоа како да ја издигнат нивната трилатерална соработка на ново ниво, вклучително и за нова координација во соочувањето... Читать дальше...

Пешевски: Нема цена што ќе натера градежен работник да работи 60 часа неделно

SlobodnaEvropa.mk 

ССМ ќе ја оспори законската одлука со која работната недела би траела повеќе од 40 часа, уверува претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски. Во неделното интервју за РСЕ, тој порачува дека имаме доволно домашни работници за изградба на автопатите и нема потреба да увезуваме.

Пешевски: Владата води социјален монолог

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе размислиме дали ќе присуствуваме на следните седници на Економско-социјалниот дијалог бидејќи Владата игра задкулисно и сето тоа што сме го договориле на маса, таа го изигрува преку закони донесени по брза постапка, вели потпретседателот на ССМ Иван Пешевски.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Ига Свёнтек

«Ну и кто сказал, что женский теннис — это скучно?» Свёнтек — после матча с Соболенко






Патрулирование пожароопасных участков лесов провели в Подмосковье

На Светлой седмице в московских храмах пройдут мероприятия фестиваля «Пасхальный дар»

Анна Данилова дала старт Всероссийской акции "Синий платочек Победы" 2024 на станции метро Курская

Разворот на Восток