Претседателот на Европскиот Совет го осуди нападот врз холандскиот новинар
Нападот врз холандскиот новинар, кој беше тешко ранет од огнено оружје, е злосторство против новинарството и напад врз вредностите на Европската унија (ЕУ), изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
"Тоа е злосторство против новинарството и напад на нашите вредности на демократијата и владеењето на правото. Ние продолжуваме да ја браниме слободата на медиумите", рече Мишел на Твитер.
Питер Р. де Врис, е познат холандски новинар кој се занимава со теми поврзани со криминал бил нападнат неколку минути по појавувањето во ТВ-емисија. Медиумите објавија, цитирајќи очевидци, дека 64-годишниот новинар и ТВ-презентер бил застрелан пет пати, вклучително и еднаш во главата.
Во Холандија, познат новинар тешко ранет од огнено оружје
50 убиени новинари, две третини во земји кои не се во војна
Новинарот, кој е и телевизиски водител е позната фигура во Холандија поради неговата улога во расветлување на неколку криминални скандали. Де Врис редовно се појавува како портпарол на жртвите или е меѓу клучните сведоци во судските процеси.
Полицијата соопшти дека се уапсени три лица, меѓу нив и осомничениот стрелец, но не даде детали за можните причини за нападот.