Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2021

Авганистански војници прераспределени по тешка борба со талибанци

0
Авганистански војници прераспределени по тешка борба со талибанци

Авганистанската влада соопшти дека преместила стотици војници во главниот град на провинција во северозападен Авганистан за да ја зајакне својата позиција. До ова дојде откако владата претходно тврдеше дека успеала да се спротивстави на нападот кој го извршиле талибански милитанти.

Министерството за одбрана соопшти дека операциите во западниот град Кала-е Нау, главниот град на провинцијата Бадгис се забрзале. Во нивното соопштение е наведено дека во воздушните напади во различни делови на Кала-е-Нау биле убиени 69 талибански борци и ранети други 23 лица.

Но, се уште е нејасно дали е целосно одбиен големиот напад на талибанците, затоа што локалните жители за медиуми тврдат дека борбите се уште траат во областа. Тоа беше прв напад на талибанците врз главниот град на провинцијата во Авганистан откако водеа голема офанзива против авганистанските сили, бидејќи повлекувањето на американските трупи од земјата е при крај.

Овој напад се случи во моментот кога авганистанските власти вложуваат напори да ги повратат сите области изгубени од талибанците и покрај повлекувањето на американските трупи.

Состанок на делегациите на авганистанската влада и Талибанците во Техеран

Американската армија соопшти дека е завршено 90 насто од повлекувањето од Авганистан

​Според последните податоци од Белата куќа повлекувањето на американските војници е 90 проценти завршено. Американските сили предадоа седум објекти на авганистанското Министерство за одбрана по одлуката на претседателот Џо Бајден да ја повлече војската по скоро две децении во земјата.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Новак Джокович

Теннисист Джокович раздавал автографы в шлеме после попадания бутылкой в голову






Роскошь по-советски: история создания самой популярной люстры СССР «Каскад»

Бурятский госцирк представил новое руководство: Театр и цирк, Россия и культура, дети

Председатель Госдумы Володин: надо перестроить работу Министерства спорта

Налоговая система РФ будет трансформирована, обсуждение вопроса стартует 20 мая