Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2021

Уапсени пет лица за расистичките навреди кон англиските фудбалери

0
Уапсени пет лица за расистичките навреди кон англиските фудбалери

Британската полиција денеска уапси пет лица за расистички навреди на англиските фудбалери на социјалните мрежи, по поразот во финалето на Европското првенство.

Маркус Рашфорд, Јадон Санчо и Букајо Сака беа мета на нападите, откако не ги реализираа пеналите во финалето на Европското првенство по што Англија беше поразена од Италија.

Началникот на полицијата Марк Робертс изјави дека злоупотребата е „крајно подла“.

„Ако откриеме дека стоите зад ова злосторство, ќе ви влеземе во трага, ќе ве пронајдеме и ќе се соочите со сериозни последици за вашите срамни постапки“, рече тој, пренесува Би-Би-Си.

Борис Џонсон го осуди расизмот насочен против фудбалските репрезентативци

Италија во финалниот натпревар на Европското првенство ЕУРО 2020 ја победи Англија со 3:2 на пенали, откако натпреварот во регуларниот дел и по продолженијата заврши нерешено 1:1.

На социјалните мрежи веднаш се појавија расистички навреди на сметка на тројцата репрезентативци.

Претходно и Англиската фудбалска асоцијација објави соопштение во кое вели дека е „згрозена од одвратното однесување“.




Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus




Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Казахстан узнал еще одну печальную новость после сюрприза Рыбакиной






«Лучше ты умрешь!» Семья убитой в Турции москвички проклинает ее мужа

В РПЛ сменился лидер турнирной таблицы

Под Москвой пассажирский поезд задавил подростка

"Динамо" обыграло "Балтику", дважды забив в компенсированное время