Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2022

Штафетата на олимпискиот оган пред ЗОИ ќе трае само три дена

0
Штафетата на олимпискиот факел за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг ќе трае само три дена поради загриженост од ширење на коронавирусот, соопштија организаторите.



Како што наведуваат, штафетата низ Пекинг ќе помине од 2 до 4 февруари, а олимпискиот пламен ќе биде изложен само во затворени простори кои се сметаат за „безбедни и контролирани“.



Учесниците на штафетата ќе бидат подложени на здравствени прегледи и внимателно ќе се следат, почнувајќи две недели пред почетокот на церемонијата.



Пекинг ја пријави првата локална инфекција со омикрон сојот на коронавирусот на 15 јануари, а 11 случаи беа потврдени во главниот град до вчера попладне, објави државната новинска агенција Синхуа.



Поставен „здравствен меур“ околу местото на одржување на ЗОИ во Пекинг


Зимските олимписки игри во Пекинг почнуваат на 4 февруари со свечена церемонија која ќе биде одржана на прочуениот стадион Птичјо гнездо, кој беше користен и за церемонијата на отворање на Олимписките игри во 2008 година. Натпревари ќе бидат организирани сè до церемонијата за затворање на 20 февруари.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса