Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2022

Уставен - На изградба на автопатите работниците нема да работат по 60 часа неделно

0
Работниците кои работат на изградба на автопатите од Коридор 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно, откако Уставниот суд го укина член12 од Законот за партнерство со турско-американскиот конзорциум „Бехтел и Енка”. Уставен смета дека овој член е штетен за работниците, односно со него се повредува правото на дневен и неделен одмор и е спротивен на членот дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите.


Иницијативата пред Уставен суд ја поднесоа здружението за работнички права „Гласен Текстилец“, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Синдикат за градежништво, индустрија и програмирање на Република Македонија (СГИПРМ).



Претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип, Кристина Ампева ја поздравува одлуката на Уставниот суд. Според Ампева, пресудата е во полза на работниците и во корист на нивните права.


Од ССМ велат дека Уставен суд одлучи во корист на работниците.

Коридор 8 е делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, а Коридорот 10 е делница на автопатот Прилеп – Битола.



Автопати во четири очи го зголемуваат ризикот од корупција


Законот за изградба на автопати без тендер со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка беше донесен на 15 јули минатата година.



Законот беше донесен со 55 гласови за, и ниту еден против или воздржан. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаше одредени забелешки на законот, но не гласаше против.


Законот предвидува директни преговори за изградба на автопатите по принципот „клуч на рака“ - од физибилити студија, проект до целосна изведба.


Во владата постојано повторуваат дека овој начин на изградба ќе ги даде најбрзите и најоптимални резултати.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса