Две седмици од исчезнувањето на Мартин на Халкидики, потрагата продолжува
Спасувачите волонтери и денеска продолжуваат со потрагата во поширокиот дел на Халкидики и во Егејското Море за пронаоѓање на Мартин, кој пред точно две седмици, во саботата на 9 јули исчезна кај Посиди на првиот крак, откако со двајца пријатели влегле во морето и му се загуби секаква трага.
Од волонтерскиот спасувачки тим ОФКАТ изјавиле дека во потрагата се вклучува и авион од аеро- клубот во Солун, кој денеска ќе го прелета и делот околу Еврос и островот Тасос.
Претседателот на грчкиот волонтерски спасувачки тим Христос Рамос во четвртокот, рече дека „нема да запрат сè додека не го најдат Мартин“.
Во средата, откако добиле информација со фотографија од костим за капење- шорцеви, сличен на оној на Мартин, најден во близина на Катерини, потрагата на спасувачите од ОФКАТ се префрли во тој дел на Грција, меѓутоа без резултат.
Прнајден жив уште еден од исчезнатите во морето на Халкидики
Не успеаја да го најдат костимот за капење, иако го пребараа цел дел, а за жал човекот кој го фотографирал не го земал.
Спасувачката акција започна во попладневните часови на 9 јули кога тројцата државјани на Северна Македонија влегле во морето на плажата Мити во Посиди на првиот крак на Халкидики, а поради лошото време се нашле во беспомошна ситуација и се оддалечиле од брегот.
Еден од тројцата пријатели, 25-годишниот Васил беше спасен истиот ден по поминати околу два часа во вода, додека пак ден подоцна, по околу 20 часа во морето беше пронајден и 30-годишниот Иван, потрагата по третиот пријател, Мартин, продолжува веќе две седмици.
Официјалната потрага на Крајбрежната служба на Грција заврши минатиот четврток на 14 јули, а акцијата продолжи од волонтерски спасувачки тимови.