Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2022

Девет бебиња кои го собороија Гинисовиот рекорд се вратија дома

0
Бебињата кои го соборија Гинисовиот рекорд за најголем број родени и преживеани бебиња при едно раѓање сега се наоѓаат во нивниот дом во Мали откако ги поминаа првите 19 месеци од својот живот во Мароко, пишува Би-Би-Си. 


Пет девојчиња и четири момчиња се родени со царски рез во 30-та недела, а лекарите во Мали првично мислеле дека се седум бебиња. При раѓањето, бебињата тежеле од половина до еден килограм. 


Пред породувањето во мај минатата година, мајката Халима Сисе, која сега има 27 години, беше префрлена во Мароко на специјализирана нега. Пред да се вратат во Мали, им беше укажна медицинска помош во Казабланка.


Првите месеци бебињата ги поминаа во болница поради ризици да добијат здравствени проблеми од предвремено породување. Потоа биле преместени во стан каде што добивале постојана нега.




Според Гинисовата книга на рекорди, петорките се исклучително ретки, а досега не е забележан ниту еден случај сите девет бебиња да преживеат повеќе од неколку часа.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса