Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2022

Аргентина ја победи Хрватска и е прв финалист на мундијалот во Катар

0
Аргентина со 3:0 ја победи Хрватска и се пласираше во финалето на светското фудбалско првенство кое се одржува во Катар. Првиот гол го постигна Лионел Меси од пенал. Стрелец на вториот и третиот гол беше Хулијан Алварез. Кој ќе биде противник на „гаучосите“ ќе се знае утре по натпреварот на Мароко и Франција.


Меси стана најстар стрелец на пет гола на еден мундијал, но притоа го урна и рекордот на легендарниот Габриел Батистута по број на погодоци за Аргентина.




На Аргентина ова ќе и биде шесто финале на светските мундијали. Хрватска трет пат ќе се бори за медал после бронзата во 1998 и среброто во 2018 година. Натпреварот за трето место е закажан в сабота, а финалето се игра в недела.

 



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса