Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Декабрь
2022

Вучевиќ: најавата за насилно отстранување на барикадите е општа закана за Србите

0
Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ денеска изјави дека најавата на косовскиот премиер Албин Кури дека по секоја цена ќе ги отстрани барикадите на северот на Косово е „општа закана за Србите, особено на оние кои живеат на Косово и Метохија, и закана за Србија. „Ваквата изјава е опасна затоа што покажува дека Курти не се откажува од спроведување терор врз Србите, насилство и постигнување на крајната цел – Србите да ги напуштат своите огништа. Курти сака да претстави дека само тие бариери се проблем, а дека сè друго е идеално, па кога тие ќе ги отстранат, без разлика колку луѓе треба да страдаат од едната и од другата страна, потоа се ќе биде идеално“, изјави Вучевиќ.


Во текот на ноќта се слушнале детонации во Митровица


Тој додаде дека до сега „немало никакви физички контакти и дека немало напади врз српската заедница“ и додаде дека Србите од северот на Косово 12 дена демократски се борат за своите права блокирајќи ги патиштата. Тој порача и дека Србија ќе направи „сè што е во нејзина моќ“ за да се надмине кризата.



Moscow.media
Частные объявления сегодня





Rss.plus
















Музыкальные новости




























Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса