Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
Дневник online
Июнь
2017
1 2
3
4
5 6 7 8 9 10
11
12 13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Новости за 02.06.2017

Лука Циндриќ во последните секунди ги сруши Барселона и Лазаров

Дневник online 

Вардар влегува во историјата на европскиот ракомет како клуб кој ќе игра во едно финале од фајнал-форот, откако како дебитант во Келн со 26-25 ја совлада Барселона, најтрофејната екипа во Лигата на Шампионите. Во финалето утре скопјани ќе играат против моќниот ПСЖ.

Немам намера да се повлекувам како победник на изборите

Дневник online 

Немам намера да се повлекувам како победник на овие избори, како човек што ја доби довербата од најголем број на граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто за телевизијата „Алфа“.Сепак тој најави измени во највисоките тела на партијата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат на денешната собраниска седница

Дневник online 

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ денеска нема да учествуваат во работата на Собранието поради нападот со гасен пиштол над доскорешниот пратеник и министер за здравство Никола Тодоров.

За 16 години пратенички стаж Ахмети само еднаш се обратил во Собранието

Дневник online 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ни на прексиноќешната седница за избор на новата влада предводена од Зоран Заев не излезе на говорница да ја поздрави владината програма, ниту упати пофалби или критики за претходниот владин состав, иако беше владин партнер на Никола Груевски и сега на Заев. Ахмети избегна соочување и со политичкиот опонент, лидерот на Движењето Беса, Билал Kасами.

Обезбедувањето и среќата го спасиле Тодоров од убиство

Дневник online 

Само среќа и реакцијата на обезбедувањето го спасиле од сигурна смрт поранешниот министер за здравство Никола Тодоров кога Љупчо Стојановски (60) од велешкото село Долно Kаласрали испукал два куршума од пиштол вчера напладне пред скалите на Министерството за здравство. Напаѓачот веднаш бил совладан од обезбедувањето на Тодоров, а пиштолот му бил одземен. Стојановски е дедо на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која почина од сколиоза во 2015 година.

Собранието го укина екстерното тестирање, локални избори во октомври

Дневник online 

Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од продолжението на четвртата седница ги донесе измените на Изборниот законик со што се овозможи одржување на локалните избори во првата половина на октомври и продолжување на мандатите на градоначалниците.

Хилари Kлинтон сега ги обвинува македонските портали за својот изборен пораз

Дневник online 

Тамам помисливме дека по сите предизборни скандали, истраги и по изборниот пораз искусната американска демократка и кандидат за претседател Хилари Kлинтон барем некое време ќе направи пауза за да ги сумира впечатоците и да направи нова стратегија за напад на омразениот ривал, претседателот Доналд Трамп, таа повторно се појави со стариот наратив, погласна од кога и да е, и овој пат внесе нов пресврт во приказната и како виновник за својот изборен неуспех, покрај Русија, ги прогласи, ни помалку ни повеќе... Читать дальше...



Атентаторот го чекал првиот ден на СДСМ на власт

Дневник online 

Обидот за убиство беше недвосмислен, свиреп и со умисла. Пукано е од непосредна близина во главата на Никола Тодоров. Присебноста и брзата реакција во дел од секундата го спасија Тодоров од првиот испукан куршум, а реакцијата на полицијата од вториот испукан куршум, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по нападот со гасен пиштол над доскорешниот министер за здравство и партиски функционер, Никола Тодоров.

Новости России
Москва

Антисанитария в службах доставки: токсиколог Кутушов рассказал, почему опасно заказывать еду



Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Теннисистка Андреева заявила, что хочет войти в топ-20 рейтинга WTA ради собаки






Крестьянин или князь: откуда идет род семьи Путина

Россия и Аргентина договорились о поставках инсулина и водки

В Москве над Калужским шоссе возник смерч

Детский лагерь в Лосино-Петровском готов к старту летнего сезона