Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2021

Новости за 17.05.2021

Од јуни вакцинација во Германија за сите заинтересирани

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска рече дека постојниот систем на давање предност на најзагрозените групи да се вакцинираат први нема да важи по седми јуни за кога земјата планира да почне со вакцинација на сите заинтересирани. Министерот прецизираше дека тоа нема да значи дека секој ќе добие термин тие денови, но значи дека секој што сака да се вакцинира ќе може. Шпан додаде дека се интензивира кампањата за вакцинација и дека очекува оти до крајот на мај 40 отсто од населението да има примено барем една доза вакцина. Читать дальше...

Израел уби палестински командант

SlobodnaEvropa.mk 

Израел соопшти дека во воздушните напади убиле висок палестински воен командант во Газа и уништиле тунели кои ги користеле милитантите од Хамас за ракетни напади врз израелски градови. Израелската војска наведе и дека нивните воени авиони извршиле акција на силни воздушни напади во појасот Газа денеска уништувајќи 15 километарски тунели. Израел ги продолжува воздушните напади врз Газа Во одделен напад е убиен Хасем Абу Харбид, командант на исламската џихадистичка милитантна група во северна Газа. Читать дальше...

Процес Брдо-Бриони: итни преговори на ЕУ со Скопје и Тирана

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на седум балкански земји денеска во Брдо кај Крањ во Словенија се сретнаа на состанок од процесот Брдо-Бриони. Усвоија и заедничка декларација во која се повикува Европската унија да ги забрза преговорите со земјите кандидатки за зачленување.

По промените во СДСМ, нема да има промени и во владата

SlobodnaEvropa.mk 

Извршната власт е бирана од Парламентот и нејзините претставници заслужија да добијат шанса. Тие се околу 8,5 месеци министри, раководители и слично имајќи во предвид дека Владата е бирана лани на први септември не би требало да има измени. Ова го порача премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање, дали по конгресот на СДСМ треба да очекуваме промени во извршната власт. Лукаревска заменик претседател на СДСМ, нови потпретседатели Филипче и Битиќи Во партиските раководни... Читать дальше...

Голем интересот за вакцинација во Битола

SlobodnaEvropa.mk 

Над 1000 луѓе се вакцинираат дневно во Регионалниот вакцинален пункт во Битола. На закажаниот термин доаѓаат над 95 отсто од луѓето. Освен битолчани, во регионалниот пункт се вакцинираат и жителите на соседните општини Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево и Ресен.

Борел очекува лидери од Западен Балкан да му го престават своето видување за регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел очекува на утрешната вечера во Брисел, лидерите од Западен Балкан да му ги презентираат своите ставови за политичката состојба и развојот во регионот, изјави портпаролот на Европската комисија Петер Стано. Тој така одговори на прашањето на агенцијата Бета на брифинг со новинарите во Европската комисија, за тоа што точно очекува Борел да слушне од лидерите во регионот и која е неговата порака до нив, имајќи предвид дека високиот... Читать дальше...

ЕУ бара од Русија да го укине законот за странски агенти

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија побара од Русија да го укине контроверзниот закон за странски агенти кој се користи против медиуми на руски јазик меѓу кои и Радио Слободна Европа. Денешниот повик на ЕУ, кој дојде преку портпаролот на шефот на европската дипломатија Џозеп Борел, следува откако руските власти го проширија опфатот на законот донесен пред девет години и ја засилија неговата примена. Мината недела судски извршители од Москва почнаа со процес за запленување на имотот на сервисот на РСЕ во рускиот главен град... Читать дальше...

Нови 27 заразени со ковид, 19 починати

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на Ковид19. Од нив во Скопје-19, Прилеп, Штип и Виница по двајца, Струга и Кочани по еден. Пријавени се вкупно 19 починати лица, најмладиот на 46 години, а највозрасниот на 85 години. Од починатите четворица се починати во домашни, а останатите 15 лица во болнички услови.Регистрирани се 192 оздравени пациенти. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.



Заев: ако сакаме да растеме неопходно е земјиштето да биде во сопственост на инвеститори

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на лозовиот насад Тиквеш кај месноста „Бабуна“ во Велес, изјави дека земјоделството не може да се развие дополнително без продажба на државните површини, во одговор на новинарско прашање во врска со продажбата на земјоделско земјиште и најавите од опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира законот. „Лесно е да блокирате важно е да партиципирате и дадете прилог во нешто. Ваквите инвестиции што се прават во земјоделството ниту една банка не ги зема гаранциите... Читать дальше...

Јанковиќ: Луѓето од ЛГБТ заедницата не смеат да бидат дискриминирани

SlobodnaEvropa.mk 

Припадниците на ЛГБТ заедницата и натаму се соочуваат со проблеми во остварувањето на своите права како „социјална дистанца, омаловажувања, па дури и насилството“, поради што треба да бидат продолжени активностите за подобрување на нивната позиција, изјави денеска српската комесарка за заштита на еднаквоста Бранкица Јанковиќ.  По повод одбележувањето на Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, таа посочи дека ЛГБТ граѓаните не смеат да бидат дискриминирани поради нивниот родов идентитет или сексуалната ориентација. Читать дальше...

Рускиот суд го одложи рочиштето за организациите на Навални

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот суд го одложи рочиштето за случајот против политичката мрежа на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, со цел да утврди дали неговата организација треба да биде прогласена за „екстремистичка“, објави редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик. Се очекуваше Градскиот суд во Москва денеска да донесе одлука по предлогот на обвинителството три организации поврзани со Навални да бидат означени како „естремистички.“  Станува збор за Фондацијата за борба против корупција (ФБК)... Читать дальше...

Таџикистан: Стотици патници чекаат летови кон Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици патници неколку дена се блокирани на аеродромите во двата најголеми градови на Таџикистан, откако летовите кон Русија на авиокомпанијата „Северни Ветер“ беа ставени во мирување. Мирој Азизов, претставник на авиокомпанијата во централноазиската земја, за РСЕ денеска изјави дека Државната агенција за цивилно воздухопловство на Таџикистан ја повлекла лиценцата на компанијата со седиште во Москва за вршење летови со големи авиони до и од меѓународните аеродроми во Душанбе, главниот град, како и во вториот по големина град во земјата... Читать дальше...

ОН - Работа од 55 часа неделно го зголемува ризикот од предвремена смрт

SlobodnaEvropa.mk 

Извештај на Обединетите нации покажува дека ризикот од предвремена смрт од срцеви заболувања и од мозочен удар е поголем кај луѓето кои работат повеќе од 55 часа неделно. Студијата на Светската здравствена организација на ООН (СЗО) и на Меѓународната организација на трудот (МОТ) е објавена на 17 мај во списанието „Енвајрмент интернешнл“ и претставува прва глобална проценка на ризиците врз животот и здравјето, поврзани со долгото работно време.  Студијата, која се фокусира на претпандемиските години (2000-2016)... Читать дальше...

Секуловски: Kампањи на Владата се правен, политички и етички проблем

SlobodnaEvropa.mk 

Извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски вели дека огласите на Владата за кампањите од јавен интерес за вакцинација и за спречување на корупција се проблематични од три аспекти. Според него, Владата ветила дека нема да има јавни кампањи, а сега со огласите го прекршува дадениот збор. Медиумските професионални организации, како што порачува се против платени јавни кампањи во приватните медиуми.

Опаѓа бројот на хоспитализирани од Ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во ковид центрите и во болниците во главниот град Скопје и во другите градови низ земјата во изминативе 24 часа се лекувале 490 пациенти позитивни или суспектни на Ковид-19, информира Министерството за здравство. Во моментов има 750 празни болнички кревети. Бројот на новозаболени и хоспитализирани од Ковид-19 периодов опаѓа. Во Скопје во изминатотот деноноќие биле хоспитализирани шест лица поради компликации од болеста, со што на инфективните одделенија во главниот град се лекуваат вкупно 204 лица. Читать дальше...

Можност за нов поткуп на медиуми преку платени владини кампањи

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секратаријат на Владата месецов објавил три тендери за спроведување на кампањи за вакцинација и за спречување на корупција, но и за испитување на мислењето на граѓаните за владините политики и нивното спроведување. За оваа намена ќе се издвојат речиси 600 илајди евра.

СЗО - Недостаток на ковид тестирања во Индија

SlobodnaEvropa.mk 

Индија денеска забележа пад на нови случаи на инфекција со коронавирус, иако дневниот биланс на смртни случаи е над 4.000, пренесува Ројтерс. Но, експертите предупредуваат дека бројките веројатно се неверодостојни поради недостаток на тестирања во руралните области, каде што вирусот се шири брзо. Веќе со месеци ниту еден дел од светот не е погоден од пандемијата како Индија. Новиот вид на вирусот во земјата поттикна зголемување на бројот на заразени, а дневниот број на нови случаи достигна повеќе од 400.000.  Ковид 19... Читать дальше...

Становите во Ѓорче Петров, Гази Баба и Охрид поскапеле за над 10 отсто во пандемијата

SlobodnaEvropa.mk 

Во ек на кризната 2020 година се зголемува продажбата на станови, а паралелно со тоа расте и цената на станбениот простор. Најголемо поскапување во првата половина од минатата година имало во скопските општини Ѓорче Петров и Гази Баба, но и во Охрид.

Новости России
Москва

Композитор Классической музыки Сергей Брановицкий представляет произведения классической музыки.


Може ли Запад да осмисли алтернатива на кинескиот „Појас и пат“?

SlobodnaEvropa.mk 

Големиот потфат - кој Си Џинпинг го нарече „проект на векот“ - стана столб на кинеската надворешна политика и стратешка алатка за Пекинг, бидејќи ги продлабочи партнерствата и го зголеми кинеското влијание во тој процес. Пишува Рид Стендиш

Британија размислува дали да ги вакцинира олимпијците

SlobodnaEvropa.mk 

Британската влада сè уште не одлучила дали ќе ја прифати понудата на Фајзер за брзо да ги вакцинира своите олимпијци и параолимпијци против Ковид-19, пред почнувањето на натпреварувањето во Токио ова лето. Досега Британците вакцинираа само лица над 38 години, иако од следната недела ќе се вакцинираат и лица над 35 години, додека помладите вакцината ќе ја примаат само доколку имаат некакви претходни болести. „Тоа е чувствително прашање, бидејќи филозофијата се базира на возраста и се покажа како вистинска работа. Читать дальше...

Судски случај во Москва против политичката мрежа на Навални

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот суд денеска треба да го разгледа случајот против политичката мрежа на затвореникот на Кремљ, Алексеј Навални, за да утврди дали таа треба да биде означена како „екстремистичка“. Градскиот суд во Москва по барање на обвинителите ќе донесе одлука дали три организации поврзани со Навални ќе бидат прогласени за „екстемистички.“ Тоа се Фондацијата за борба против корупција (ФБК), Фондацијата за заштита на правата на граѓаните (ФЗПГ) и регионалното седиште на Навални.  Обвинителите велат дека... Читать дальше...

Во Брдо кај Крањ состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Брдо кај Крањ, Словенија, ќе биде одржан јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите- учеснички во Процесот Брдо-Бриони. Домаќин на состанокот е претседателот на Словенија, Борут Пахор. На состанокот, како што информираат од кабинетот на македонскиот претседател Стево Пендаровски, освен него, ќе учествуваат и претседателот на Албанија, Илир Мета, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, претседателката на Косово... Читать дальше...

Израел ги продолжува воздушните напади врз Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Израелски авиони денеска почнаа серија силни воздушни напади врз неколку локации во градот Газа и покрај повиците за прекинување на насилствата, по најсмртоносниот ден од избувнувањето на борбите пред една недела. Десетици воздушни напади го потресоа градот во раните утрински часови, се вели во медиумските извештаи. Израелските одбранбени сили соопштија само дека „борбените авиони напаѓаат терористички цели во појасот Газа“. Денешните доаѓаат по бранот воздушни напади вчера, за кои Израел соопшти дека погодил повеќе од 90 цели низ Газа. Читать дальше...

УНИЦЕФ бара од Г7 и ЕУ да донираат вакцини на сиромашните земји

SlobodnaEvropa.mk 

Извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриета Фор побара од групата најразвиени земји во светот (Г7) и од Европската Унија да донираат вакцини против коронавирусот на механизмот Ковакс, за да им се помогне на посиромашните земји, кои се соочуваат со недостиг на вакцини. Таа рече дека донирањето на вишок дози „е минимална, суштинска и итна мерка за запирање на јазот, и оти таа е неопходна токму сега“. СЗО: Ковид 19 ја влоши нееднаквоста во здравството Фор изјави дека Г7 и земјите од ЕУ можат да донираат... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублев о победе на "Мастерсе" в Мадриде: у меня нет слов






Мария Багреева: Москва провела 50 тыс. закупок у МСП на портале поставщиков

ЦБ прикрутит гайки банкам из-за завышенных комиссий по кредиткам

Президент Киргизии Жапаров решил приехать на парад Победы в Москве

В число лучших российских городов по качеству жизни не попал Воронеж