Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2021

Новости за 13.05.2021

Петто издание на манифестацијата Today It’s All About Jazz

SlobodnaEvropa.mk 

Со концертни промоции на албумите на Џијан Емин МАГИЧЕН ОРКЕСТАР и на Гордан Спасовски трио, како и со перформанси на млади и веќе докажани состави, в сабота, на 18 мај, во МКЦ Скопје, ќе се одржи петтото издание на манифестацијата што ја организира Здружението на џез музичари на Македонија.

Тесла веќе не прима биткоини за плаќање, валутата падна за 10 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Елон Маск соопшти дека неговата автомобилска компанија веќе нема да прима биткоини како средство за плаќање поради загриженост за влијанието врз животната средина при „ископувањето“ на дигиталната валута. Маск денеска на Твитер напиша дека криптовалутата е добра идеја „на многу нивоа“, но оти може многу да ја чини животната средина. Во светот на биткоин „Ние сме загрижени поради рапидното зголемување на употребата на фосилни горива за ископување на биткоини и трансакции, особено јаглен, кој има најлоши емисии од кое било гориво“... Читать дальше...

Се судрија два мали авиони над Денвер, нема повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Два мали авиони се судриле за време на лет над Денвер, во американската сојузна држава Колорадо, соопштија локалните власти, наведувајќи дека во инцидентот нема повредени. Пилотот на авионот Ферчајлд метролајнер успеал да го спушти леталото. Пилотот и патникот во другиот едномоторен авион безбедно се спуштиле со падобран. Истрагата за причините за несреќата е во тек.

Италија го казни Гугл поради злоупотреба на доминантната положба

SlobodnaEvropa.mk 

Гугл ќе биде казнет со над 100 милиони евра во Италија поради злоупотреба на доминантната положба на пазарот, соопшти денеска италијанското тело за заштита на конкуренцијата. Казната од 102 милиони евра е образложена со одбивањето на интернет гигантот на својата платформа Гугл плеј да прифати независна апликација која овозможува пронаоѓање страници за полнење електрични автомобили. Над 30 држави во САД го тужат Гугл за монополско однесување „Со оперативниот систем Андроид и продавницата за апликации Гугл плеј... Читать дальше...

Прва рамазанска молитва во „Аја Софија“ во Истанбул по 87 години

SlobodnaEvropa.mk 

Во истанбулската џамија „Аја Софија“ се клања бајрам намаз, првпат по 87 години по повод Рамазанскиот бајрам, јавува Агенција Анадолија (АА). Од денот на отворањето на „Аја Софија“ за молитви, на 24 јули минатата година, во неа еднаш е клањан бајрам намаз по повод Курбан бајрам. Верниците денеска, по повод Рамазанскиот бајрам, со почитувањето на мерките, со цел спречување на ширењето на коронавирусот, го клањаа бајрам намаз, пренесува агенцијата. „Аја Софија“ служеше како црква до 916 години сѐ до освојувањето на Истанбул... Читать дальше...

Вучиќ - Една голема сила ќе побара повлекување на КФОР и УНМИК од Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека „една голема сила наскоро ќе започне со официјално барање за повлекување на КФОР и УНМИК од Косово, што би било апсолутна катастрофа за Србија“. Армиски контингент замина во мисија на НАТО во Косово Вучиќ посочи дека ќе го замоли генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг да се заложи со своето влијание во западната алијанса тоа да спречи. „Не знам дали некој е свесен што тоа би значело, јас сум многу загрижен“, вели Вучиќ... Читать дальше...

Нови 123 случаи на ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 од направени 2.598 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје – 64, Битола – 9, Куманово – 7, Охрид – 5, Прилеп, Велес, Гостивар и Струмица – по 4, Тетово – 3, Штип, Струга, Кочани, Демир Хисар и Кратово – по 2, Кичево, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Крива Паланка, Радовиш, Делчево, Виница и Македонска Каменица - по 1. Регистрирани се 3803 оздравени пациенти. Од вкупниот број на оздравени, 3564 се пријавени како позитивни во периодот... Читать дальше...

Заев оптимист за решение со Бугарија, помошта од Грција добредојдена

SlobodnaEvropa.mk 

Мислам дека ќе најдеме решение со Бугарија, ни треба помош од Грција, која сега веќе е наш стратешки партнер. Грција е многу гласна на Европскиот совет преку премиерот Мицотакис, преку министерот Дендиас, тие се многу фокусирани и лидери на процесот за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, истакна премиерот Зоран Заев за време на неговото учество на шестиот Делфи економски форум во Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на... Читать дальше...



Македонскиот офицер нема јужноафрикански сој на вирусот, туку нигерски

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот офицер кој беше донесен од Африка не е заразен со јужноафриканскиот сој на корона вирусот, туку кај него е детектиран нигериски сој на вирусот. Потполковникот суспектен на јужноафриканскиот сој е хоспитализиран на Инфективната клиника „Според анализите од МАНУ кај војникот е детектиран нигериски сој на вирусот, а не јужноафрикански, иако има сличности меѓу двата соеви, не станува збор за ист сој. Нигерискиот сој исто така е чест во африканските земји“, се наведува во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство.

Палеж на трски, булдожери во езеро, продолжува уништувањето на Охридско Езеро

SlobodnaEvropa.mk 

Поединци го уништуваат крајбрежјето на Охридското Езеро со палење на трски, со што го загрозуваат еко-системот. Истовремено, на брегот се отстрануваат дивоградби, за што граѓанското здружение „Охрид SOS“ реагира дека тоа се прави без стручна проценка на начин со кој се нанесува штета во езерото.

Османи на онлајн состанок со министрите за надворешни работи од ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи и неговата колешка од Албанија, министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, денеска под покровителство на министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Никос Дендиас и Богдан Ауреску ќе одржат видео брифинг со своите колеги, министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. „Целта на состанокот е да се рефлектира стратешката дискусија за Западен Балкан, одржана на 10 мај во Брисел и да се реафирмира ангажманот и заложбата... Читать дальше...

Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис од Делфи Форумот во Атина и паралелно истакна дека тие не се согласуваат со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Вархеји: Можно е раздвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ Варвициотис учествуваше на панел дискусијата заедно со вицепремиерот... Читать дальше...

Стејт департмент: Во С. Македонија помалите верски групи се жалат на нееднаков третман од владата

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот Устав забранува верска дискриминација, се наведува во најновиот годишен Извештај на Стејт департментот за меѓународната верска слобода. Сепак, како што се додава, помалите верски групи продолжуваат да пријавуваат нееднаков третман на владата во споредба со главните верски заедници.

Вчера се вакцинирале над 14.500 граѓани

SlobodnaEvropa.mk 

Досега во Македонија се дадени вкупно 175.348 дози вакцини, а целосно се имунизирани 25.648 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Здравствените власти соопштија дека вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани, а останатите 797 се ревакцинирале. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 330.513 граѓани.   На матичните лекари уште сертификатите за вакцинација им „недостасуваа“ Од Министерството... Читать дальше...

Двајца алпинисти настрадаа на Монт Еверест

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца странски алпинисти, Американец и Швајцарец, настрадаа на Монт Еверест, соопштија непалските планинарски служби. Швајцарскиот алпинист починал од исцрпеност по доаѓањето до врвот, додека американскиот планинар ненадејно починал во првиот камп при слегувањето од врвот. Исчезнати алпинисти во Канада Непал годинава издаде 408 дозволи за качување до највисокиот врв на светот со 8848 метри надморска височина. Минатата година немаше сезона на искачување до врвот поради пандемијата. Непал... Читать дальше...

ЕУ предвидува 3,7 проценти економски раст во Македонија годинава

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија предвидува економскиот раст во земјава годинава да биде 3,7 проценти и закрепнувањето да се забрза во текот на годината. Очекувањата се дека следната година растот на економијата би бил 3,8 проценти. Закрепнувањето, според ЕУ, ќе се должи главно на домашната побарувачка, додека надворешниот сектор веројатно нема да придонесе за раст. Овие прогнози се нешто пониски од оние што во понеделникот ги презентираше Народната банка, според која растот на Бруто-домашниот производ годинава... Читать дальше...

Словенечкиот претседател Пахор во посета на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска ќе го посети Косово, при што ќе се состане со претседателката на Косово Вљоса Османи и со други официјални претставници. Пред посетата тој изјави дека неговата земја не стои зад ниту еден „нон-пејпер“ и дека не поддржува промена на границите на Балканот. „Нoн-пејпери“ и глупости: Словенија и „распадот“ на Босна Пахор рече дека Словенија е против корекција на границите на Балканот, бидејќи никогаш тоа не завршило мирно во овој регион и оти неговата... Читать дальше...

Во најава масовна продажба на државно земјоделско земјиште кое ќе може да се пренаменува

SlobodnaEvropa.mk 

Новото законско решение предвидува продажба до 50 илјади хектари државно земјоделско земјиште по ниски цени. Но, во законот стои можност земјиштето да се пренамени во градежно и да се даде под концесија за геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини.

Новости России
Москва

Галина Янко: главные традиции и приметы Пасхи


Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

SlobodnaEvropa.mk 

Муслиманите веќе втора година под пандемијата на ковид-19 го слават празникот Курбан Бајрам со кој се одбележува крајот на светиот месец Рамазан. Тридневниот празник, кој започнува во повеќето земји на 13 март, обично се одбележува со молитва во џамијата, гозба и посета на семејството по еден месец пост за време на Рамазан. Но, повторно многу земји ќе го прослават празникот оваа година под ограничувањата за да се спречи ширењето на коронавирусот, иако има загриженост дека луѓето нема да ги почитуваат прописите. Читать дальше...

Кина, Русија и Иран меѓу најлошите прекршители на верските права

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт департмент ја обвини Кина за „геноцид“ врз муслиманските Ујгури и другите верски малцинства во годишниот извештај, кој исто така ги означи Иран и Русија меѓу најлошите насилници за верска слобода во светот. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, го искористи објавувањето на годишниот Извештај за меѓународна религиозна слобода на Стејт департментот за да ги именува најеклатантните кршители на верската слобода, што тој ги дефинира како универзално човеково право. „Религиозната слобода не може да се реализира целосно... Читать дальше...

Министрите за надворешни работи на Русија и на САД ќе се состанат следната недела

SlobodnaEvropa.mk 

Министрите за надворешни работи на Русија и на САД Сергеј Лавров и Ентони Блинкен се согласија во телефонски разговор да се состанат следната недела на маргините на самитот на Арктичкиот совет, соопштено е во Вашингтон и во Киев, наведувајќи дека тие ќе разговараат за клучните билатерални и меѓународни прашања. Министерскиот состанок на Арктичкиот совет ќе се одржи на 20 мај. Руско-американските односи се влошија во последните години, а Вашингтон ја обвини Москва за мешање во претседателските избори во САД во 2020 година... Читать дальше...

Стејт департментот за верските слободи во С. Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот Устав забранува верска дискриминација и предвидува слобода на вероисповед и верско изразување и дава еднаквост пред законот за сите индивидуи, без оглед на верското убедување, се наведува во годишниот Извештај за меѓународна религиозна слобода на Стејт департментот во кој се додава дека со измена на уставот се наведени пет религиозни групи кои автоматски добиваат ослободување од данок и други поволности: Македонската православна црква, Исламската верска заедница (ИВЗ), Католичката црква... Читать дальше...

Бајден го поддржува Израел, Нетанјаху вети дека ќе продолжи да го напаѓа Хамас

SlobodnaEvropa.mk 

Хамас рано изутрината истрела стотици ракети кон Тел Авив и други делови на Израел кој пак најави дека ќе ги продолжи воздушните напади врз Газа и покрај меѓународните повици за деескалација на најжестоките борби во регионот во последните неколку години. Американскиот претседател Џо Бајден го поддржа Израел во неговиот прв телефонски повик со премиерот Бенјамин Нетанјаху од почетокот на непријателствата на 10 мај, осудувајќи ги ракетните напади и пренесувајќи „непоколеблива поддршка за безбедноста... Читать дальше...

Ангелов и Бафтијари солисти во „Музичко патување“ на Филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

Концертот за кларинет и виола од Брух и „Италијанска“ од Менделсон ја чинат програмата на претстојното „Музичко патување“ на Филхармонија закажано за в петок, на 14 мај. Солисти се кларинетистот Здравко Ангелов и Илза Бафтиари на виола, а диригент - маестро Конрад ван Алфен од Холандија.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

На кураже: Рублёв пробился в финал «Мастерса» в Мадриде, Медведев снялся из-за травмы






«Попрошайка»: Киркоров унизил Успенскую в эфире шоу

Фестиваль «Московская весна» стартует на 27 площадках столицы

Джоан Роулинг захотела написать еще шесть книг

Новый поезд в Крым запустят с 25 мая через Воронеж