Средба Путин-Лукашенко во Сочи
Белорускиот авторитарен лидер Александр Лукашенко во рускиот црноморски град Сочи се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, додека министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија дебатираат за нови економски санкции кон Минск откако авион на Рајанер беше принуден да слета во главниот белоруски град по што беше уапсен опозициски новинар. Пречекувајќи го Лукашенко, Путин рече дека еднодневната средба била закажана пред да се случи „избувнување на емоциите“ поради пренасочување на авионот. Читать дальше...