Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2021

Новости за 02.11.2021

Заев не ја одолговлекува оставката, тврди неговиот кабинет

SlobodnaEvropa.mk 

Не е точно дека планот на премиерот е да ја одолговлекува оставката до декември. Оставката е јасен чин на преземање одговорност, велат од кабинетот на претседателот на Владата Зоран Заев по разните, како што нагласуваат, неточни брифинзи дека планот на премиерот бил да ја одолговлекува оставката. Посочуваат дека во тек се консултации низ кои, органите на партијата, како и коалиционите партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно... Читать дальше...

Грузиската опозиција на протести бара да биде ослободен екс претседателот

SlobodnaEvropa.mk 

Грузиското опозициско Обединето национално движење (ЕНМ) започна „постојани“ протести со барање за ослободување на затворениот поранешен претседател Михаил Саакашвили, кој еден месец е во штрајк со глад. „Единственото барање на агендата денес е слободата на Саакашвили“, им рече членот на ЕНМ Заал Удумашвили на демонстрантите додека се собираа пред затворот во градот Рустави, каде што е затворен Саакашвили. Друг лидер на партијата, Коба Кабази, рече дека ќе остане таму цела ноќ и ги повика другите демонстранти да го сторат истото. Читать дальше...

Шефот на ЦИА во посета на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција ЦИА, Вилијам Барнс отпатува во Москва на разговори со руски официјални претставници во услови на постојани тензии меѓу двете земји. Барнс и Николај Патрушев, шефот на Советот за безбедност на Русија, разговараа за руско-американски односи, се вели во кратката од прес-службата на Советот. „Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, на барање на претседателот, ја предводи делегацијата на високи американски функционери во Москва на 2 и 3 ноември. Читать дальше...

Расте бројката на жртви од експлозиите во болница во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 19 лица загинаа, а десетици други се ранети во експлозии и неколку истрели од огнено оружје пред најголемата авганистанска воена болница во Кабул. Локалните медиуми објавија дека четворица од шесте напаѓачи биле убиени, а другите двајца биле уапсени. Експлозии во близина на воената болница во Кабул, најмалку 15 мртви Засега никој нема преземено одговорност за нападот. На фотографиите што ги споделија жителите се гледа облак чад над областа на воената болница „Сардар Мохамад Дауд Кан“ со 400 кревети. Читать дальше...

Нови 593 случаи на ковид, починати 10 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на Ковид-19. Оздравени се 415 пациенти. Починати се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 71г, 84г и 85г), по едно починато лице од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот... Читать дальше...

Грвала: „Отворен Балкан“ и Заедницата на српски општини се штетни за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала вели дека иницијативата „Отворен Балкан“ и Заедницата на општини со мнозинско српско население се неприфатливи за нејзината влада, затоа што, според неа, за штетни за државата. Во нејзиното обраќање пред Комисијата за евроинтеграции при Собранието на Косово, Грвала порача дека договорот за формирање на Заедницата, постигнат меѓу Приштина и Белград во преговорите со посредство на Европската унија, нема да биде спроведен. Читать дальше...

До ДИК стигнале 13 преговори од ТМРО и СДСМ

SlobodnaEvropa.mk 

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска заклучно со 15 часот поднесени се вкупно 13 приговори за постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите. Од ДИК информираат дека поднесени се седум приговори од подносителот политичка партија ТМРО, кои се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане. ДИК ги објави првичните официјални резултати од вториот круг... Читать дальше...

Декларација на лидерите на 110 земји за заштита на шумите

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на 110 земји потпишаа декларација со која ветуваат дека ќе го запрат уништувањето на шумите до 2030 година и ќе помогнат во напорите да се запре глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови. Заедничката изјава беше потпишана денеска на климатскиот самит COP26 во Глазгов, Шкотска, од страна на лидерите на земјите кои заеднички сочинуваат 85 отсто од шумите во светот. Британскиот премиер Борис Џонсон, домаќин на самитот, го поздрави ветувањето на светските лидери за ставање крај на како што рече... Читать дальше...



ЕУ ја примила најавата за оставката на Заев

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ ја прими најавата за оставка на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев соопшти портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро. „Важно е земјата да продолжи со спроведување на реформите поврзани со ЕУ“, порачува Писонеро во писмен одговор до медиумите. Таа воедно ги повикува новите градоначалници и членови на општинските совети да придонесат во унапредување на реформската агенда на ЕУ во интерес на сите граѓани. Ја нема оставката на Заев во Парламентот, нема ни ново мнозинство... Читать дальше...

Димитров ќе го замени Заев на утрешниот состанок на „Отворен Балкан“

SlobodnaEvropa.mk 

Наместо премиерот Зоран Заев, на иницијативата „Отворен Балкан“ утре и задутре во Белград ќе учествува вицепремиерот за економски прашања, Никола Димитров. „Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок во Белград на 3 и 4 ноември 2021 година на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува заменик-претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров“, соопштија од кабинетот на Димитров. Агендата за... Читать дальше...

Лончар: Сменети лекарите кои го препорачувале лекот „ивермектин“

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека лекарите кои го препорачале или препишале лекот „ивермектин“ за третман на ковид 19 веќе биле отпуштени од работа. „Тие што беа на некои раководни позиции ги нема, сега следува вториот дел. Овој лек не е според законот, тој е нерегистриран лек за човечка употреба, се користи во ветеринарната медицина и не може да се користи и препорача на луѓето “, нагласи тој. Тој рече дека ќе се смета дека лекарите кои ја препорачуваат употребата... Читать дальше...

Предлог-буџет за 2022 од 4,4 милијарди евра

SlobodnaEvropa.mk 

Државата и следната година планира да се задолжи со околу 500 милиони евра за да го покрие планираниот дефицит во Буџетот за 2022 година. Според министерот за финасии Бесими, тие пари ќе бидат потрошени главно за капитални инвестиции. Јавниот долг следната година ќе достигне 65,9 отсто од БДП.

Наставнички пленум бара повисоки плати во образованието, МОН ги упати до Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Наставничкиот пленум бара зголемување на платата на сите вработени во образованието за 20 отсто од јануари 2022 година, повикувајќи се на растот на цените на производите за секојдневни потреби и на растот на минималната плата во државава. Во барањето кое го упатува до министерката за образование и наука Мила Царовска, Наставничкиот пленум посочува дека на анкетата што ја спровел, големо мнозинство од неговите членови се изјасниле дека се незадоволни од сегашните примања на вработените во образовните институции. Читать дальше...

Палмер и Ајхорст повторно во посета на БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Претставниците на американската и европската дипломатија Метју Палмер и Анџелина Ајхорст ќе се вратат во БиХ во средината на ноември за да посредуваат во преговорите за измените на изборниот закон, објавија денеска локалните медиуми повикувајќи се на неименувани извори во Министерството за надворешни работи на БиХ. Минатата недела заврши серијата средби без резултати меѓу европските и американските посредници со лидерите на политичките партии во БиХ. Палмер и Ајхорст на крајот на минатонеделната... Читать дальше...

Отпуштени сите вработени во најстариот либански весник на англиски јазик

SlobodnaEvropa.mk 

Најстариот либански дневен весник на англиски јазик, Дејли Стар, ги отпушти сите вработени, со што стана последната жртва на кризата со печатените медиуми во земјата. Вработените во овој дневен весник преку електронска пошта до која имала пристап агенцијата АФП, биле предупредени дека одлуката за отказ важи од 31 октомври. Во февруари минатата година, Дејли Стар го суспендираше печатеното издание поради финансиски тешкотии, а од 13 октомври веб-страницата повеќе не објавува нови содржини. Во... Читать дальше...

Ја нема оставката на Заев во Парламентот, нема ни ново мнозинство

SlobodnaEvropa.mk 

Се уште не се знае кога премиерот Зоран Заев ќе ја достави најавената оставка во Собранието. Коалициските партнери дадоа поддршка на владиното мнозинство, но истовремено опозицијата е потивка дека направи ново. Тоа беше маркетиншки трик до изборите, оценува аналитичарот Алберт Муслиу.

Полска: Продолжуваат протестите поради смртта на жена на која и бил забранет абортус

SlobodnaEvropa.mk 

Полските групи за правата на жените повикаа на дополнителни протести денеска, во знак на револт поради смртта на една жена на која и беше одбиен абортусот според забраната за абортус во земјата. Жената, која почина во септември, беше бремена во 22 недела кога отишла во болница, поради истекување на плодовата вода. Локалните медиуми објавија дека лекарите избрале да чекаат додека фетусот не умре, наместо да интервенираат со абортус. Фетусот на крајот починал, а жената набргу потоа починала од септичен шок. Читать дальше...

Османи: На земјата не и се потребни предвремени избори

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и портпарол на ДУИ, за албанската телевизија Њуз 24 истакна дека на државата не и требаат предвремени избори, бидејќи земјата ќе влезе во политичка криза. Тој изјави дека ДУИ и тој како прв министер Албанец за надворешни работи, ќе продолжат да го одржуваат евроатлантскиот курс, кој е од витално значење не само за земјата, туку и за регионот. Османи меѓудругото го презентираше ставот на ДУИ за последните предизвици по завршувањето на локалните избори во Северна Македонија. Читать дальше...

МНР: Општините и советниците да го користат уставното име на државата

SlobodnaEvropa.mk 

Во врска со последните случувања на конститутивните седници на советите на општина Штип и општина Аеродром, Министерството за надворешни работи изразува загриженост од, како што наведува во соопштение, постапките на дел од советниците избрани на последните локални избори во врска со потпишувањето на свечената изјава согласно Законот за локалната самоуправа, и повикува на доследна примена на уставните и законските одредби за името на државата. „ Уставното име на државата е Република Северна Македонија... Читать дальше...

Новости России
Москва

Москву и Санкт-Петербург назвали лучшими городами для подработки


Украина подготвена да понуди испорака на гас на Србија и Унгарија

SlobodnaEvropa.mk 

Сфаќајќи ја сложеноста на ситуацијата во која се наоѓаат Србија и Унгарија, Украина е подготвена да понуди транзитна испорака на гас преку Украина до пријателските нации, соопшти денеска Амбасадата на Украина во Белград. По вчерашната несреќа на гасоводот во Бугарија со кој се испорачува руски гас, Србија почна да го увезува овој енергент. „Операторот на гасниот систем на Украина е подготвен да им понуди транзитни капацитети на Унгарија и Србија со цел да се минимизираат последиците од несреќата за потрошувачите на овие земји“... Читать дальше...

Лесни ветувања и тешки преговори на самитот за климата во Глазгов

SlobodnaEvropa.mk 

Учесниците на Светскиот самит за климата COP26 во Шкотска повторно ќе се соочат со старото прашање - дали светот може да се обедини и да се соочи со глобалното затоплување како заеднички непријател, пред да стане предоцна.

Експлозии во близина на воената болница во Кабул, најмалку 15 мртви

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 15 лица загинале во две експлозии кои денеска одекнале недалеку од воената болница во центарот на Кабул, јави агенцијата Франс прес. Очевидци изјавија дека помеѓу двете експлозии имало и пукотници. Според првичните извештаи првата експлозија одекна на контролен пункт на влезот во воената болница Мохамед Дауд Кан. Втората експлозија се слушнала неколку минути подоцна, во истата област. Лекар во болницата за АФП изјави дека слушнал „голема експлозија“ што доаѓала од првиот контролен пункт надвор од болницата. Читать дальше...

Нов рекорд за смртни случаи од ковид во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Според здравствените власти во Бугарија, 93,87 отсто од 310 починати од Ковид-19 биле невакцинирани. Во изминатите 24 часа има пријавено и 6.007 новозаразени. Како што јави дописникот на МИА од Софија, 1341 се новопримени во болниците во Бугарија, а 90,16% од нив не се вакцинирани. Дозите на вакцините против Ковид-19 кои досега се аплицирани во Бугарија се вкупно 2.874.721, од кои 14.545 се за последните 24 часа. Бројот на починати од почетокот на пандемијата коронавирусот е 24.309. „Ситуацијата е критична... Читать дальше...

Русија се закани со вето во СБ на ОН поради именувањето на Шмит

SlobodnaEvropa.mk 

Русија се закани дека, како членка на Советот за безбедност на ОН, ќе стави вето на обновувањето на мандатот на мировната мисија ЕУФОР во БиХ поради назначувањето на Кристијан Шмит за висок претставник во таа земја, тврди германската новинска агенција ДПА, која се повикува на свои извори. ЕУФОР, воени сили предводени од Европската унија, го надгледува спроведувањето на воениот дел од Дејтонскиот договор. Гласањето за продолжувањето требаше да се одржи денеска во Советот за безбедност, но е одложено за среда попладне. Читать дальше...

Предрасудите - главни предизвици за бизнис жените од руралните средини

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија има жени кои водат успешни бизниси во руралните средини, но нивниот број е мал. Капацитет имаат, но предрасудите и традиционалното воспитување во тие средини ја попречуваат нивната амбиција да влезат во светот на бизнисот и да бидат рамноправни со мажите


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

Рублёв поднимется на шестое место в рейтинге ATP после победы на «Мастерсе» в Мадриде






Ефимов: около семи тысяч рабочих мест создадут в четырёх проектах КРТ

Президент ДР Конго объяснил британцу, почему в Африке любят Россию

Раздел для знакомств может появиться на госуслугах

Мария Багреева: Москва подписала почти 50 тыс. контрактов с бизнесом на портале поставщиков