Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2021

Новости за 23.11.2021

Почната е постапка за одземање на лиценцата за работа на „Беса транс“

SlobodnaEvropa.mk 

Последната извршена проверка на техничката состојба на автобусот е направена на 5 октомври годинава, а истражната постапка ќе ги даде одговорите за сите отворени прашања, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција по трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 македонски граѓани. „Очекуваме брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и сигурен сум дека со заедничка соработка ќе ги дадеме потребните одговори за оваа трагедија и на тој начин ќе... Читать дальше...

Лајчак-Вучиќ: Долга и детална средба, разговорите продолжуваат

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак кој денеска се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ на Твитер напиша дека имал долга и детална средба со Вучиќ и дека има уште многу да покрие. „Во продолжение на разговорите за напредокот на дијалогот под покровителство на ЕУ, имав долг и детален разговор со претседателот на Србија. Уште многу треба дополнително да се покрие по моите средби оваа недела“, напиша Лајчак. Лајчак на 22 ноември... Читать дальше...

Двајца мртви, 16 повредени во експлозија во фабрика во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца работници загинале, а 16 се повредени во експлозија во фабриката „ЕдеПро“, која произведува противградни ракети во близина на предградието Бубањ Поток. Како што јави јавниот сервис РТС, нешто по 14 часот се слушнале посилни и неколку послаби експлозии. Експлозиите се случиле во складиште за ракетно гориво од 260 метри квадратни, во кое имало 500 противградни ракети со 30 килограми експлозив. Компанијата „ЕдеПро“ е дел од наменската индустрија на Србија и се занимава со производство на делови за ракети и горива. Читать дальше...

За мерките за невакцинираните ќе се одлучува на наредната седница

SlobodnaEvropa.mk 

Мерките кои се однесуваат на вакцинација против Ковид19, предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница, соопшти попладнево МЗ. Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Синдикатите бараат... Читать дальше...

Турската лира ослабе за 10 отсто во однос на доларот

SlobodnaEvropa.mk 

Турската лира ослабе за речиси 10 отсто во однос на американскиот долар денеска, еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека нема да се откаже од намалувањето на каматните стапки и покрај високата инфлација. Лирата падна на рекордно ниско ниво од 12,51 во однос на доларот, што е пад од 9,9 отсто во однос на претходниот ден. Турската валута загуби околу 40 отсто од својата вредност од почетокот на годинава. Ердоган вчера рече дека неговата влада нема да отстапи од политиката... Читать дальше...

Нови 490 случаи со Ковид19, девет починати

SlobodnaEvropa.mk 

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.869 тестирања, а регистрирани се 490 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 484 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 490-те нови случаи од Скопје се 209, Битола – 42, Прилеп – 33, Кавадарци – 30, Велес – 18, Куманово – 17, Ресен – 16, Берово – 14, Кочани – 12, Гевгелија и Делчево – по 10, Тетово и Штип – по 8, Струмица и Крива Паланка – по 7, Радовиш – 6, Кичево и Богдаци – по5, Валандово... Читать дальше...

МНР го објави списокот на седумтемина повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи доби официјална потврда од надлежните институции на Бугарија за седум повредени патници во автобуската несреќа на автопатот „Струма“, близу Софија. Tрагедија – 46 луѓе загинаа во несреќа на македонски автобус во Бугарија МНР го споделува списокот на повредените патници, кои, како што наведуваат оттаму, се наоѓаат во добра здравствена состојба и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница „Пирогов“. Се работи за следниве лица: Ебип Пајазитовски (24.09.1972)... Читать дальше...

Задолжителна вакцинација за германските војници

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцинацијата против коронавирусот ќе биде задолжителна за германските војници во иднина бидејќи бројот на нови инфекции продолжува да расте низ целата земја, одлучи германското Министерство за одбрана. Министерството потврди дека официјалните лица и претставниците на војниците се согласиле вакцината против коронавирус да биде додадена на списокот на вакцини што војниците мора да ги примат. Вакцината против коронавирус сè уште не е официјално додадена на списокот, соопшти денеска Министерството. Читать дальше...



САД ќе искористи нафта од стратешките резерви

SlobodnaEvropa.mk 

Белата куќа најави дека ќе искористи 50 милиони барели нафта од американските стратешки резерви за да придонесе за намалување на цените на овој енергенс. „Мерката е комбинација на задолжување и продажба на нафта од резерви, а се планира да се усогласи со активирање на стратешките резерви во Кина, Индија, Јужна Кореја, Јапонија и Велика Британија“, се наведува во соопштението од Белата куќа. Претходно, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден побара од најголемите светски купувачи... Читать дальше...

СЗО - До пролет во Европа ќе има над два милиони починати од ковид

SlobodnaEvropa.mk 

Стотици илјади луѓе во Европа би можеле да умрат од ковид-19 до пролетта 2022 година, предупреди Светската здравствена организација (СЗО). Се очекува 49 од 53 оддели за интензивна нега во земји во европскиот регион да се соочат со висок или екстремен товар почнувајќи од сега до 1 март, предупреди денеска канцеларијата на СЗО во Европа. Врз основа на тековните трендови, се проценува дека вкупниот број на пријавени смртни случаи од коронавирус до март следната година ќе надмине 2,2 милиони. Сега има околу 1,5 милиони починати од ковид. Читать дальше...

Tрагедија – 46 луѓе загинаа во несреќа на македонски автобус во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Во автобуска несреќа на македонски туристички автобус во Бугарија има 46 загинати. Меѓу жртвите има и 12 деца. Седуммина луѓе преживеале. Автобусот се превртел и се запалил. Жртвите ќе бидат идентификувани со ДНК-анализа. Бугарските обвинители рекоа дека се работи за незапаметена трагедија.

Резултатите од ДНК анализата на жртвите се очекуваат за неколку денови

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов изјави дека за неколку дена се очекува да бидат готови резултатите од ДНК анализата, за со сигурност да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија. Тој вели дека заедно со македонските колеги го прецизирале начинот на кој ќе се работи истрагата за несреќата. Сарафов го посетил местото на несреќата заедно со јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески и со шефицата на Обвинителството за борба против... Читать дальше...

Тридневна жалост во Македонија и Бугарија, сочуство од светот

SlobodnaEvropa.mk 

Тридневна жалост во Македонија и Бугарија по сообраќајната несреќа во која загинаа најмалку 46 македонски државјани. Премиерот Заев изјави дека двете земји во целост соработуваат за расчистување на причините за несреќата и идетнтификација на жртвите.

Одложена оставката на Заев од партиската функција

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ ги одложи денешните седници на Централниот и Извршниот одбор заради автобуската несреќа во Бугарија, соопштија од владејачката партија. „СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци на ИО и ЦО се одложени. Сочувство до семејствата и целиот наш народ“, соопштуваат од партијата На состаноците требаше да биде констатирана оставката на лидерот на партијата Зоран Заев. Тој претходно најави дека ќе побара раководството на... Читать дальше...

Бугарското МНР со поддршка за македонските власти во врска со несреќата

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарското министерство за надворешни работи сооопшти дека во своите надлежности ќе им пружи целосна помош на македонските власти во врска со несреќата на автопатот Струма. Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Бугарија во Скопје се во постојан контакт со македонското МНР и со нејзиното дипломатско претставништво во Софија, се додава во соопштението. Од надлежните бугарски институции е побарано да се обезбеди приоритетен и непречен влез во Бугарија на роднините на загинатите и повредените... Читать дальше...

ЕСМ набави од Албанија 90 од потребните 810 илјади тони јаглен за РЕК Битола

SlobodnaEvropa.mk 

Елетрани на Северна Македонија денеска соопштија дека договор за набавка на 90 илјади тони јаглен од Албанија ќе биде потпишан согласно повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола. Оттаму велат дека за останатите количини повторно ќе биде објавен јавен повик што ќе биде отворен цела грејна сезона. Во нивното соопштение е наведено дека од деветте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во земјава и од регионот, дел од понудите не одговараа технички во однос на јагленот. „Додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација... Читать дальше...

Во тек е идентификација на жртвите, македонското обвинителство ќе ги обезбеди документите за автобусите

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафовна на прес конференција со македоскиот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи синоќа на автопатот Струма во Бугарија. На местото на несреќата се сослушуваат сведоци, додека само двајца од седуммината повредени кои се во болницата „Пирогов“ во Софија се во можност да дадат исказ. „Одржавме... Читать дальше...

Владата прогласи тридневна жалост

SlobodnaEvropa.mk 

Тридневна жалост прогласи Владата попладнево на седница. Одлуката за прогласување тридневна жалост во Македонија е поради автобуската несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, потврдија за МИА од владината прес-служба. За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје. Читать дальше...

Грешка на возачот е причина за несреќата, вели секретарот за безбедност на Перник

SlobodnaEvropa.mk 

Несреќата апсолутно настанала како резултат на човечка грешка, изјави секретарот за безбедност на Перник, Васко Пиргов за БТВ. Пиргов пристигнал на местото на несреќата заедно со првите полицајци и пожарникари. Тој вели дека автобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење, што значи дека возачот не реагирал адекватно. Според Пиргов, автобусот не се превртел, а возачот се обидел да сврти в лево, додавајќи дека има снимен материјал „што и не е пријатен за гледање“. Читать дальше...

Новости России
Москва

Росгвардия обеспечила безопасность генеральной репетиции парада ко Дню Победы в Москве


Македонските производители (не)информирани за земјоделските иновации

SlobodnaEvropa.mk 

Климатските промени ќе го променат и пристапот на земјоделците кон производството и тие ќе мора да се насочат кон примена на нови технологии што ќе овозможат одржливо производство, велат земјоделските експерти. Земјоделците пак, велат дека немаат пари за нови технологии, а им недостасуваат и знаења.

Шефот на атомската агенција на ОН во посета на Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на атомската агенција на Обединетите нации Рафаел Гроси денеска се состана со ирански претставници за да изврши притисок за поголем пристап до нуклеарните постројки во Исламската Република пред разговорите следната недела во Виена. Целта на разговорите во Виена е оживување на договорот од 2015 година меѓу Иран и светските сили. Гроси денеска се сретна со Мохамад Еслами, шефот на иранската Организација за атомска енергија. „Агенцијата се стреми да го продолжи и продлабочи дијалогот со владата на Иран. Читать дальше...

Радев - Бугарија очекува поддршка од македонските институции за несреќата

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарија презеде навремени активности за расветлување на причините за автобуската несреќа, за идентификување на загинатите, за давање помош и лекување на настраданите, и очекува поддршка од македонските институции, на кои е подготвена да им ги обезбеди сите информации за случајот, се наведува во соопштението на кабинетот на претседателот Румен Радев по средбата со премиерот на Македонија Зоран Заев. Заев заедно со министрите Венко Филипче и Бујар Османи се во Бугарија по автобуската несреќа на македонски автобус во Бугарија. Читать дальше...

Виолинистката Солозобова солистка за 77 роденден на Филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

Концертот за виолина и оркестар број 1 од Чajковски и Брамсовата „Прва Симфонија“ се делата што ќе бидат изведени на концертот „Убава Русија“ со кој Филхармонија ќе ги одбележи 77 години од своето формирање. Солист ќе биде виолинистката Марија Солозобова, а диригент Конрад ван Алфен од Холандија.

Двајца дипломати од МНР испратени во Софија да помогнат со процедурите по несреќата

SlobodnaEvropa.mk 

Кризен штаб во врска со автобуската несреќа функционира во Министерството за надворешни работи, информираат од Министерството. „Двајца наши вработени се упатени на испомош во Амбасадата на Северна Македонија во Софија со цел да помогнат околу сите процедури поврзани со трагичниот настан. За оваа цел, Министерството за надворешни работи отвори специјална телефонска линија (075 273 73) на која сите загрижени граѓани, роднини и членови на семејствата ќе можат да се обратат за дополнителен совет“, соопштуваат од Министерството. Читать дальше...

Обвинителот Јовески со бугарските истражители ќе го посетат местото на несреќата

SlobodnaEvropa.mk 

Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески денеска ќе се сретне со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов на местото на автобуската несреќа на автопатот Струма, во Бугарија. Средбата со Јовески, во изјава за БТА ја потврдил директорот на бугарската Националната истражна служба Сарафов. Двајцата ќе се сретнат на местото на несреќата на автопатот Струма, каде што ноќеска излета и се запали туристички автобус со македонски таблици. Во несреќата загинаа 46 луѓе, а седумиина се повредени. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Швентек отыграла у Соболенко три матчбола и стала самой молодой теннисисткой с 20 титулами с 2012-го






Зарема Салихова: в чемпионате "Спартаку" ловить нечего

Экс-футболист Мостовой о предложении от "Пари НН": будем думать и смотреть

«Динамо» – на первом месте. Перед заключительным днем 27-го тура таблица ЧР приобрела уникальный вид

Замминистра обороны Иванов просит отпустить его из СИЗО на Рублёвку: Не шутка, а ходатайство по делу