Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2021

Новости за 14.11.2021

ПП води на парламентарните, Радев на претседателските избори во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Коалицијата Продолжуваме со промените води пред партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов на денешните парламентарни избори во Бугарија, покажуваат излезните анкети. Никој нема апсолутно мнозинство и ќе мора да се формира коалициска влада.

Излезноста на изборите во Косово 38 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Околу 38 отсто од гласачите гласале на вториот круг од локалните избори во Косово, покажуваат податоците на Централната изборна комисија. Вториот круг на гласањето се одржуваше во 21 од вкупно 38 локални административни единици, на колку што е поделено државата. На првиот круг од изворите, кој се одржа на 17 октомври, беа избрани 17 градоначалници. Право на глас во општините во кои имаше втор круг имаа вкупно 1.260.571 граѓанин, што е 66,85 отсто од запишаните гласачи на ниво на цело Косово, а... Читать дальше...

Македонските фудбалери изборија бараж за пласман на Светското првенство

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го победи Исланд со 3 – 1, и избори пласман во баражот за Светското првенство во 2022 година во Катар. Фудбалерите се вратија, Пандев жали што не освоиле барем бод на ЕП Македонија поведе во седмата минута со голот на Езџан Алиоски. Исланд израмни во 54 минута со голот на Јон Торстејнсон, по што следеа два гола на Елиф Елмас во 56 и 85 минута за конечни 3 – 1. Во 40-тата минута, после употребата на ВАР технологија, му беше поништен гол на Дарко Чурлинов поради офсајд. Читать дальше...

На гласањето во Дебар поголема излезност од првиот круг

SlobodnaEvropa.mk 

Во Дебар заврши гласањето во вториот круг од локалните избори. Се гласаше за кандидатот на ДУИ Хекуран Дука и кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива Беким Поцеста и двајцата лекари специјалисти, кои во првиот круг не успеаја да добијат потребен број на гласови. Претседателот на Општинската изборна комисија Рилинд Хаса за Радио Слободна Европа изјави дека до 19 часот кога заврши гласањето гласале вкупно 8.529 лица или 43 отсто од вкупниот број на избирачи кој изнесува 19.211 . Во споредба... Читать дальше...

Нови 285 заразени со ковид и вкупно осум починати

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа регистрирани се 285 нови случаи на ковид-19 од направени 2.667 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје има 110 нови случаи, Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1. Регистрирани сe 328 оздравени пациенти. Во текот на... Читать дальше...

Австрија воведува забрана за движење на невакцинираните

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Австрија воведе забрана за движење на невакцинираните, која стапува во сила на полноќ, заради спречување на ширењето на коронавирусот. Според указот на Владата, на невакцинираните граѓани постари од 12 години им се забранува да ги напуштаат домовите во наредните 10 дена, освен поради основните активности, како што се одење на работа, во продавница, на прошетка или да се вакцинираат. Петличковски - Ги оправдувам рестрикциите за невакцинирани Властите се одлучија на тој чекор поради... Читать дальше...

Во Дебар се зголемува излезноста на гласачите

SlobodnaEvropa.mk 

Во попладневните часови се зголемува процентот на излезност на гласањето на денешниот втор круг за градоначалник на Дебар. Според Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија до 15 часот правото на глас го оствариле 29 отсто од вкупниот број запишани во единствениот избирачки список, што е за четири проценти повеќе од првиот изборен круг. Во Дебар втор круг локални избори за градоначалник „Од вкупно запишаните 19.211 гласачи правото го оствариле 5.561 граѓани или 29 отсто, што... Читать дальше...

Пожар над Мирковци, во гаснењето вклучен и хеликоптер

SlobodnaEvropa.mk 

Избувна пожар над скопското село Мирковци на падот за село Бродец во општина Чучер Сандево. „Поради комлексноста на состојбата и поради тоа што пожарот од едната страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка од воздух. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов преку секторот за операции и координација во ЦУК веднаш покрена постапка за подигање на армиски хеликоптер. Од... Читать дальше...



Почина 26-годишна родилка, бебето извадено со царски рез

SlobodnaEvropa.mk 

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” во Чаир синоќа почина родилка на возраст од 26 години, на која со царски рез и било извадено машко бебе, соопшти Министерството за здравство. По иницијалната стабилизација, бебето е префрлено на Клиника за детски болести. Починаа две родилки позитивни на ковид-19, едното бебе е добро, другото е на респиратор Во соопштението се посочува дека пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болницата била донесена во многу тешка здравствена состојба... Читать дальше...

Се преврте комбе со мигранти во Србија, двајца загинати, 20 повредени

SlobodnaEvropa.mk 

Во сообраќајна несреќа која се случила синоќа пред полноќ во Пирот загинале две лица, а 20 се повредени. До несреќата дошло кога, комбито со мигранти, во обид да избегне полициска контрола, удрило во столб и се превртело на кров. Мигранти ја пробиле оградата на границата со Полска Во возилото имало 22 илегални мигранти. Двајца мигранти загинале, а четворица се потешко повредени. Во пиротската болница велат дека меѓу повредените има 19 странци и еден српски државјанин. Мигрантите главно биле малолетни. Читать дальше...

Десетици убиени во нов затворски бунт во Еквадор

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 68 затвореници се убиени, а 25 се повредени во новиот бунт во затвор во Еквадор. Во истиот затвор претходно годинава загинаа десетици затвореници во судири меѓу ривалски банди. Бунтот во затворот Литорал во пристанишниот град Гвајакил започнал доцна на 12 ноември како територијален спор меѓу ривалски групи, откако предвреме беше ослободен водач на банда. Осуммина мртви во затворски бунт поради коронавирусот во Шри Ланка Насилството продолжи до 14 ноември, кога полициските единици... Читать дальше...

Синот на Гадафи – кандидат на претседателските избори во Либија во декември

SlobodnaEvropa.mk 

Синот на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи, Сеиф ел-Ислам, се кандидира на претседателските избори закажани за декември, изјави претставник на изборната комисија за локалните медиуми. Тој ја поднел кандидатурата во канцеларијата на Изборната комисија во Сабха“ во југозападна Либија. Ривалските страни во Либија потпишаа договор за повлекување на странските борци Земјата потона во хаос за време на бунтот во 2011 година, кога беше соборен и убиен долгогодишниот лидер Моамер Гадафи. Во... Читать дальше...

Мигранти ја пробиле оградата на границата со Полска

SlobodnaEvropa.mk 

Група од околу 50 мигранти ја пробиле оградата на границата со Белорусија и влегле во Полска, соопшти денеска полската полиција. „Вчера пред 17 часот, околу 50 луѓе упаднаа во Полска во близина на селото Стажина“, соопшти полската полиција на Твитер. Од полицијата додаваат дека се уапсени 22 државјани на Ирак. Полицијата соопшти дека на 13 ноември вечерта, во текот на одвоени обиди да се премине границата, биле нападнати полицајци, при што на еден му бил оштетен шлемот откако бил нападнат со камења. Читать дальше...

Договорени сите активности на „Отворен Балкан“ до Самитот во Тирана

SlobodnaEvropa.mk 

На состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Ниш, на кој се одржаа низа средби на министри од владите на Македонија, Србија и Албанија, потпишан е Заклучок од работните средби, во кој се дефинирани сите активности што ќе бидат спроведени до Самитот во Тирана на крајот на декември, објави на Инстаграм српскиот министерот за финансии Синиша Мали по завршувањето на дводневниот собир. Во Ниш продолжуваат состаноците на Отворен Балкан Според Мали, овие активности ќе придонесат за олеснување на трговијата... Читать дальше...

До 11 часот на изборите во Дебар 8,2 отсто излезност

SlobodnaEvropa.mk 

Гласањето во вториот круг за избор на градоначалник на општина Дебар се одвива тековно, без проблеми, со зголемена излезност на гласачите споредено со првиот круг. По поразот од ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, Заев поднесе оставка „Изборниот ден минува без проблеми. Излезноста се зголемува, така што правото на глас до 11 часот го имаат остварено 1.578 граѓани или 8,2 проценти од вкупното гласачко тело. Во првиот круг, до 11 часот гласаа 1.293 лица“, изјави потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јованка Јосифовска. Читать дальше...

Владата му префрлила 65 милиони евра на ЕСМ за набавка на струја

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека од буџетот веќе му се префрлени 4 милијарди денари, односно околу 65 милиони евра, на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за обезбедување дополнителни количества електрична енергија, вклучително и балансна енергија. Струјата сигурно ќе поскапи, а политичка одлука ќе биде за колку Во интервју за МИА, Бесими вели дека состојбата се следи и оти очекувањата се дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира најдоцна до средината на наредната година. Читать дальше...

Пендаровски – Да се почека да се види како ќе се развива политичката ситуација

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски синоќа порача дека треба да се почека од понеделник за да се види како ќе се развива ситуацијата по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата. „Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова мнозинство што е досега“, изјави шефот на државата. Опозицијата не успеа, владата на Заев преживеа Во врска со можноста за одржување на лидерска средба, Пендаровски посочи... Читать дальше...

Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Три лица загинаа во пожар во ковид-одделение во болница во Сливен, Бугарија. Сигналот за пожар на ковид-одделението бил примен во 02:39 часот. Целото одделение на болницата во градот Сливен горело. Комплекс на пропусти и одговорности за пожарот во тетовската болница Во болница се испратени две противпожарни екипи. За време на гаснењето на пожарот биле пронајдени две лица кои починале на самото место. Третиот пациент со амбулантно возило бил пренесен во Медицинскиот центар во Сливен со повеќе изгореници... Читать дальше...

Радев - Почетокот на преговорите зависи од Македонија, а не од следната бугарска влада

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Бугарија Румен Радев, кој е и кандидат за втор мандат за шеф на државата, коментираше дека почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската унија нема да зависи од следната бугарска влада, туку од самата Македонија. Претседателски и парламентарни избори во Бугарија Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Радев „клучно за почеток на преговорите со ЕУ за РС Македонија е почитувањето на правата на македонските Бугари, искоренувањето на говорот на омраза... Читать дальше...

Новости России
Москва

Композитор Классической музыки Сергей Брановицкий представляет произведения классической музыки.


Втор круг од локалните избори во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Во Косово денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалници. Денеска се гласа во 21 од вкупно 38 локални административни единици, на колку што е поделено Косово. Премиерот на Косово Курти „задоволен“ од резултатите во првиот круг на локалните избори Во првиот круг, на 17 октомври, убедлива победа извојува партијата на косовските Срби, Српска Листа, која ги доби сите девет општини со мнозинско српско население во Косово. Во четири општини победија кандидатите на најголемата опозициска партија... Читать дальше...

Претседателски и парламентарни избори во Бугарија

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Бугарија во истовреме се одржуваат парламентарни и претседателските избори. Ова се трети парламентарни избори во Бугарија во последните седум месеци. Централната изборна комисија на Бугарија во последен момент одлучи да ги преброи контролните ливчиња од гласањето со машини, за да има гаранција за правичноста на изборите. Две партии поради тоа поднесоа жалба до Врховниот управен суд на Бугарија. Избори во Бугарија: најверојатен исход -„семафор коалиција“ Се гласа со 13 илјади машини... Читать дальше...

Временска прогноза - Облачно со утринска магла, можен дожд во западните делови

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со поголема облачност во западните делови каде што ќе има и услови за појава на краткотраен дожд. Во претпладневните часови по котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб јужен ветер и со појава на магла наутро. Максималната температура ќе достигне до 12 степени. Во следните денови во... Читать дальше...

Петличковски - Ги оправдувам рестрикциите за невакцинирани

SlobodnaEvropa.mk 

Од она што го гледам, рестриктивните мерки повеќе даваат резултат, а тие значат забрана за посета на затворени простории, задолжително тестирање на трошок на оној кој не се вакцинирал, лекување во случај на заболување на трошок на тој кој не се вакцинирал. Јас ги оправдувам сите вакви мерки, коишто ќе ја зголемат стапката на вакцинација, бидејќи според сите научни докази вакцинацијата е најјасниот излез од кризата, вели доктор Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија.

Петличковски – Вакцините функционираат одлично, но има малку вакцинирани

SlobodnaEvropa.mk 

Вакцините не се прифатени со таков ентузијазам кој се очекуваше, бидејќи доказите се недвосмислени дека вакцините функционираат одлично. Во целиот свет таму каде што стапката на вакцинација е над 70 проценти нема смртни случаи поврзани со ковид-19, вели доктор Александар Петличковски.

Владата наименува повереници во Маврово-Ростуше и Центар Жупа

SlobodnaEvropa.mk 

Поради немање цензус на локалните избори кои се одржаа на 17 октомври, во руралните општини Центар Жупа и Маврово- Ростуше не се избрани градоначалници, па Владата наименува повереници. За општина Центар Жупа владин повереник е Арјан Ибраим, инаку досегашен градоначалник на општината. Тој на локалните избори имаше над илјада гласови повеќе од неговиот противкандидат Шаин Шакир, но поради големата миграција на населението, немаше цензус од  една третина од вкупниот број на гласачи.    Владата... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Ига Свёнтек

«Ну и кто сказал, что женский теннис — это скучно?» Свёнтек — после матча с Соболенко






РЕН ТВ: один человек пострадал в результате стрельбы в Калуге

Яд в банках: в популярных марках кофе Росконтроль выявил фальсификаты

Мужчину госпитализировали после стрельбы в Калужской области

ФСБ рассекретило свидетельство адъютанта Гитлера: СССР помог союзникам в битве при Арденнах