Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Январь
2022

Новости за 21.01.2022

Ќе се согласат ли партиите за промена на изборниот модел?

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се за отворање на дебата за воведување на една изборна единица. Но, не се знае ставот на ДУИ и Алтернатива. Од Алијанса за Албанците сакаат поинаква промена на изборниот модел. Ќе се договорат ли партиите по ова прашање?

Главниот администратор на УСАИД во Сараево

SlobodnaEvropa.mk 

Главниот администратор на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) Саманта Пауер, која престојува во дводневна посета на Босна и Херцеговина денеска ќе се сретне со членовите на Претседателството на БиХ. „Ќе се сретнам со нив за да разговарам за неопходните реформи за политичките и економските структури во БиХ, реформи од кои ќе имаат корист сите граѓани на оваа земја“, изјави таа, нагласувајќи го пријателството на САД со народот на БиХ. „За мене е важно да ја пренесам пораката на претседателот Бајден... Читать дальше...

НАТО ја почна надградбата на воздухопловната база во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

НАТО ја започна реконструкцијата на албанската воздухопловна база Кучова од времето на комунизмот, што ќе ѝ овозможи за операции на Алијансата. Надградбата на базата од 45,8 милиони евра вклучува обнова на пистите, патишта и магацини. Базата во Кучова, 80 километри јужно од главниот град Тирана, ќе ѝ служи на Албанија и ќе обезбеди логистичка поддршка, полициски надзор, обука и вежби за поддршка на операциите за воздушно снабдување на НАТО. САД ќе отворат штаб за специјални операции во Албанија... Читать дальше...

Ескобар ја потврди поддршката на САД за актуелната црногорска влада

SlobodnaEvropa.mk 

САД ја поддржуваат актуелната црногорска влада сѐ додека е посветена на евроатлантскиот пат и бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и економската благосостојба на граѓаните, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар по средбата со црногорскиот министер за финансии Милојко Спајиќ. „Секоја влада што е на тој пат има поддршка од Соединетите Држави“, рече Ескобар, се вели во соопштението на црногорското Министерство за финансии. Ескобар, како што се додава... Читать дальше...

Иран, Русија и Кина ќе одржат заеднички поморски вежби

SlobodnaEvropa.mk 

Иран, Русија и Кина денеска одржуваат заеднички поморски вежби на северот на Индискиот океан, објавија иранските медиуми, наведувајќи дека трите земји се здружуваат соочени со зголемениот притисок од САД и нивните сојузници околу Украина. Портпаролот на војската на иранските вооружени сили изјави за полуофицијалната новинска агенција ИСНА дека целта на вежбите е „да се зајакне безбедноста во регионот“. Маневрите, наречени 2022 Marine Security Belt, ќе бидат трети заеднички поморски вежби меѓу трите земји од 2019 година и ќе продолжат во иднина... Читать дальше...

Српската влада ја прекина соработката со Рио Тинто

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Србија донесе одлука да ја прекине соработката со меѓународната рударска компанија „Рио Тинто“, потврди премиерката на Србија, Ана Брнабиќ. „Сите управни акти поврзани со Рио Тинто, односно (фирмата ќерка) Рио Сава, сите дозволи, решенија, решенија се поништени. Ги исполнивме сите барања на еколошките протести, и ставивме крај на Рио Тинто во Република Србија“, изјави премиерот на Србија, по седницата на Владата на Србија. Рио Тинто планираше да изгради рудник за литиум во западна Србија, а проектот го доби името Јадар. Читать дальше...

Блинкен и Лавров ќе разговараат во Женева

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска во Женева ќе разговараат за безбедносните гаранции што Москва ги бара од Западот. Според информациите, двајцата дипломати се договориле за средбата во телефонски разговор во вторникот. Блинкен во средата престојуваше во Украина, а вчера во Берлин на разговори со германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, како и на состанок со Трансатлантската четворка во која се вклучени САД, Британија, Франција и Германија. Читать дальше...

Времето денеска: облачно со повремени врнежи од снег

SlobodnaEvropa.mk 

Облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде од минус 5 до 4 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 1 степен.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Виктория Азаренко

Андреева назвала важнейшей в карьере победу над Азаренко на "Ролан Гаррос-2024"






Машинист электродепо «Красная Пресня» стал призером конкурса «Московские мастера»

Источник 360.ru: поезд в метро Москвы остановился после отключения электричества

Как похудеть на малине, советует гастроэнтеролог

Чумаков объяснил, почему семья Заворотнюк отказалась от последней терапии