Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2023

Новости за 07.07.2023

Комесарката Мијатовиќ со писмо до пратениците за законско признавање на трансродовите лица

SlobodnaEvropa.mk 

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, упати писмо до македонското Собрание во кое силно ги охрабрува напорите да се донесе легислатива во согласност со стандардите на Советот на Европа за законско признавање на родот на трансродовите лица.   Писмото е упатено до претседателот на Собранието Талат Џафери, до претседателката на Комисијата за политички систем Соња Мираковска, до претседателката на Законодавно-правната комисија Снежана Калевска-Ванчева и до пратеничката-известувач за законските измени Маја Морачанин. Читать дальше...

Рудник „Иловица - Штука“ со владин амин „преку ноќ“

SlobodnaEvropa.mk 

Жителите на југоистокот од државата долги години водеа битка против изградба на рудникот за злато и бакар „Иловица - Штука“. Работите „преку ноќ“ добија друг тек, а активистите гледаат политичко – партиска заднина, што ја поврзуваат со компанијата „Еколог“ на семејството Дестани.

Министерството за здравство ќе го истражува случајот со родилката која се обиде да се самоубие

SlobodnaEvropa.mk 

После комисијата од државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и комисија од Министерството за здравство ќе врши увид во Клиниката за Гинекологија и акушерство (ГАК) каде родилка се обиде да си го одземе животот откако се породи. Од Министерството за здравство известуваат дека на барање на министерот Фатмир Меџити формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје, информираат од МЗ. Таа ќе биде составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од министерството... Читать дальше...

Министертвото за здравство ќе казнува лекари кои го „злоупотребуваат“ Мој термин

SlobodnaEvropa.mk 

Од август сите матични лекари ќе може да препишуваат хронична терапија. Здравствените власти се надеваат дека со оваа мерка ќе се ослободат повеќе места во Мој термин оти голем дел од пациентите закажуваат термини само за да препишат терапија кај специјалистот. Од МЗ најавуваат и построги контроли, но и санкции за лекарите кои „намерно“ не отвораат термини за пациентите

Најмалку 6 загинати при експлозија во руска фабрика

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку шест лица загинаа во експлозија што потресе фабрика за експлозиви во централна Русија, јавува руската новинска агенција Тасс.  Силна експлозија ја потресе најголемата руска фабрика за индустриски експлозиви „Промсинтез“ во Чапаевск, во регионот Самара, објави рускиот канал Rybar Telegram, каде што најмногу пишуваат руските воени блогери. Според информациите од итната помош шест лица загинале, а двајца се ранети. „Експлозијата се случи за време на демонтирање на опремата за време... Читать дальше...

По трет пат неделава, Земјата поставува рекорд во раст на просечна температура

SlobodnaEvropa.mk 

Зголемувањето на просечната температура на Земјата постави нов неофицијален рекорд во четвртокот. Ова е трета таква пресвртница во една недела која веќе беше оценета како најжешка досега. Според податоците од Климатскиот реанализатор на Универзитетот во Мејн, алатка која користи сателитски податоци и компјутер симулации за мерење на состојбата во светот, просечната температура бележи серозен пораст.  Тој просек ги вклучува местата како Џингсинг, Кина, каде е забележано 43,3 степени Целзиусови и на Антарктикот... Читать дальше...

Таткото на исчезнатото момче Самоил, ранет пред својот дом

SlobodnaEvropa.mk 

Ранет е таткото на исчезнатото момче Самоил Костадиновски, Љупчо при вооружен напад  пред неговиот дом рано утринава во скопската населба Аеродром, потврди полицијата.  „Повредениот бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР. Таткото на Самоил, Љупчо Костадиновски, во јавноста нудеше парична награда за пронаоѓањето на неговиот син. Неговиот син беше пријавен за исчезнат на 3 март. Читать дальше...



Најмалку 15 убиени при напад во Мјанмар

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Мјанмар, контролирана од војската, ги обвинува продемократските борци за убиство на 15 цивили во ноќен минофрлачки напад во немирна централна област на земјата. Овие обвиненија герилската група ги негираше. Власта тврди дека „ таканаречените сили за народна одбрана“ нападнале село во јужниот дел на државата со рачно изработени минофрлачи, при што загинаа 15 лица, а беа повредени седум други, меѓу кои и тројца монаси. Овие вооружени групи се појавија низ земјата откако војската ја... Читать дальше...

Илон Маск се заканува со тужба против Марк Зукерберг

SlobodnaEvropa.mk 

Твитер се закани дека ќе ја тужи Мета само неколку часа откако матичната компанија на Инстаграм го лансираше Threads, апликација за која се надева дека ќе ја победи компанијата во сопственост на Илон Маск. Во писмото до извршниот директор на Мета, Марк Зукерберг, објавено од онлајн медиумот Семафор во четвртокот, адвокатот на Маск Алекс Спиро ја обвини компанијата за „незаконско присвојување на трговските тајни на Твитер и друга интелектуална сопственост“. Во писмото се обвинува Мета дека вработил десетици поранешни вработени во Твитер... Читать дальше...

Од понуда за работа во Турција до жртва на трговија со луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Дијана К. од Киргистан, обвини три жени дека ја намамиле во трговија со луѓе. Прво и понудиле работа во Турција, а кога стигнала таму сфатила дека била измамена. Нејзината наивност ја чинело развод и борба за старателство над децата.

Политичките партии, парите и бизнисите на недопирливите

SlobodnaEvropa.mk 

Њузлетер 07.07.2023 - Колку пари добија политичките партии од буџетот на државата? Кој може да ги истражи стекнатите имоти на врвните политичари и нивните блиски? Градежни работи на автопатишта во ек на туристичка сезона.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

«Титул, которым я горжусь больше всего»: Рублёв одолел Оже-Альяссима и выиграл второй турнир серии «Мастерс» в карьере






Московский НПЗ «Газпром нефти» вошел в пятерку лучших работодателей России

Выставка к 245-летию МИИГАиК открылась на станции метро «Воробьевы горы»

Ушаков: Путин проведет 8 мая традиционный дружеский обед для лидеров стран СНГ

На высоком уровне. На KazanForum зарегистрировались 11 тысяч человек