Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2023

Новости за 17.07.2023

Вархеји од Тирана: Посветени сме на спроведување на нова стратегија за раст за Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, денеска во Тирана, се сретна со премиерите на петте земји од Западен Балкан, посочувајќи дека ЕУ е посветена на брзо спроведување на стратегијата за раст на регионот. „Албанскиот премиер Еди Рама ме покани во Тирана да разговараме за тоа како да се забрза економската и социјалната интеграција на шесте земји од Западен Балкан. Заедно со премиерите на Албанија, Србија, Северна Македонија и Црна Гора, разговарав и за новата стратегија за раст за Западен Балкан. Читать дальше...

„Вајмарската тројка“ министри уверува - уставните измени нема да донесат нови бугарски барања

SlobodnaEvropa.mk 

Тројцата министри од Германија, Полска и Франција, при денешната посета, како што ја нарекоа „во критична фаза за иднината“ на Северна Македонија, побараа сите политички лидери да ги подржат усгтавните измени. Тоа, според нив, ќе значи “да“ за подобра европска иднина.

Забрана за работа на 30 компании поради непочитување на мерките за топлото време

SlobodnaEvropa.mk 

Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Тренчевска рече дека поради новите владини мерки и препораки за заштита на граѓаните од високите температури во изминантите неколку дена Државниот инспекторат за труд бил постојано на терен, при што од вкупниот број на надзори, кај 30 работодавачи биле изречени забрани за вршење на работа. Читать дальше...

Владината одлука за спојување на концесиите за Иловица може да се поништи

SlobodnaEvropa.mk 

Владата најави дека утре ќе ја преиспитува одлуката за спојување на концесиите на „Еуромакс ресурсес“, за рудникот Иловица-Штука. Таа има правна можност да ја повлече својата одлуката и да ја стави вон сила, велат правни експерти, но „оштетената страна“ има исто така можност повторно да тужи.

Поплави и невреме во Њујорк, откажани летови на трите главни аеродроми

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 1 600 летови се откажани на три главни аеродроми – во Њу Џерси и на аеродромите Џон Ф. Кенеди и Ла Гвардија поради силните дождови и поплавите што ја погодија државата Њујорк. Најмногу летови се откажани во Њу Џерси, каде околу 30 отсто од сите планирани летови доцнеле, а патниците кои успеале да слетаат го чекале багажот повеќе од два часа, додека многу патници го загубиле, пишува Њујорк пост. На аеродромот ЏФК откажани се 331, а на Ла Гвардија 281 лет. Невреме со грмотевици, силен... Читать дальше...

Најмалку седуммина загинати при уривање на зграда во Каиро

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку седум лица загинаа денеска при уривање на станбена зграда во Каиро, јавија египетските државни медиуми додавајќи дека спасувачите сѐ уште ги пребаруваат урнатините. Египетската државна новинска агенција МЕНА јави дека спасувачките тимови извлекле најмалку седум тела од под урнатините на четирикатната зграда во квартот Хадек ел-Кубах во Каиро. Четворица преживеани биле извлечени и префрлени во болница, а надлежните служби ја евакуирале соседната станбена зграда. Засега не е познато што го предизвикало уривањето на зградата.

Курти нема да присуствува на средбата на лидерите од ЗБ во Тирана

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти нема да учествува на неформалниот состанок на лидерите на Западен Балкан што ќе се одржи на 17 јули во Тирана, главниот град на Албанија. Оваа информација ја потврди портпаролот на Владата на Косово, Прпарим Круезиу, со образложение дека премиерот има и други обврски во Грција. „Премиерот Курти го информираше премиерот на Албанија Еди Рама дека нема да може да оди овој пат на средбата, бидејќи пред неколку месеци го потврди своето учество на конференција на Крит... Читать дальше...

Меџити ја почна процедурата за формирање на ново движење

SlobodnaEvropa.mk 

Изет Меџити, еден од членовите на досегашната фракција внатре во ДУИ и пратеник, за МИА потврди дека од денеска ја почнува процедурата за формирање на ново движење. „Сѐ уште не сме размислувале за името на движењето. Дебатата е отворена и очекуваме да стигнат иницијативи од граѓаните, изјави Меџити за МИА.  Во петокот за албанската телевизија „Визион плус“, Меџити истакна дека нема да биде формирана класична партија, туку движење кое ќе го артикулира различното размислување внатре во Демократската унија за интеграција. Читать дальше...



Кој ве „демне“, според новиот Кривичен законик, може да оди и во затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Единствениот случај за кој е поднесено обвинение за демнење е на двајца сопружници кои пријавиле дека ги „демне“ човек кого го познавале. Обвинителството го гони, но се уште не стигнал до судење. Казната е од парична до пет години затвор. Кого може да пријавите за „демнење“ или кој е „демнач“?

Во град во Кина измерени 52,2 степени Целзиусови

SlobodnaEvropa.mk 

Во град во северозападна Кина измерена е температура од повеќе од 52 степени Целзиусови во неделата, објавија државните медиуми, со што се постигна рекорд во земјата која се бореше со минус 50 степени пред само шест месеци. Рекордната температура во градот Санбао во Ксинџијанг се очекува да трае уште најмалку пет дена. Температурата во неделата го собори претходниот рекорд од 50,3 степени, измерен во 2015 година во близина на Ајдинг во овој голем слив со песочни дини и исушени езера кој е повеќе од 150 метри под морското ниво. Читать дальше...

Пожар на аеродромот во Катанија, откажани сите летови до среда

SlobodnaEvropa.mk 

На меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во градот Катанија на Сицилија ноќеска избувнал пожар, што набрзо бил изгаснат. Сите летови од аеродромот се откажани до 19 јули до 14 часот, соопшти компанијата што управува со тој аеродром SAC. Пожарот, што избувнал синоќа во 23 часот и 29 минути и веднаш бил пријавен кај пожарникарите, за кусо време бил изгаснат, а патниците биле евакуирани од аеродромската зграда полна со чад. Новинската агенција Анса објави дека по избувнувањето на пожарот, во долниот дел од зградата се појавил густ чад... Читать дальше...

Авганистански мигранти „берат“ подобар живот на плантажите за турски чај

SlobodnaEvropa.mk 

Со условите за живот кои продолжуваат да се влошуваат под режимот на Талибанците, авганистанските мигранти ја напуштаат својата земја во потрага по подобар живот каде и да го најдат, вклучително и на плантажи за чај во Турција.

Министерите од „Вајмарската тројка“ во посета на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, денеска во земјава се министрите за Европа на Германија, Франција и Полска. Министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“, денеска се во посета на Скопје... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

WTA огорчила Елену Рыбакину после турнира в Мадриде






В метро Москвы запустили поезд ко Дню Победы

Предприниматель из Нью–Джерси Луи Пинконе, соучредитель Astro Pizza, угощает молодоженов пиццей на Ленинских горах, 1988 год, Москва

Посол РБ в РФ Крутой: страна заинтересована в программах России по беспилотникам

Врач из Видного Асанов: перед ЕГЭ стоит отказаться от фастфуда