Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Июль
2023

Новости за 16.07.2023

Младиот шпанец Алкараз го победи Ѓоковиќ на Вимблдон

SlobodnaEvropa.mk 

Шпанецот Карлос Алкарез го победи седумкратниот побединик на Вимблодн српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на Вимблдон. Натпреварот заврши со победана Алкарез со три сета наспроти два во повеќе од четири часовната игра. Дваесет годишниот Алкараз се прегрупираше од лошиот прв сет и спаси сет поен во вториот за да победи во сензационална битка на тениските генерации против својот 36-годишен противник во 4 часа 42 минути на првиот меч. Младиот Алкараз стана трет- најмладиот шампион на првенството на Вимблдон после Борис Бекер и Бјорн Борг . Читать дальше...

Заеднички систем за наплата на патарина во Македонија и Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Преку заеднички систем на наплата патарините во Србија и Северна Македонија од денеска можат да се плаќаат  со ТАГ уред. Тоа значи дека патниците нема да мора да застануваат на патарините за да плаќаат, туку ќе им се наплатува преку уредот во двете земји. Овој систем е дел од проектите на иницијативата „Отворен Балан “ и со него ќе се овозможи непречено движење преку териториите на двете земји истакнаа на промоцијата на проектот  македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ, со овој систем. Читать дальше...

Азербејџан ја критикува Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи на Азербејџан ја критикуваше Москва, велејќи дека таа „не обезбеди целосна имплементација“ на договорот со кој беше воспоставен прекин на огнот меѓу Азербејџан и соседна Ерменија во септември 2020 година. Министерството во соопштението посочи дека Москва „не направила ништо“ за да ја спречи Ерменија да испраќа воена помош за сепаратистите поддржани од Ереван во отцепениот азербејџански регион Нагорно-Карабах. Оваа изјава дојде еден ден откако азербејџанскиот... Читать дальше...

Ковачевски- Рудник во Иловица нема да има, ако не сакаат граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

Нема да има рудник ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија, е ставот на Владата изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по вчерашните протести на струмичани за концесиите за рудникот Иловица- Штука. Тој истакна дека концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека СДСМ и денес е против отворање на рудници. Вчерашниот протест беше организиран по информацијата дека Владата донела одлука за спојување... Читать дальше...

Најмалку 35 лица загинаа во поплавите во Јужна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачите се борат да стигнат до луѓето заробени во поплавен тунел на 16 јули во Јужна Кореја, откако обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето. Јужна Кореја е на врвот на летната сезона на монсуните, а во последните четири дена обилните врнежи предизвикаа излевање на голема брана. Полицијата соопшти дека загинале 35 лица, а уште 10 се водат за исчезнати, главно во затрупани одрони. Спасувачите се уште се борат да стигнат до повеќе од 10 автомобили заробени во подземен тунел од 430 метри во Чеонгџу... Читать дальше...

ЕУ-Азербејџан и Ерменија да се воздржат од насилство

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија (ЕУ) ги повика Азербејџан и Ерменија да се воздржат од насилство и остра реторика за време на последната рунда преговори во мировниот процес во кој Русија исто така се обидува да ја задржи водечката улога, пишува новинската агенција Ројтерс. Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на 15 јуни во Брисел беше домаќин на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, со цел да се стави крај на повеќе од тридецениските непријателства. Од распадот на Советскиот Сојуз... Читать дальше...

Пеколните горештини уриваат рекорди

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици милиони луѓе се борат со опасно високи температури ширум светот на 16 јули, додека прогнозите за рекордно толло време надвиснуват над САД, Европа и Азија, како најново регистрирана последица од глобалното затоплување.

Израелскиот премиер од болница изјави дека се чувствува добро

SlobodnaEvropa.mk 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео изјава од медицинскиот центар „Шеба“ во близина на Тел Авив каде што беше хоспитализиран поради дехидрација и рече дека се чувствува „многу добро“.  „Вчера бев со сопругата на Галилејското Море, на сонце, без капа, без вода. Не беше добра идеја“, рече Нетанјаху и им се заблагодари на медицинските тимови кои се грижат за него. Долгогодишниот израелски лидер бил однесен во болница на 15 јули, откако се чувствувал вртоглавица од дехидрација, соопшти неговиот кабинет. Читать дальше...



Топлотниот бран ќе донесе рекодно високи температури

SlobodnaEvropa.mk 

Историски високи температури се измерени во Италија, од север до југ. Во 16 града е прогласен црвен метео аларам, а температурите се очекува да достигнат 36/37°C од Рим до Болоња уште пред врвот на топлотниот бран на почетокот на следната недела. Италијанската влада ги советуваше сите во областите со црвена тревога да избегнуваат да бидат на отворено во средината на денот и да водат посебна грижа за старите и ранливите. Италијанскиот метеоролошки институт стравува од „најинтензивниот топлотен бран на летото... Читать дальше...

Предупредување за цунами по земјотресот што ја погоди Алјаска

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Алјаска доцна во саботата по локално време, предизвикувајќи предупредување за цунами, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Плиткиот земјотрес се случи во 22:48 часот во саботата, на околу 89 километри југозападно од малиот град Сенд Поинт, додаде агенцијата. Националниот центар за предупредување од цунами во Палмер, Алјаска соопшти дека предупредувањето за цунами е на сила за јужна Алакса и полуостровот Алјаска. Читать дальше...

Сончево со температура од над 40 степени во некои делови од земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска ќе биде сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 38 степени. Од УХМР соопштуваат дека македонската територија и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Читать дальше...

Ѓорѓиевски - Град Скопје нѐ блокира на секое поле

SlobodnaEvropa.mk 

Долго време речиси не постои соработка со Град Скопје, вели градоначалниокт на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој семта дека преку расформирање на претпријатието „Комунална Хигиена“, ингеренциите треба да ги добијат скопските општини, за да се добие подобра хигиена во градот, но и да се избегнат партиски вработувања.

Ѓорѓиевски - Потребна е трансформација на „Комунална Хигиена“

SlobodnaEvropa.mk 

Со трансформација на претпријатието „Комунална Хигиена“, кое што за жал во моментов не си ги врши како што треба работите, од една страна ќе имаме почиста животна средина, а од друга тоа ќе чини многу помалку, вели за РСЕ градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓоргиевски.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
ATP

ATP представила новые правила парного тенниса






Матч ЦСКА - "Рубин" завершился со счетом 2:2

Фабричное здание конца XIX века сохранят при строительстве нового квартала в историческом районе Тишинки

Режим работы Московской канатной дороги временно изменится 9 мая

В Воронеже умер актер и бывший музыкант группы «Крематорий» Вячеслав Бухаров