Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2023

Новости за 03.08.2023

Се уште гори кај Богданци, изгорени над 500 хектари

SlobodnaEvropa.mk 

Големиот пожар кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот во близина на ветерниците, се засили доцна попладнево и покрај интервeнцијата на двата авиони „Ер трактор“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, авионите направиле повеќе од 19 прелети фрлајќи вода врз огнот, а интервенирал и хеликоптер на МВР. Од тимот за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување велат дека е изгорена над 500 хектари нискостеблеста шума... Читать дальше...

Ново повлекување на косовската полиција од општинските згради на северот

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција соопшти дека безбедносната состојба на северот е добра и дека во петок ќе започне втората фаза на повлекување на полицијата од и околу општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Оваа оценка е направена во соработка со Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС) и мисијата на НАТО на Косово (КФОР) како дел од договорот за деескалација на ситуацијата на северот. Договорот беше постигнат на 10 јуни од специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак и вицепремиерот на Косово Бесник Бислими. Читать дальше...

Институт за доење: Мајките да можат да дојат и во работно време

SlobodnaEvropa.mk 

Да се покрене иницијатива со кои на мајките да им бидат овозможени сите потребни услови да ги дојат своите бебиња и за време на работното време, како и во други јавни простории, побараа денеска, 3 август 2023, од Институтот за доење во рамките на Светската недела на доењето за да се подигна свеста за значајноста на мајчиното млеко и кое има исклучително значење во здравиот развој на детето.  Д-р Мими Кимовска Христова, претседателка на Институтот, вели дека мајчиното млеко според хранливоста не... Читать дальше...

Жителите на Слупчане и ЕВН на преговори во Липково

SlobodnaEvropa.mk 

Трае состанокот меѓу претставници од компанијата „ЕВН“, општина Липково и жителите од Слупчане, потврдија за МИА и од „ЕВН“ и жителите на липковското село. На состанокот треба да се разгледаат барањата на жителите и дали тие се прифатливи за „ЕВН“. Од „ЕВН“ најавија детали по завршување на состанокот. По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане во два наврати на почетокот и крајот на јули, компанијата и жителите склучија договор на 27 јули. Од ЕВН тогаш кажаа дека поголем процент од домаќинствата во Слупчане не плаќаат струја. Читать дальше...

Синдикатот на Клинички предупредува: Регулирани плати или протест и тужби

SlobodnaEvropa.mk 

Состојбата во јавното здравство е алармантна доколку ги имаме предвид платите на здравствените работници, проблемите со специјализантите, поставеноста на Клиничкиот центар и вработувањето партиски кадри. Ова денеска го порача Синдикатот на Клинички центар на кој му се приклучи и Иницијативниот одбор на независниот докторски синдикат наречен „Хипократ“. Претседателот на Синдикатот на Клинички, Предраг Серафимовски, на прес-конференција рече дека очекуваат со августовската плата да има усогласување... Читать дальше...

Пронајдено телото на давеникот во езерото Глажња

SlobodnaEvropa.mk 

Телото на давеникот во вештачкото езеро Глажња беше пронајдено и извлечено денеска, 3 август, околу 15 часот, по шест дена од неговото исчезнување, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Во потрагата по 29-годишното момче кое исчезна во водите на Глажња на 29 јули трагаа нуркачи од специјалната полициска единица „Тигар“ и тим од осум нуркачи од армиските специјални „Волци“.

Инвеститорите се фалат, Уставен отвори предмет за згради кај „Треска“

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд го предаде на тим од советници и судии предметот за земјиштето каде што се наоѓа поранешната фабрика Треска. Иницијаторите бараат да се почитува генералниот урбанистички план, додека некои инвеститори почнаа јавна кампања за идните згради на овој простор.

МНР: Се работи на евакуација на наш државјанин од Нигер

SlobodnaEvropa.mk 

Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од нејзина ескалација, Министерството за надворешни работи (МНР) упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш. МНР денеска информираше и дека преку Амбасадата во Каиро работи на обезбедување евакуација за еден наш државјанин, кој има побарано помош. „Ги замолуваме нашите државјани кои се наоѓаат во Нигер... Читать дальше...



Николовски: Министерството за земјоделство има еден случај од ОЛАФ, кој не е поврзан со ИПАРД

SlobodnaEvropa.mk 

Проект од 2015 година, вреден 660 000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е случајот за кој Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите. Како што информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, не се работи за никаков договор или предмет поврзан со ИПАРД, туку за проектот што се реализирал преку ИПА поддршката за МЗШВ. Истрагата... Читать дальше...

Уставен суд оформи предмет за прекувремената работа на коридорите 8 и 10 Д

SlobodnaEvropa.mk 

Уставниот суд информира дека е формиран предмет за измените и дополнувањата на Законот за работните односи, по иницијатива што ја поднесе Хелсиншкиот комитет за човековите права. Со оспорените членови, како што е наведено во иницијативата, се напушта нивотo на заштита кое го нудат позитивните законски прописи и меѓународните конвенции и е обид да се наметне механизам за заобиколување на веќе поставените правила. Подносителите наведуваат дека се создава опасност од нееднаков третман на работниците... Читать дальше...

Бајден повика на итно ослободување на соборениот претседател на Нигер

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден повика на итно ослободување на избраниот претседател на Нигер, Мохамед Базум и за зачувување на демократијата во таа земја. „Повикувам претседателот Базум и неговото семејство веднаш да бидат ослободени и да се зачува тешко стекнатата демократија на Нигер“, рече Бајден на 3 август, по повод 63-годишнината од независноста на таа земја. „Народот на Нигер има право да ги избере своите лидери. Тие ја изразија својата волја преку слободни и фер избори и тоа мора да се почитува“, рече Бајден, a пренесе АФП. Читать дальше...

Отказ за бремена вработена - потврден прв случај на дискриминација

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потврди дека приватна фирма не и го продолжила договорот на вработена само поради тоа што e бремена. Дискриминацијата е забранета со повеќе закони и конвенции, но не ја препознал Трудовиот инспекторат. Жената правдата ќе ја бара и на суд.

АФП ја тужи платформата „Х“ на Маск

SlobodnaEvropa.mk 

Француската новинска Агенција Франс прес (АФП) објави дека во Париз поднеле тужба против платформата „Х“ на Илон Маск, порано позната како „Твитер“, обвинувајќи дека оттаму одбиваат да разговараат за можна исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција. Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет-платформи да влезат во преговори со издавачите коишто бараат компензација за вести. „АФП ја изрази својата загриженост поради јасното... Читать дальше...

Жените поподложни на последиците од топлото време

SlobodnaEvropa.mk 

Жените ќе го сносат товарот од екстремните горештини бидејќи почестите топлотни бранови на планетата која се загрева претставува се поголема закана за нивната работа, заработка и живот, предупредуваат истражувачите од Фондацијата Адриен Аршт-Рокфелер

Северна Кореја потврди дека го привела американскиот војник

SlobodnaEvropa.mk 

Северна Кореја потврди дека го привела Тревис Кинг во првиот одговор на барањата за информации за тоа каде се наоѓа американскиот војник, соопшти командата на ОН. Дваесет и тригодишниот војник ја преминал границата од Јужна Кореја на 18 јули додека бил на турнеја со водич. Командата на ОН одби да го елаборира одговорот за како што наведе,  да не се меша во напорите да го врати дома. Сепак, во одговорот се посочува дека Пјонгјанг можеби е подготвен да започне преговори. Командата на ОН, која ја надгледува демилитаризираната зона (ДМЗ)... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублев о победе на "Мастерсе" в Мадриде: у меня нет слов






Посол Польши в России Краевский не будет присутствовать на инаугурации Путина

Германия отозвала своего посла в РФ для консультаций

Задержание казахов в России: МИД республики дал официальный комментарий

Реакция иностранных генералов, пришедших посмотреть на сгоревшую технику НАТО в Москве