Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2023

Новости за 09.08.2023

Наградата „Ана Линд“ за белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја

SlobodnaEvropa.mk 

Наградата „Ана Линд“, востановена во спомен на поранешната шефица на шведската дипломатија, Ана Линд, годинава ќе ја добие лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановскаја, за нејзината борба за демократија, пренесуваат новинските агенции, повикувајќи се на соопштение од Фондацијата „Ана Линд“. Наградата е во вредност од 100.000 шведски круни (8.537 евра) и се доделува „главно на жени и млади луѓе кои, како Ана Линд, демонстрираат храброст во борбата против рамнодушноста, предрасудите... Читать дальше...

Слупчане и ЕВН се договориле како ќе плаќаат за струја, почна поправка на мрежата

SlobodnaEvropa.mk 

Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане, откако било договорено корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, информираа денеска, 9 август 2023, претставниците од Општината. Во однос на договорот со жителите од Слупчане, од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму, објави МИА. Претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини, вели дека активностите на терен течат согласно договорот. Читать дальше...

ЕУ нуди 400 милиони евра за помош на Словенија поради поплавите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, во средата 9 август 2023, понуди 400 милиони евра од солидарниот фонд на блокот како дел од пакетот помош за поплавената Словенија. Таа јасно стави до знаење дека, според неа, климатските промени одиграа улога во катастрофата. Четворица Словенци и двајца холандски туристи загинаа во минатонеделните поплави, кои поплавија и десетици илјади куќи. „Ќе ставиме на располагање 400 милиони евра, од кои 100 милиони оваа година и 300 милиони следната година од солидарниот фонд. Читать дальше...

Д-р Фридман: Македонскиот јазик е посебен словенски јазик, постои и ќе постои

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот јазик е посебен словенски јазик како бугарскиот, хрватскиот, српскиот. Сегашните проблеми ќе се решат некако, важното е дека македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои, и точка. Тоа го истакна проф. д-р Виктор Фридман од Универзитетот од Чикаго, еден од најголемите американски и светски слависти кому денеска во Охрид му беше врачена Светската награда на хуманизмот за 2023 година, објави МИА. Професорот Фридман забележа дека повеќе од јасно е оти македонскиот јазик се разликува... Читать дальше...

Норвешка евакуира илјадници луѓе од најтешките поплави во последните децении

SlobodnaEvropa.mk 

Норвешка евакуираше илјадници луѓе во средата (9-ти август), бидејќи реките во средата се издуваа на највисоко ниво во последните 50 години, а домовите и деловните објекти беа потопени или однесени од лизгање на земјиштето, јавува Ројтерс. Главните патишта беа затворени, а железничките услуги суспендирани во широки делови од јужна Норвешка, бидејќи реките се излеаа од нивните корита, а властите предупредија на дополнителни поплави во наредните денови, бидејќи водата се движи кон пониските крајбрежни региони. Читать дальше...

Судскиот совет ќе го испитува случајот со намалувањето на казната за велешанецот кој прегази дете

SlobodnaEvropa.mk 

Заради големата разлика во изречената казна, Судскиот совет најавува дека по годишните одмори, ќе го испита случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18-годишната затворска казна за Ангелче Николов, изречена од Основниот суд Велес за сообраќајна несреќа со смртни последици, е намалена на 8 години. Советот апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела... Читать дальше...

Германија се откажа од проектите во Република Српска, вредни 105 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Германската влада одлучи да суспендира четири инфраструктурни проекти во Република Српска, поради продолжување на „сецесионистичката политика на тој ентитет и неговиот претседател Милорад Додик“, соопштија во средата, на 9 август, германската амбасада во Босна и Херцеговина. „Германската федерална влада одлучи да дозволи четири инфраструктурни проекти, вредни 105 милиони евра, да истечат и на тој начин сукцесивно да се завршат“, се вели во соопштението. Меѓу проектите напуштени од германската... Читать дальше...

Обезбеден е лекот за конго-кримската треска

SlobodnaEvropa.mk 

Обезбеден е лек за конго-кримската хеморагична треска, а болничарката на инфективната клиника е во стабилна состојба. Оваа информација ја потврдија од Инфективната клиника во Скопје. „Веднаш го набавивме овој лек. Многу ретко се наоѓа, го има само во земји во кои има голем број на разболени пациенти. Искрено се надевам дека нема да имаме таква состојба за да го искористиме. Но, ако ни треба и тој лек го имаме. Лекот се дава само во ситуација, кога се нема друг избор, при исклучително тешка клиничка слика“... Читать дальше...



Руска новинарка за РСЕ: Не ме пуштија во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешната новинарка на рускиот студентски магазин „Докса“ Наташа Тишкевич тврди дека била затворена на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград околу 40 часа. Министерството за внатрешни работи на Србија не одговори на барањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) да ја потврди информацијата за затворањето на руската новинарка, како и да ја наведе причината поради која е затворена. Таа вели дека од Малта до Белград отпатувала на 7 август со помош на „Пасош за туристи“, кој и го издал Германија, каде што сега живее. Читать дальше...

Мигрантска приказна: Али најде мир во Скопје и љубов во Крива Паланка

SlobodnaEvropa.mk 

На само 13 години, Пакистанецот Алираза Куреши станал мигрант. Заминал од дома без документи и без родители, со намера да стигне во Германија. По неколку неуспешни обиди, стигнал до Северна Maкедонија каде живее веќе 5 години. Овде нашол и работа и љубов. Работи како преведувач бидејќи зборува девет јазици. Има 25 години и дозвола за привремен престој во земјава по хуманитарни причини, која ја обновува година за година, но вели, решен е да остане со надеж дека ќе добие македонско државјанство.

Во бродолом во близина на Италија загинаа 41 мигрант

SlobodnaEvropa.mk 

Вкупно четириесет и еден мигрант загинаа во бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза, информираа преживеаните во несреќата за локалните медиуми, пишува „Би-би-си“. Четворицата преживеани им кажале на спасувачите дека биле на брод што го напуштил Сфакс, Тунис и потонал на пат кон Италија. Четворицата преживеани, по потекло од Брегот на Слоновата Коска и Гвинеја, пристигнаа во Лампедуза во средата. Повеќе од 1 800 луѓе досега ги загубија животите оваа година преминувајќи од Северна Африка во Европа. Читать дальше...

Инфлација - јаз меѓу официјалните податоци и реалните трошоци за живот

SlobodnaEvropa.mk 

Инфлацијата во јули е намалена, но синдикалната потрошувачка кошничка истиот месец е зголемена. Владата се фали дека нејзините мерки даваат резултат против инфлацијата, но синдикатите и економските експерти сметаат дека реално намалување на цените нема.

АЕК бара исклучување на Динамо, уапсени уште пет хрватски навивачи

SlobodnaEvropa.mk 

Атинскиот фудбалски клуб АЕК побара од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) итно и строго да го казни Динамо Загреб, сметајќи го хрватскиот клуб одговорен за нападот на неговите навивачи во понеделникот вечерта во атинското предградие Неа Филаделфија, во кој беше убиен грчки државјанин. „АЕК не сака да игра натпревари „додека тече крвта на убиениот навивач и уште еден тешко повреден навивач. Дали лобирањето на Хрватите во рамките на УЕФА е поважно од човечките животи одземени од убијците? И... Читать дальше...

Ќучук: Без уставни измени, Северна Македонија ризикува да биде одвоена од Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Без спроведување на потребните реформи, Република Северна Македонија не може реално да ги започне преговорите за влез во ЕУ и  ризикува да се одвои од Албанија. Ова го коментира бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е копретседател на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија.  „Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, изјави бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС. Читать дальше...

Kонтроверзни судски пресуди за сообраќајки со трагичен крај

SlobodnaEvropa.mk 

Ангелче Николов кој ја прегази 11-годишната Магдалена во Велес најмногу за 8 години ќе излезе од затвор. Тој е само последниот во низата контроверзни одлуки на судовите кога сторители на исто дело добиваа ниски казни или дури и условни. Кои се другите случаи кои ја разгневија јавноста?

Лидерот на Нагорно-Карабах бара меѓународна помош за укинување на блокадата на коридорот Лачин

SlobodnaEvropa.mk 

Етничкиот ерменски лидер на отцепениот регион Нагорно-Карабах, Арајик Харутиунијан, побара од Меѓународната заедница итна акција за укинување на де-факто блокадата наметната од Азербејџан и спречување на, како што го нарече, „геноцидот врз народот на Нагорно-Карабах“. И Ерменија и сепаратистичките власти во енклавата рекоа дека Азербејџан го блокирал Нагорно-Карабах од декември, што резултирало со недостиг на храна, лекови и енергија. „Со ова итно обраќање, сигнализирам дека токму сега народот... Читать дальше...

Пензионерите протестираа за повисоки пензии

SlobodnaEvropa.mk 

Покачување на минималната пензија со минималната плата и линеарно зголемување на сите пензии побараа на денешниот протест пензионерите.  На протестот, кој се одржа во Жена парк, во Скопје пензионерите посочија дека не се работи за партиски, туку за егзистенцијален протест. Според нив, моменталната висина на пензиите не е доволна за пристоен живот. Согласно новата Методологија за пресметување на пензии, во март просечната пензија од  17 666 денари се зголеми на 19 150 денари. Согласно најавеното... Читать дальше...

Најмалку 33 мртви во поројните дождови во Пекинг

SlobodnaEvropa.mk 

Триесет и три лица загинаа, а 18 се водат како исчезнати по обилните дождови во Пекинг, соопштија кинеските власти. Неколку десетици луѓе загинаа и во поплавите што ја погодија северна Кина. Властите во Пекинг во петокот соопштија дека 147 лица загинале и исчезнале како последица на природни катастрофи во јули. Пекинг беше погоден од рекордни дождови во последните недели. Во најтешко погодениот Ментугу, област во западната периферија на Пекинг, екстремните врнежи од дожд и поплави погодија 310 илјади жители и оштетија речиси 35 000 куќи. Читать дальше...

„Големиот брат и малите сестри“-Србија надгледувана од кинески камери

SlobodnaEvropa.mk 

„Не е пријатно, не е пријатно! Камери се поставени насекаде, од влезот во градот од правец на Ваљево, до излезот кон Лозница“, вели Владимир Радивојевиќ од малиот град Осечина во западна Србија за Радио Слободна Европа. Општинската администрација на Осечина, расфрлана планинска општина, купи 113 камери за видео надзор во април 2022 година. Во центарот на градот каде што има само две раскрсници живеат околу 2 700 жители. Така, Осечина, која е населена со нешто повеќе од 10 000 граѓани на Србија со селата, има една камера на 100 жители. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублёв выиграл турнир в "Мадриде", завоевав 16-й титул в карьере






Сына замминистра МВД России отправили в колонию

Победительница конкурса провела онлайн-урок русского языка для студентов Коломны

Денис Парфенов: Вернуть красное Знамя Победы на улицы города!

«Русские витязи» и бронеавтомобиль «Линза»: Что ждет россиян на параде Победы?