Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Август
2023

Новости за 31.08.2023

Курти и Вучиќ ќе се сретнат во Брисел на 14 септември

SlobodnaEvropa.mk 

Нова рунда дијалог меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе се одржи на 14 септември, најави високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Ова ќе биде прва средба во рамки на дијалог меѓу премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово, што дополнително ги заостри односите меѓу Приштина и Белград. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој... Читать дальше...

Белорусија ја осуди новинарката Шчиракова на 3,5 години затвор поради „екстремизам“

SlobodnaEvropa.mk 

Белоруската новинарка Лариса Шчиракова е осудена на три и пол години казна затвор. Регионалниот суд во Гомел, во југоисточна Белорусија, ја осуди новинарката откако ја прогласи за виновна за „олеснување на екстремистички активности“ и „дискредитација“ на Белорусија. Пресудата е дел од континуираното задушување на неистомислениците на авторитарниот лидер на земјата Александар Лукашенко. Истрагата покажала дека новинарката на интернет објавила материјали кои ја „дискредитирале“ земјата и собирала... Читать дальше...

Габон в понеделник ќе добие „преоден претседател“

SlobodnaEvropa.mk 

Новиот лидер на Габон, генерал Брис Олигуи Нгуема ќе положи заклетва како „преоден претседател“ в понеделник пред Уставниот суд, соопштија водачите на државниот удар. Олигуи „ќе премине во преодни институции“, изјави Улрих Манфумби Манфумби, портпарол на Комитетот за транзиција и обнова на институциите (КТРИ) на државната телевизија во четвртокот, еден ден откако бунтовничките офицери го соборија претседателот Али Бонго Ондимба. Нема детали за тоа колку ќе траат тие „преодни“ институции. Габон... Читать дальше...

Вучиќ за состанокот со Лајчак – Има многу идеи, но Приштина не сака решение

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека „има многу идеи, само снемува решенија“, одговарајќи на прашањето дали на средбата со специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина имало нови идеи за ситуацијата на Косово, пренесува агенцијата Бета. Вучиќ на 30 август се сретна со специјалниот пратеник Мирослав Лајчак. „Можевме да седиме и десет часа. Се плашам дека тешко може да се пронајде решение кога разговарате со луѓе кои не бараат решение, кога разговарате... Читать дальше...

Голем пожар меѓу Дојран и Богданци, експлодирале гранати од Прва светска војна

SlobodnaEvropa.mk 

Во голем пожар што на отворено избувна помеѓу Богданци и Дојран, во близина на границата со Грција, експлодираа најмалку 4 гранати од Првата светска војна, информираше директорот на Центарот за управувањ е со кризи (ЦУК), Стојанче Агнелов. „Пожарот избувна во атарот на селото Селемли, на место каде некогаш била фронтовската линија во Првата светска војна. На таа линија има останати многу неексплодорани мини од тоа време. За овие два часа, колку што трае пожарот, слушнати се најмалку четири експлозии“, изјави Ангелов. Читать дальше...

Сите посочуваат виновник за високите цени, никој не го санкционира

SlobodnaEvropa.mk 

Дали Комисијата за заштита на конкуренцијата е клучна да обезбеди фер конкуренција на пазарот и да спречи доминација и манипулација со цените на некои компании во услови на континуирани поскапувања? Додека Министерството за економија и бизнискот ја критикуваат оваа институција дека овозможува нефер трговска практитка и монополско диктирање на цените, од Комисијата засега нема реакција.

Поранешниот тајландски премиер Шинаватра бара помилување

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот тајландски премиер и милијардер Таксин Шинаватра поднел барање за помилување од кралот, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на министерот за правда. Шинаватра, најпознатиот тајландски политичар, моментално отслужува осумгодишна затворска казна за злоупотреба на власта и конфликт на интереси, откако се врати од 15-годишен самонаметнат егзил минатата недела. „Барањето за помилување е поднесено од неговото семејство“, изјави министерот за правда Висан Креа-нгам, пренесува Ројтерс. Читать дальше...



Училниците се празнат, сè повеќе македонски деца се раѓаат во странство

SlobodnaEvropa.mk 

Драстично намален број на ученици годинава има во поголемите општини како Битола, Охрид и Прилеп. Повеќе ученици се запишани само во Аеродром и Чаир. Секоја година сè повеќе деца на македонски државјани се раѓаат во странство, а Северна Македонија е меѓу 20-те земји со најголема стапка на иселување.

Ковачевски за поскапувањата: Ќе има интервенции во делот на маржите

SlobodnaEvropa.mk 

Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи. Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени. Ковачевски најави дека ќе има проблем со млекото, поради што утре ќе се сретне со министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Читать дальше...

Учениците во клупа од први септември до 17 јуни, ама со пролетен распуст

SlobodnaEvropa.mk 

Утре, на први септември ќе стартува новата учебна година и ќе трае до 17 јуни, потврди денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој појасни дека годинава за прв пат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст кој ќе трае од 29 април до 5 ти мај, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.   Шаќири вели дека во изминатиот период интензивно се подготвувале... Читать дальше...

Бајден одобри испраќање оружје на Тајван

SlobodnaEvropa.mk 

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри воен трансфер во Тајван во рамките на Програмата за надворешно воено финансирање (ФМФ), која се користи за суверени држави, се вели во известувањето испратено до Конгресот. Известувањето ги информира конгресните комисии за намерата на Стејт департментот да одвои до 80 милиони американски долари средства од ФМФ за поддршка на Тајван Министерството за одбрана на Тајван се заблагодари, но рече дека нема коментар за деталите за помошта... Читать дальше...

Заедничка валута БРИКС - предизвик за американскиот долар?

SlobodnaEvropa.mk 

Русија зборуваше за можностите за „дедоларизација“, а Бразил ја претстави идејата за заедничка валута БРИКС на самитот на овој блок, кој сака да го предизвика Западот и да ја намали важноста на американскиот долар во трговијата и финансиите. Заменик-директорот на одделот за истражување на Меѓународниот монетарен фонд, Џан Марија Милези-Ферети за РСЕ вели дека такво нешто е малку веројатно

Комисијата за надзор на АКМИС во судовите констатира пропусти на Судскиот совет

SlobodnaEvropa.mk 

Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС системот, неконтинуирано архивирање на предмети, недоволен  број на судии во помалите судови се дел од слабостите кои ги констатирала Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС системот во судовите. Комисијата извршила надзор во четири основни судови во државата,Берово, Крушево, Кратово и  Куманово. Покрај овие забелешки, комисијата укажува и на недоволниот број на информатичари во судовите... Читать дальше...

Најмалку 60 жртви во пожар во зграда во Јоханесбург

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 63 лица загинале во пожар што избувна во зграда во четвртокот наутро во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, потврдија службите за итни случаи. Повредени се уште 40 лица. Зградата е евакуирана и во тек се операции за пребарување и спасување. Портпаролот на службата за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека операцијата за пребарување и спасување на затрупаните во урнатините е во тек и дека бројот на жртви најверојатно ќе се зголеми. Властите соопштија дека пожарот главно бил изгаснат... Читать дальше...

Македонските одбојкари со победа стартуваа на Европското првенство

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската одбојкарска репрезентација со победа стартуваше на Европското првенство. Вечерва на 30 август во спортската сала „Борис Трајковски“ ја совлада Данска со 3-1 во рамки на првото коло од  групата Ц која се игра во Скопје. До оваа победа на домашен терен македонските одбојкари дојдоа со пресврт во исцрпувачки и неизвесен натпревар кој траеше два и пол часа. Следен предизвик за избраниците на селекторот Јошко Миленкоски ќе биде репрезентацијата на Црна Гора, в сабота, а ден подоцна е дуелот против Полска. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

Рублёв стал победителем «Мастерса» в Мадриде






Минздрав Подмосковья рассказал о влиянии укуса клеща на организм

Московский НПЗ «Газпром нефти» вошел в пятерку лучших работодателей России

Режим работы Московской канатной дороги временно изменится 9 мая

Ушаков: Путин проведет 8 мая традиционный дружеский обед для лидеров стран СНГ