Лавров - Москва се спротивставува на санкциите кон Техеран
„Ние не само што одбиваме да ги признаеме одностраните санкции, туку го поддржуваме Иран со конкретни мерки“, изјави Лавров за иранската државна телевизија во интервју на 12 декември.
„Можеби правиме повеќе од било кој друг. Според бројките ова изнесува милијарди долари“, рече Лавров.
Тој вели дека руската трговија со Иран се зголемила за осум проценти во првата половина од годинава.
„Ние немаме такви показатели со никој друг дека трговијата расте и не се намалува во услови на ограничувања поради коронавирусот“, вели Лавров.
Рускиот прв дипломат додаде дека е убиден оти „ќе бараме нови методи за игнорирање на негативниот ефект на санкциите.“
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за иранскиот пратеник до Хути бунтовниците во Јемен, што се сметаше за обид да се принудат милитантите поддржани од Техеран да преговараат за мировен договор за тековната граѓанска војна, во која архи-непрјателот на Иран, Саудиска Арабија, е силно вклучена.
Иран неодамна објави дека планира да ги зголеми своите можности за збогатување на ураниум, со што се крши нуклеарниот договор со светските сили од 2015 година.
Во 2018 година, САД се откажаа од договорот, според кој Техеран ја скрати својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите.