Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Май
2021

Новости за 05.05.2021

Лавров во посета на Ерменија и Азербејџан

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во текот на оваа недела ќе ги посети Ерменија и Азербејџан, соопшти руското Министерство за надворешни работи, прецизирајќи дека Лавров ќе биде во Ереван од 5 до 6 мај, а во Баку од 10 до 11 мај. „Предвидени се преговори со раководството на Ерменија и Азербејџан. За време на контактите, страните опширно ќе го разгледаат опсегот на прашања за билатералната и регионалната соработка, како и за партнерството во меѓународната арена “, наведува руското Министерство. Читать дальше...

Османи денеска во Стокхолм

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, кој е на европска турнеја во неколку европски метрополи како дел од пошироката дипломатска активност за актуализација на европското досие на земјава пред земјите-членки на ЕУ, денеска ќе престојува во Стокхолм каде што ќе биде примен од министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде. Вчера Османи престојуваше во Копенхаген, на средба со својот колега и домаќин, министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод. Претходно, Османи во Берлин имаше... Читать дальше...

Блинкен во посета на Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, за време на неговата дводневна посета на Киев од 5 до 6 мај, ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе ја потврди поддршката за суверенитетот на земјата. Ова се наведува во соопштението на прес-службата на Стејт департментот. „Државниот секретар ќе се состане во Киев со претседателот на Украина Володимир Зеленски и министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба, како и со претставници на украинското граѓанско општество“, се вели во соопштението. Читать дальше...

Бајден: се надевам дека ќе се сретнам со Путин во јуни во Европа

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Џо Бајден изрази надеж дека ќе го одржи предложениот самит со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговото патување во Европа во јуни. „Тоа е мојата надеж и очекување. Ние работиме на тоа“, изјави Бајден по говорот за реакцијата на САД на коронавирусот. За своето прво прекуокеанско патување откако ја презеде функцијата во јануари, Бајден планира да им се придружи на другите лидери на Г7 на самитот во Британија, закажан за 11-13 јуни. Потоа ќе престојува во Брисел... Читать дальше...

Еврокомесарот Вархеји во Албанија и Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ќе ги посети Албанија и Косово. Тој претходно престојуваше во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Вархеји во Владата имаше средба со премиерот Зоран Заев и го посети центарот за вакцинација во арената „Борис Трајковски’’, заедно со австриската министерка за ЕУ Каролине Едштадлер. Вархеjи истакна дека не е лесно да се обезбедат вакцини и изрази голема благодарност до владата на Австрија, а министерката Едштадлер додаде дека... Читать дальше...

САД и ЕУ ги поддржуваат границите на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите држави и ЕУ изразија поддршка за територијалните граници на Босна и Херцеговина, кои беа ставени под знак прашалник во документот што циркулираше меѓу претставниците на ЕУ. Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд во Советот за безбедност изјави дека позицијата на САД во врска со мировните договори во Дејтон од 1995 година и иднината на Босна и Херцеговина како „единствена држава“ останува непроменета. Ирска и Естонија, кои не се постојани членки на Советот за безбедност, ѝ се... Читать дальше...

Времето денеска: умерено, повремено значително облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде умерено, повремено значително облачно. Во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Дневната температура ќе биде од 13 до 25 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 24 степени.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Ролан Гаррос

Прямая трансляция матча Рыбакиной с победительницей четырех "Больших шлемов"






Наталья Сергунина: В Москве начался прием ...

Дайджест новостей «Грузовичкоф» за май

Египет обсуждает перевод расчетов с РФ на национальные валюты

ВС защитил право на онлайн-шопинг по смешным ценам