Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2021

Новости за 25.11.2021

Што се случува во телевизија Алфа?

SlobodnaEvropa.mk 

МВР постапува по наредба на обвинителството во Алфа, медиум во кој вработените штрајкуваат поради неисплатени плати. Директорот ги обвинува државните институции и вработените за спрега за “уништување на телевизијата“. Од обвинителството велат дека водат предистражната постапка.

Нема опасност по животите на повредените пациенти во болницата Пирогов

SlobodnaEvropa.mk 

Сите пациенти повредени во автобуската несреќа на автопатот Струма се во стабилна општа состојба, и нема опасност по нивните животи, соопшти денеска болницата „Пирогов“ Во Софија. Во соопштението од болницата се наведува дека двајца пациентите биле оперирани вчера и се во добра општа состојба. „Повредените кои биле на интензивна нега денеска се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Едно од повредените лица денеска треба да биде оперирано“, стои во соопштението... Читать дальше...

Францускиот претседател Макрон во прва посета на Хрватска

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Емануел Макрон престојува во прва посета на Хрватска од нејзината независност. Во мај, со цел да ги модернизира своите воени воздухопловни сили, Хрватска најави купување на 12 авиони Рафал од францускиот производител Дасо Авиасион. Договорот е вреден околу милијарда евра, а тоа е најголемата нарачка на оружје на Хрватска од нејзината независност по распадот на поранешна Југославија, оценуваат француските медиуми. Европа стравува од нова бегалска криза Макрон денеска ќе... Читать дальше...

Полскиот премиер ќе се сретне со Меркел и Џонсон

SlobodnaEvropa.mk 

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и со британскиот премиер Борис Џонсон во петок, изјави за Ројтерс полскиот заменик-министер за надворешни работи Марцин Пжидач. Моравјецки вчера се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон на разговори за мигрантскиот криза во Белорусија и европската енергетска безбедност. Макрон потоа изјави дека Франција и другите земји на ЕУ стојат на страната на Варшава околу нејзината конфронтација со Белорусија... Читать дальше...

Јанев: Бугарија нема да отстапи од позицијата за Северна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета, рече во речиси едночасовното интервју за БНТ привремениот бугарски премиер Стефан Јанев. Според него, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Северна Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ. Купчан: ЕУ треба да изврши притисок врз Бугарија за преговорите со С.Македонија Американски конгресмени бараат Бугарија да го тргне ветото за С. Македонија Јанев, исто така, рече... Читать дальше...

Интерпол избира претседател, едниот кандидат е обвинет за тортура

SlobodnaEvropa.mk 

Светската полициска агенција Интерпол денеска во Истанбул треба да избере нов претседател, а групите за човекови права предупредуваат дека генерал обвинет за „тортура“ би можел да биде назначен на таа функција. Генерал Ахмед Насер ал Раиси, генерален инспектор во Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се кандидираше за иден претседател на Интерпол со мандат од четири години. Тој од минатата година води кампања за претседател, а пред него има само еден кандидат, Шарка Хавранкова од Чешка. Читать дальше...

Првата жена премиер на Шведска поднесе оставка неколку часа откако беше избрана

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку часа откако вчера беше избрана за премиер на Шведска, Магдалена Андерсон поднесе оставка затоа што парламентот не го поддржа владиниот предлог буџет, а коалицискиот партнер Зелени ја напушти малцинската влада. „Не сакам да водам влада чиј легитимитет може да биде доведен во прашање“, рече Андерсон на прес-конференција. Таа го информираше претседателот на парламентот Андерас Норлен дека сè уште е заинтересирана да води еднопартиска социјалдемократска влада. Претседателот на шведскиот парламент... Читать дальше...

Новата германска влада ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Партиите кои ќе ја формираат новата германска влада го поддржуваат отворањето на преговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија во Европската унија, продолжувањето на преговорите со Србија и Црна Гора и визната либерализација за Косово. „Го поддржуваме процесот на пристапување во ЕУ на шесте земји од регионот на Западен Балкан и неопходните реформи за исполнување на сите критериуми од Копенхаген. Во овој контекст, го зајакнуваме граѓанското општество и поддржуваме понатамошни чекори кон пристапување во ЕУ“... Читать дальше...

Вучиќ на средба со Путин во Сочи

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Сочи ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин. Вучиќ вчера изјави дека тоа е „многу важна“ средба за Србија, на која со Путин ќе разговара за „клучните политички прашања“. „Русија е наш четврти трговски партнер и верувам дека имаме многу простор да ја зголемиме трговската размена. Завршивме многу преговори со руските партнери, договоривме стратешка програма за соработка до 2026 година во различни области на економски развој и трговија“, рече Вучиќ... Читать дальше...

Трет ден на жалост поради трагичната автобуска несреќа

SlobodnaEvropa.mk 

Во Северна Македонија денеска е трет ден на жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица додека седуммина беа повредени, главно македонски државјани. Македонската влада завчера прогласи тридневна жалост во текот на која знамето на Северна Македонија е на половина копје низ целата држава, како и на дипломатски мисии во странство. Во тридневната жалост сите јавни настани се одложени, а медиумите ја прилагодуваат програмата со соодветна содржина во согласност со денот на жалоста. Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Променливо облачно со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува. Дневната температура ќе биде од 6 до 13 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 12 степени.

Хусеини - Без лиценца на автобусот требало да му биде забранет излез од Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на Државниот инспекторат за транспорт Руфат Хусеини изјави дека во последната година биле извршени четири вонредни инспекциски надзори на граничниот премин „Деве Баир“ каде агенцијата „Беса транс“ вршела слободен меѓународен превоз на патници. Тој рече дека приотоа биле утврдени и неправилности во однос на непочитување на протоколот за јавен превоз на патници и фирмата била соодветно санкционирана, но дека не биле утврдени пропусти во однос на документацијата и потребните лиценци. Хусеини... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Ролан Гаррос

Испанец Алькарас выиграл Открытый чемпионат Франции по теннису






Прижизненный ритуальный договор: где заключить?

Конгрессмен Оглз считает, что Мишель Обаму выдвинут на пост президента США

Теракт в "Крокусе": Путин наградил школьников за спасение людей

Два человека стали жертвами ДТП на Кутузовском проспекте в Москве