Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2023

Новости за 01.11.2023

ОН ги осуди израелските напади врз бегалскиот камп во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Обединетите нации на 1 ноември ги осудија нападите врз најголемиот бегалски камп во Газа, во кои загинаа голем број луѓе. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш „е згрозен од ескалацијата на насилството во Газа“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик, јавува агенцијата Франс прес (АФП). Ова го вклучува „убиството на Палестинци, вклучително и жени и деца во израелските воздушни напади во станбените области на густо населениот бегалски камп Џабалија“, рече Дужарик. Во нападот на 31 октомври врз кампот загинаа најмалку 47 лица... Читать дальше...

Нема договор меѓу УПОЗ и Владата за повисоки плати

SlobodnaEvropa.mk 

Нема договор и на втората средба меѓу Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и претставниците Владата. На средбата што на 1 ноември немало конкретен предлог од Владата, соопшти по средбата претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски. „Волја има, Владата мисли дека ќе се изнајде решение за овој проблем, но конкретна понуда за нашите барања се уште немаме добиени“, рече Деаноски. Со месеци вработените во судската и обвинителската администрација штрајкуваат и протестираат... Читать дальше...

„Меморијал“ ги призна адвокатите на Навални како политички затвореници

SlobodnaEvropa.mk 

Руската организација за човекови права „Меморијал“ призна тројца адвокати на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални за политички затвореници. Адвокатите на Навални, Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј се кривично гонети „во врска со нивните легитимни професионални активности насочени кон застапување на интересите на нивните клиент", соопшти Меморијал. Тројцата адвокати беа приведени минатиот месец поради наводно учество во екстремистичка заедница поради нивната поврзаност со Навални и неговата фондација за искоренување на корупцијата. Читать дальше...

Втор израелски напад врз бегалски камп во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Израелските сили, втор ден по ред, погодија станбени згради во бегалски камп во близина на градот Газа предизвикувајќи многу жртви и повредени, соопшти владата управувана од Хамас. Билансот од воздушните напади на 1 ноември се уште не е познат, јавува Агенцијата Асошиејтед прес (АП). Палестинските здравствени власти управувани од Хамас рекоа дека најмалку 50 Палестинци биле убиени при израелските воздушни напади кои го погодиле густо населениот бегалски камп Џабалија во северна Газа во вторникот на 31-ви октомври. Читать дальше...

Пакистан започна да приведува Авганистанци без документи

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистан на 1 ноември започна да приведува странци без документи, од кои најголем дел се Авганистанци, неколку часа пред крајниот рок за депортација. Пакистанското Министерство за внатрешни работи во соопштение пред истекот на рокот соопшти дека „процесот на апсење странци за депортација е започнат“, но дека доброволното враќање ќе продолжи да се охрабрува. Странци без документи наводно биле префрлени во транзитните центри. Официјални лица во Карачи, најголемиот пакистански град, изјавија... Читать дальше...

Борел „згрозен“ од бројот на жртви во бомбардирањето на бегалскиот камп Џабалија

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел вели дека е „згрозен“ од големиот број жртви во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија во Газа. Тој ги повика сите страни да ги почитуваат меѓународните правила на војна. „Следејќи ја јасната позиција на Советот на Европската унија дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право и обезбедувајќи заштита на сите цивили, згрозен сум од големиот број на жртви по израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија“... Читать дальше...

Фон дер Лајен во БиХ побара единство и исполнување на 14-те приоритетите

SlobodnaEvropa.mk 

„Босна и Херцеговина треба да дејствува единствено и да продолжи да работи на исполнување на 14-те приоритети, за како единствена, суверена и независна земја да стане полноправна членка на Европската унија“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Босна и Херцеговина на 1 ноември. Фон дер Лајен пристигна во Сараево пред објавувањето на извештајот на Европската комисија за исполнувањето на обврските за почеток на преговорите за полноправно... Читать дальше...

Зголемени активности на македонските безбедносни служби по судирот меѓу Израел и Хамас

SlobodnaEvropa.mk 

Проценката на ризикот од можни терористички закани за земјата и Западен Балкан зависи во голема мера од тоа како ќе се развива војната на израелската војска против палестинската Хамас, вели Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам Златко Апостолски.



Работна група ќе го реформира Судскиот совет

SlobodnaEvropa.mk 

Во текот на идната недела ќе биде формирана работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот совет. Во работната група, информираа денеска од Министерството за правда (МП), ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област. „Во насока на обезбедување на сеопфатност на целиот процес покана за учество во работната група ќе биде доставена и до претставниците на најголемите политички партии во земјата“... Читать дальше...

Газдата на „Пуцко Петрол“ стана нов сопственик на фирмата што ѝ рента простории на Лотарија за 2,6 милиони евра

SlobodnaEvropa.mk 

Промената на сопственоста на „Хеј ДООЕЛ“ е само дел од низата промени кои се случија поврзани со името на оваа компанија откако РСЕ објави дека склучила договор за закуп со Државна лотарија за изнајмување на деловни простории за месечна кирија од речиси 22.000 евра месечно за период од 10 години.

Ајатолахот Хамнеи ги повика муслиманските земји да го бојкотираат извозот на нафта и храна во Израел

SlobodnaEvropa.mk 

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ги повика муслиманските земји да го запрат извозот на нафта и храна во Израел, и побара да прекинат воздушните напади врз Појасот Газа, јавија светските агенции, цитирајќи државни медиуми. „Бомбардирањето на Газа мора веднаш да престане, мора да се прекине рутата на извоз на нафта и храна за ционистичкиот режим“, рече Хамнеи во говорот цитиран од иранските државни медиуми. Израел вети дека ќе ја уништи палестинската група Хамас, поддржана од Иран... Читать дальше...

За премиерот не е спорен изборот на Битиќи во арбитражното тело на СБ и на Халими во „Аеродроми“

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски смета дека нема никаков проблем во изборот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за претставник во арбитражното тело на Светска банка и посочува дека е направен врз основа на правилата на ова тело. Toј потсетува дека  претходно на таква позиција бил и поранешниот вицепремиер во тој ресор Владимир Пешевски.  Изборот на претставник на Северна Македонија во арбитражното тело на Светска банка се прави врз основа на правилата на арбитражното тело, коешто е меѓународно. Читать дальше...

Странците и ранетите Палестинци почнаа да го напуштаат Појасот Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Првите амбулантни возила со ранети Палестинци од Појасот Газа влегоа во Египет преку преминот Рафа во средата, изјави египетски функционер, кој побара да остане анонимен. Според договорот за ограничена евакуација од Појасот Газа, околу 80 тешко ранети Палестинци треба да бидат пренесени во болниците во Египет. Комуникациите почнаа постепено да се обновуваат во делови од Појасот Газа, неколку часа откако блокираната територија беше погодена од втор голем прекин на телефонските и интернет услугите... Читать дальше...

Можно воведување комунална полиција за да се спречи фрлањето отпадоци

SlobodnaEvropa.mk 

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова вели дека се размислува за воведување на комунална полиција која ќе го казнува редовното фрлање на отпадоци од страна на граѓаните. „Контрола има постојано. Јас мислам дека ни е проблемот казнувањето. Планираме една активност, како една нова мерка, да речеме, зборуваме подолго време да се воведе комунална полиција во државата. Таа ќе може на лице место да изрекува казна исто како што сообраќаен полицаец да изрече казна за сообраќаен прекршок на лице место... Читать дальше...

Јанкулоска излезе од Идризово

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од денеска (1 ноември) е на слобода откако и беше уважена жалбата и доби условен отпуст за остатокот од затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот мерцедес каде беше осудена на четири години. Јанкулоска утрото го напуштила затворот „Идризово“, при што се јавила во пробациската канцеларија која е задолжена да го следи условниот отпуст. Тој ќе трае до 28 септември 2024 година до кога ексминистерката не треба да стори ново кривично дело. Читать дальше...

Ковачевски вели дека бугарската такса за рускиот гас ќе ја зголеми цената на струјата за 20 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарската такса за рускиот гас е нешто што не треба да биде воведено, вели премиерот Димитар Ковачевски. Ваквиот став го пренел и на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен која пред два дена беше во посета на Скопје. „И јас си министерот за економија реагиравме во ЕК, јас преку претседателката на Европската комисија тој преку соодветните директорати, дека оваа такса е нешто што не треба да биде воведено. Целокупниот капацитет на влезната страна кон Северна Македонија е даден од страна на Бугарија на „Гаспром“... Читать дальше...

Танчарот Анди: Вие кои не верувавте во мене, видете каде сум сега

SlobodnaEvropa.mk 

Четирикратниот светски шампион во модерен балет, гостиварчанецот Анди Исмаили, доби директен влез во полуфиналето на хрватското „Суперталент шоу“, кое е по лиценца на британско шоу ,,Got Talent”. Ова, вели, е уште еден одговор на задевањата со кои се соочувал во минатото поради својот избор професионално да се занимава со танц.

Популарни белоруски музичари осудени на затворски казни

SlobodnaEvropa.mk 

Музичарите на рок група која стана симбол на протестите во Белорусија се осудени на затворски казни до девет години поради сегашната репресија на неистомислениците во земјата. На 31 октомври, судот во градот Хомол донесе пресуда со која Дзмитри Халавач е осуден на девет години затвор, Јаухен Бурло на осум години затвор и Андреј Јаремчик на седум и пол години затвор. Тие беа прогласени за виновни за навреда на авторитарниот лидер на земјата Александар Лукашенко, за дискредитација на земјата, за... Читать дальше...

Србија распиша избори, радикалите на Шешељ со СНС на Вучиќ заедно на локалните избори

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на српскиот парламент Владимир Орлиќ во среда (1 ноември) распишаа вонредни парламентарни избори во повеќе градови и општини, вклучително и главниот град Белград. Изборите ќе се одржат на 17 декември 2023 година заедно со покраинските избори. Претседателот на Србија со распишување на изборите го распушти Собранието на Србија, кое беше избрано на 3 април 2022 година и кое не отслужи ниту половина од четиригодишниот мандат. Претходно во српското... Читать дальше...

Новости России
Москва

28 инвестиционных проектов Туризм.РФ перешли в активную фазу реализации


Во војната меѓу Израел и Хамас досега загинале 29 новинари

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната федерација на новинари (МФН) соопшти дека од 7 октомври кога почна конфликтот помеѓу Израел и Хамас, загинале вкупно 29 новинари. Според МФН, најмалку 24 палестински новинари се убиени, неколку се повредени, а други се водат како исчезнати за време на тековните воени операции помеѓу Хамас и Израел во Појасот Газа. Меѓународната федерација на новинари и Синдикатот на палестинските новинари (ПЈС) ги осудуваат убиствата и континуираните напади врз новинарите.   МФН повикува на итна истрага за смртта на новинарите... Читать дальше...

Слабо оди фаќањето на „лошите“ и пак ќе мириса на пластика!

SlobodnaEvropa.mk 

Опасен отпад во скопски Ѓорче Петров. Горат кабли, акумулатори на диви депонии во регионот на главниот град Скопје. Па пожари. Зимата доаѓа, ќе чури од сите страни. И дишеме на шкрги. Mедиуми ќе ги пренесуваат ранг листите за најзагадени градови во светот, а во нив загарантирани први места има за неколку македонски градови. Во ова издание на Зошто за разговаравме со Јане Димески советник на Граѓанската иницијатива Шанса за Центар, која мапираше над 800 јавни објекти кои користат нафта и мазут како... Читать дальше...

Унгарија им забрани на тинејџерите да ја посетуваат светската прес-фото изложба поради прикажување ЛГБТ фотографии

SlobodnaEvropa.mk 

На лицата помлади од 18 години им беше забрането да ја посетат овогодинешната изложба на World Press Photo во Будимпешта, откако десничарската популистичка влада на Унгарија утврди дека некои од нејзините фотографии го прекршуваат спорниот закон за ограничување на ЛГБТ содржината. Сетот од пет фотографии од филипински фоторепортер беа причина за ултрадесничарски унгарски пратеник да поднесе жалба до Министерството за култура на земјата, кое утврди дека тие го прекршуваат унгарскиот закон кој... Читать дальше...

Уапсен гевгеличанец за илегално пренесување мигранти од Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Дваесет и едногодишен жител на Гевгелија синоќа 31 Октомври бил приведен од полицијата бидејќи превезувал 13 мигранти од Сирија. Како што соопшти МВР, М.Г. (21) бил проведен вчера во село Давидово. -Со  патничко моторно возило „фолксваген туарег" превезувал 13 мигранти од Сирија, од кои две малолетни лица. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира Министерството за внатрешни работи. Македонската полиција... Читать дальше...

Безбедноста во државата и евроатлантскиот регион тема на седница на Советот за Безбедност

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски за денеска закажа седница на Советот за безбедност, соопшти кабинетот на шефот на државата. На дневен ред на седницата што ќе биде одржана во вила „Водно“, ќе биде безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион. На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Свентек выиграла титул WTA в Мадриде






Карпин: Песьякову предложили контракт, а что дальше будет — без понятия

Ушаков: Путин проведет 8 мая традиционный дружеский обед для лидеров стран СНГ

Режим работы Московской канатной дороги временно изменится 9 мая

В Воронеже умер актер и бывший музыкант группы «Крематорий» Вячеслав Бухаров