Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2023

Новости за 20.11.2023

По Сараево и Приштина, шефот на НАТО пристигна во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во понеделникот вечерта (20 ноември) пристигна во Белград, каде го пречека српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ. Утре (21 ноември) тој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ. Шефот на НАТО ќе се сретне и со српски научници кои ќе ја претстават технологијата развиена во рамките на проектите на НАТО „Наука за мир и безбедност“. Пред да отпатува за Белград, Столтенберг беше во Приштина, каде рече дека... Читать дальше...

Србија прогласи хрватски дипломат за персона нон грата

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи на Србија на 20 ноември донесе одлука да го прогласи за персона нон грата првиот секретар во Амбасадата на Република Хрватска во Белград, Хрвоје Шнајдер, соопштија од српското МНР. Одлуката, како што се наведува, е донесена во согласност со членот 9 од Виенската конвенција која ги регулира дипломатските односи. „За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер направи груби отстапки од рамката на дипломатските норми и ја прекрши горенаведената Конвенција. Читать дальше...

Собранието го изгласа новиот Деловник, инцидентот со Левица ја „онеспособи“ салата

SlobodnaEvropa.mk 

Со 83 гласа „за“, два „против“ и ниту еден „воздржан“ пратениците вечерва (20 ноември) го донесоа новиот Деловник на Собранието. Новиот Деловник за работа на законодавниот дом, претходно на седницата беше причина да ескалира состојбата во парламентот. Двајцата пратеници од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, реагираа бурно зошто не им се прифатени за разгледување сите амандмани што ги поднеле, а бараа и предлогот за нов Деловник да се тргне од дневен ред. Левица подготви околу 2 500 амандмани за Деловникот... Читать дальше...

Инцидент во Собрание: Пратеници од Левица го нападнаа потпретседателот Мисовски

SlobodnaEvropa.mk 

Со фрлање пластично шише, корнење на монитор и гаѓање со хартија по потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, ескалираше атмосферата на денешната собраниска седница. Инцидентот го предизвикаа двајцата пратеници од Левица кои беа револтирани за тоа што не им беа прифатени амандманите за новиот Деловник за работа на Собранието, како и барањето оваа точка да се тргне од дневниот ред. Во моментот кога ескалираше ситуацијата, седницата ја водеше Мисовски, бидејќи Талат Џафери како предлагач... Читать дальше...

По обвинувањата од ДКСК, директорот на Агенцијата за филм негира дека несовесно се трошеле пари

SlobodnaEvropa.mk 

Во целост ги отфрлам сите невистинити и паушални обвинувања од страна на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) како тенденциозни и неосновани, вели во писмена реакција директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, откако на 15 ноември антикорупционерите одлучија да поведат иницијатива за кривично гонење поради незаконитости во работење во Агенцијата односно несовесно работење и трошење на буџетски средства меѓу кои и за вработувања. „Станува збор за наоди кои се невистинити, наоди... Читать дальше...

Словачка ја продолжи контролата на границата со Унгарија

SlobodnaEvropa.mk 

Словачката влада денеска ја продолжи контролата на границата со Унгарија до 23 декември, во обид да спречи зголемен прилив на илегални мигранти.  Граничната контрола Словачка ја воведе на 5 октомври, по примерот на соседите Полска, Чешка и Австрија, кои ја зајакнаа контролата токму на нејзината граница, пишуваат британските медиуми.  Од воведувањето на оваа мерка, протокот на илегални мигранти е значително намален.  „Може да се заклучи дека контролите на меѓународните граници, заедно со слични мерки на соседните земји... Читать дальше...

Ковачевски: Може избори во мај, Алијанса има капацитет да биде дел од европската коалиција

SlobodnaEvropa.mk 

Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии ќе информираме тогаш кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на Парламентот, изјави во понеделник, премиерот Димитар Ковачевски.  СДСМ и ДУИ, подвлече премиерот, имаат јасен коалициски договор, а Алијанса за Албанците (АА) има капацитет да разговара за економски просперитетна држава и општество со социјална правда и демократија на највисоко ниво... Читать дальше...

Портали за фалење на ДУИ и оцрнување на неистомисленици

SlobodnaEvropa.mk 

РСЕ открива 10 портали регистрирани на име на компанијата „Инфините солутионс 2023“, а на половина од нив неодамна имаше оркестриран напад против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Хајката следуваше по нејзината изјава дека постојат политички притисоци за оживување на аболициите на претседателот Иванов и олеснување на можноста за враќање на екс-премиерот во бегство, Никола Груевски. Објавените написи во порталите ги истражува и ЗНМ.



Албанските пратеници го усвоија буџетот во тензична атмосфера

SlobodnaEvropa.mk 

Во тензична ситуација, со физички напади и димни бомби, но и со бројно присуство на припадниците на Националната гарда, за пет минути заврши денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година. Како што јавува МИА, опозициските пратеници - приврзаници на Сали Бериша, најпрво со столчиња ја блокираа говорницата, по што продолжија со веќе виденото сценарио во последните четири седници на Парламентот. Тие, покрај другото, беа против присуството на гардистите... Читать дальше...

Европскиот совет го одобри Буџетот на ЕУ за 2024 година

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на ЕУ денеска го одобри Заедничкиот буџет на Унијата за 2024 година, кој беше усогласен со Европскиот парламент на 11 ноември, во кои вкупните обврски се утврдени на 189 милијарди и 385,4 милиони евра, а вкупните исплати на 142 милијарди и 630,3 милиони евра.  Дополнително, како што јави МИА, 360 милиони евра се оставени како резерва за евентуални непредвидени потреби на ЕУ.  Според Европскиот совет, Буџетот за следната година ги одразува главните приоритети на ЕУ, вклучувајќи ги економското зајакнување... Читать дальше...

Родот преполовен, увозот зголемен - земјоделието под закана

SlobodnaEvropa.mk 

Покрај намаленото домашно производство, статистиките покажуваат - земјава полека станува земја зависна од увоз. Минатата година Северна Македонија увезла храна во вредност од речиси 900 милиони евра, за разлика од 2021 година, кога во земјава се извршил увоз на храна во вредност од 700 милиони евра

Столтенберг од Сараево: Загрижени сме поради сецесионистичката реторика и руското влијание

SlobodnaEvropa.mk 

Загрижени сме за сецесионистичката реторика на поделба и руско влијание, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Сараево на 20 ноември, за време на неговата прва посета на Босна и Херцеговина (БиХ). „Таа се заканува да ја поткопа стабилноста и да ги ослаби реформите. Сите лидери мора да работат на напредок. Тоа е исклучително важно за нас и ние сме посветени на безбедноста и стабилноста во овој регион, во вашата земја која е од големо значење за регионот на Западен Балкан... Читать дальше...

Столтенберг пристигна во Сараево, првата станица од балканската турнеја

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во неделата вечер, на 19 ноември, пристигна во официјална посета на Босна и Херцеговина. Ова е негова прва посета на Босна и Херцеговина. Причината за неговото пристигнување не е наведена. Столтенберг во претходните медиумски настапи изјави дека Босна и Херцеговина, заедно со Грузија и Молдавија, припаѓаат на земјите кои заслужуваат посебно внимание од НАТО. Претседателството на БиХ соопшти дека ќе се сретнат со Столтенберг на работна вечера. За понеделник... Читать дальше...

Хавиер Малеј е новиот претседател на Аргентина

SlobodnaEvropa.mk 

Хавиер Малеј победи на претседателските избори во Аргентина, покажуваат неофицијалните резултати. Целосните резултати не се објавени, но неговиот ривал, перонистичкиот министер за економија Серхио Маса, во својот говор по гласањето ја призна победата на Малеј. Актуелниот аргентински претседател Алберто Фернандез изјави дека „верува дека може да почне да работи со Хавиер Малеј за да гарантира уредна транзиција“.  Аргентина се соочува со троцифрена инфлација, претстојна рецесија и зголемена сиромаштија. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
WTA

Свентек переиграла Соболенко и выиграла титул WTA в Мадриде






Посол Польши в России Краевский не будет присутствовать на инаугурации Путина

Mash: Актера сериала «Улицы разбитых фонарей» Майорова сбила Subaru в Петербурге

Россия вымирает. Надежда только на мигрантов? Спор экспертов в эфире показал полярность мнений

Запрещенная в Китае секта обосновалась в Москве - её заметили