Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2023

Новости за 17.11.2023

Хамас тврди дека за два дена починале 24 пациенти во болницата Ал Шифа

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас соопшти дека 24 пациенти починале во последните два дена во болницата Ал Шифа во Газа поради прекин на електричната енергија. „Виталната медицинска опрема престана да функционира“, рече портпаролот на министерството Ашраф ал Кудра. Болницата Ал Шифа се најде на првата линија на фронтот. Израел тврди дека Хамас има команден центар под болницата, кој палестинската милитантна група. Во меѓувреме, портпаролот на агенцијата на ОН посочи на прекин на комуникациите во Газа... Читать дальше...

УНХЦР - Пакистан депортира илјадници Авганистанци

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Авганистан соопшти дека депортацијата на стотици илјади Авганистанци од Пакистан се заканува да ја продлабочи хуманитарната криза во Авганистан. Агенцијата на 17 ноември на социјалната мрежа X, поранешна Твитер, објави дека повеќето Авганистанци кои се враќаат немаат работа ниту дом.  УНХЦР забележува дека Пакистан ја презел акцијата непосредно пред зимата. „Масовните пристигнувања не можеа да се случат во полошо време“, рече УНХЦР во Авганистан. Читать дальше...

Средба на Ердоган и Штајнмаер во Берлин

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е примен од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во палатата Белви, официјалната резиденција на Штајнмаер во Берлин. Штајнмаер и Ердоган се поздравија со ракување на 17 ноември. Турскиот претседател потоа ја потпиша книгата на гости на палатата. Првата посета на Ердоган на Германија по три години е планирана да биде многу кратка. Тој планира да лета назад во Турција вечерта по вечерата со канцеларот Олаф Шолц. Посетата на турскиот лидер... Читать дальше...

Повеќе од стотина загинати во поплави во Кенија, Сомалија и Етиопија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 130 луѓе загинаа во Етиопија, Кенија и Сомалија во поплави предизвикани од обилните дождови, за кои хуманитарните организации велат дека се видени еднаш во сто години. Сомалија го поднесе најголемиот товар од поројните поплави што го зафатија регионот на Рогот на Африка. Националната агенција за управување со вонредни состојби соопшти дека 51 лице загинало, а половина милион се раселени како резултат на дождовите што почнаа да паѓаат во октомври. Вработените во итната помош стравуваат дека бројот на загинати е поголем... Читать дальше...

Столтенберг во посета на Западен Балкан, во Скопје на 21 и 22 ноември

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг доаѓа во посета на Северна Македонија на 21 и 22 ноември, соопшти Организација на Северноатлантскиот договор НАТО.  На 21 ноември Столтенберг ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, а истиот ден ќе одржи и говор во Собранието.   На 22 номеври Столтенберг ќе има заденичка прес-конференција со регионалните сојузнички лидери, се вели во соопштението на НАТО.  Посетата... Читать дальше...

Марш од Тел Авив до Ерусалим за солидарност со семејствата на израелските заложници

SlobodnaEvropa.mk 

Семејствата на израелските заложници и илјадници демонстранти маршираа кон Ерусалим на 17 ноември, зголемувајќи го притисокот врз владата да обезбеди ослободување на заробениците, речиси шест недели откако милитантите на Хамас ги киднапираа и ги одведоа во Газа. Поворката го напушти Тел Авив пред три дена. Полицијата блокираше делови од главниот автопат додека демонстрантите почнаа да се качуваат по патот што води кон Ерусалим. Држеа слики од своите најблиски, вееја израелски знамиња и скандираа „Нема да се откажеме... Читать дальше...

Европската Комисија предлага да се укинат визите за граѓаните на Косово со српски пасоши

SlobodnaEvropa.mk 

Европската Комисија предложи граѓаните на Косово кои имаат пасоши на Република Србија да уживаат и безвизен режим со земјите од Шенген зоната. Во образложението на предлогот се наведува дека со воведувањето на визната либерализација за Косово, носителите на пасоши издадени од Координативниот центар на Србија остануваат единствените граѓани од регионот на кои им се издадени визи за патување во Европската Унија. „Со стапувањето во сила на ослободувањето од визи за имателите на косовски пасоши,... Читать дальше...

Меѓународни кредитори со 4 милијарди евра ќе го помагаат откажувањето од јаглен

SlobodnaEvropa.mk 

На самиот за климатски промени во Дубаи се очекува да се најави планот со кој Северна Македонија ќе добие позајмици и кредити вредни 4 милијарди евра со кој ќе треба да се откаже од користење на јаглен и да се префрли на обновлива енергија. Владата не ги соопшти деталите, ниту со колку пари ќе учествува. Енергетски експерти велат дека овој план значи многу пари за малку струја.



Финска затвора четири гранични премини со Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Финската влада одлучи на 17 ноември на полноќ да затвори четири од деветте гранични премини со Русија за да спречи влез на луѓе без соодветни документи. „Нашата цел е да користиме бариери за да го спречиме влезот“, им рече на новинарите шефот за меѓународни работи на граничната полиција Мати Питканиити, додавајќи дека мерките на Финска се одговор на промените во руската гранична политика. Повеќе од 200 баратели на азил пристигнаа во Финска оваа недела, а лидерите на земјата ја обвинија Русија дека ги пушта луѓето преку границата. Читать дальше...

Вработените од судската и јавнообвинителската служба протестираа за повисоки плати и додатоци

SlobodnaEvropa.mk 

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), одржаа протест пред Владата, поради како што истакнуваат незадоволството од неисполнувањето на барањата за вработените во судската и јавнообвинителската служба. Вработените од судската и јавнообвинителската служба од 27 септември штрајкуваат барајќи исплата на додатоците на плата и зголемување на платите за 78 проценти, износ за кој беа зголемени платите на избраните и именуваните лица. „Штрајкот трае втор месец... Читать дальше...

Новинарите на протест пред суд: Наместо да уживаме заштита, ние треба да докажуваме дека сме новинари

SlobodnaEvropa.mk 

Пред Граѓанскиот суд во Скопје се одржа протест на новинарските организации по пресудата донесена против ИРЛ за клевета по тужбата на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и компанијата „БРАКО“ за емисијата „Заговор против воздухот“. Новинарските организации објаснуваат дека протестот се однесува на судската пракса воведена со пресудата против ИРЛ, а во која, како што наведуваат од новинарската фела, судот си одредил улога да решава кој смее, а кој не смее да работи како новинар.   Претседателот... Читать дальше...

Здравствени работници во Скопје протестираа против состојбите во здравството

SlobodnaEvropa.mk 

Здравствени работници на неколку локации низ Скопје денеска изразија незадоволство поради состојбите во здравството. Тие бараат зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, јавната администрација во медицинските установи и техничкиот персонал. Се бара и покачување на инфективниот додаток од еден на четири проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и нивно вработување на неопределено, ревидирање или нов колективен договор и средба со министерот за здравство Фатмир Меџити. Читать дальше...

Организациските директори скапо го „организираат“ здравството

SlobodnaEvropa.mk 

Несфатливо е на километар квадратен да има 66 директори, 33 здравствени установи и 33 управни одбори, вели министерот за здравство Фатмир Меџити. СДСМ пред 6 години најави дека ќе ги разрешува организациските директори, но тоа не го направи. За нивните плати одат околу половина милион евра годишно.

ЕУ: Повеќе нема да се испраќа отпад во земјите кои не можат да го преработат

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците и членките на Европската Унија постигнаа договор за измена на регулативата на ЕУ за транспорт на отпад и ставање крај на испраќањето на одредени видови отпад во трети земји кои не можат правилно да го преработат, објави во петокот Европскиот парламент. „Извозот на одреден неопасен отпад и мешавини на неопасен отпад ќе биде дозволен само во земји кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕСР) кои се согласуваат и ги исполнуваат критериумите за третман на таквиот... Читать дальше...

ЕБОР ќе го поддржи планот од 4 милијарди евра за Северна Македонија да ги затвори термоцентралите

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународните кредитори, вклучително и Европската банка за обнова и развој и Светската банка, го поддржуваат планот од 4 милијарди евра (4,35 милијарди американски долари) кој има за цел да ја натера Северна Македонија да престане да го користи јагленот за производство на енергија, изјави шефот на ЕБОР за Ројтерс. Договорот, кој се очекува да биде објавен на самитот за климатски промени COP28 во Дубаи кој започнува на 30 ноември, подразбира план за затворање на двете централи на јаглен во земјата... Читать дальше...

„Платата е многу подобра“: Илјадници работници од Казахстан на печалба во Јужна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Пред пет години Бактибаи Кузахметов го напушти своето село Талдибулак во југоисточен Казахстан и замина на печалба во Јужна Кореја за да се грижи за своето семејство. Триесет и петгодишниот Казахстанец вели дека секој месец дома испраќа околу 2570 долари, средства значително повисоки од просечната месечна плата која во оваа централноазиска земја изнесува 720 долари. Со парите, неговото семејство веќе купило куќа и автомобил. Остатокот од платата на Кузахметов оди за кирија, храна и други трошоци за живот во Јужна Кореја. Читать дальше...

Неинформираност, незнаење или „затворање очи“

SlobodnaEvropa.mk 

МВР не знаело дека склучува договор со фирма под истрага, судии пресудуваат кој може да информира а кој не, а младите не се заинтересирани за политиката и политичарите кои им „продаваат магла“. Њузлетер 17.11.2023

Кина и Јапонија ги потврдија „стратешките односи“

SlobodnaEvropa.mk 

Кинескиот претседател Си Џинпинг и јапонскиот премиер Фумио Кишида на нивната прва средба по една година во четвртокот вечерта ветија дека ќе развијат заемно корисни односи, што е знак дека двете најголеми азиски економии сакаат да ги поправат заладените врски. Двајцата лидери разговараа и за кинеската забрана за јапонска морска храна и за случајот на јапонски бизнисмен приведен во Кина за време на нивната едночасовна средба на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Сан Франциско. Читать дальше...

Скопје домаќин на првиот регионален министерски состанок за Планот за раст на Западен Балкан

SlobodnaEvropa.mk 

Во Владата на Северна Македонија ќе се одржи првиот состанок за Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст што беше објавен од Европската комисија на почетокот на овој месец. На состанокот е најавено присуство на министри од земјава, Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово и на високи претставници од Директоратот за проширување на ЕК. Министерскиот состанок ќе го отворат министерот за финансии Фатмир Бесими и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Планот за... Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Арина Соболенко

Швентек и Соболенко устроили триллер за престижный трофей






Анна Данилова дала старт Всероссийской акции "Синий платочек Победы" 2024 на станции метро Курская

Орбакайте изменила условия работы в России — она рвется в Кремль

Ушаков назвал всех лидеров стран, которые приедут на парад Победы 9 мая

В Кемерове защитники воспитателя, обвиненного в истязании детей, обратились к Александру Бастрыкину