Мы в Telegram
Добавить новость
ru24.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2023

Новости за 04.11.2023

Арапските лидери бараат прекин на огнот во Газа, Блинкен смета дека тоа ќе му користи на Хамас

SlobodnaEvropa.mk 

Арапските лидери, кои ја осудуваат смртта на илјадници палестински цивили во војната меѓу Израел и Хамас, се заложија за итен прекин на огнот на 4 ноември. Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Eнтони Блинкен предупреди дека таквиот потег би бил контрапродуктивен и може да поттикне поголемо насилство од страна на милитантната група. Министрите за надворешни работи на Јордан, Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар денеска во Аман, престолнината на Јордан, имаа средба со Блинкен. Читать дальше...

УНРВА потврди дека е погодено училиште во Газа, има и жртви

SlobodnaEvropa.mk 

Палестинските власти на 4 ноември соопштија дека е извршен израелски напад врз училиште под раководство на Обединетите нации во северниот дел на Газа, кое служи како засолниште. Очевидци изјавија дека нападот го погодил училиштето Ал-Фахура во Џабалија, каде што живееле илјадници евакуирани. Најмалку 15 лица загинаа, а десетици се ранети, изјави претставникот на Министерството за здравство во Газа, Мохамед Абу Селмејах. Фотографиите на Ројтерс покажуваат искршен мебел и други предмети, крвави... Читать дальше...

Шукова - Опасниот отпад во Орман се носел од Пробиштип

SlobodnaEvropa.mk 

До понеделник треба да бидат готови лабораториските анализа на отпадот во депонијата во скопското село Орман, изјави на 4 ноември министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Таа најави дека во овој случај ќе бидат изречени парични казни и најверојатно и кривични пријави за прекршителите. На 22 октомври Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека околу 500 до 600 тони опасен отпад е откриен на земјиште во селото Орман на територијата на Општина Ѓорче Петров во Скопје. Читать дальше...

Ердоган - Повоена Газа мора да биде дел од суверена палестинска држава

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Газа мора да биде дел од независна, суверена палестинска држава штом ќе заврши војната меѓу Израел и Хамас, а Анкара нема да поддржи никакви планови за „постепено бришење на Палестинците“ од историјата. Турција, која ја заострува критиката кон Израел како ескалира хуманитарна криза во Газа, поддржува решение за две држави и ги угостува членовите на Хамас, кои не ги сметаат за терористичка организација, за разлика од Соединетите Американски држави, Велика Британија и други западни земји. Читать дальше...

Спасувачите се борат да пронајдат преживеани по земјотресот во Непал

SlobodnaEvropa.mk 

Спасувачите во Непал на 4 ноември почна со раце да копаат низ урнатините барајќи преживеани по најсилниот земјотрес во земјата во последните осум години. Во земјотресот загинаа најмалку 157 луѓе, а потресот се почувствувал дури до Њу Делхи. Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди регионот Јајаркот на запад од хималајската држава во 23:47 часот на 3 ноември, соопшти Националниот сеизмолошки центар на Непал. Германскиот истражувачки центар за геонауки измери дека земјотресот бил со јачина од 5,7... Читать дальше...

Ескобар - Бугарија уверува дека нема да има нови услови за Скопје на патот кон ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) задолжен за Западен Балкан Габриел Ескобар, вели дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Северна Македонија на патот кон Европската унија (ЕУ). Тој во во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски, вели дека не се гаранции, туку само за уверување од Бугарија, која сакала да го види регионот да се движи напред на европскиот пат. Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи... Читать дальше...

Бербок ја посети границата на Ерменија со азербејџанската ексклава Наксчиван

SlobodnaEvropa.mk 

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на 4 ноември отпатува до границата на Ерменија со автономната азербејџанска ексклава Наксчиван. Таа вчера ја започна посетата во тензичниот регион. Нејзината посета на Кавказот доаѓа по шест недели откако Азербејџан со молскавична офанзива ја поврати територијата на Нагорно-Карабах, која со децении беше под контрола на етничките Ерменци поддржани од Ереван. Повеќе од 100.000 етнички Ерменци побегнаа од Нагорно-Карабах во Ерменија по азербејџанската офанзива... Читать дальше...

Пред и по разорните дејства во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Сателитските снимки објавени на 26 октомври од Maxar Technologies споредуваат различни локации пред и по израелските воздушни напади како одговор на нападот на Хамас претходно овој месец, покажувајќи уништени структури и терен.

Надојдени реки, блокирани патишта од одрони

SlobodnaEvropa.mk 

Врнежите го зголемија нивото на вода во речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Струмица на мерното место кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е пониско во споредба со вчерашното. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо зголемување на водостојот од 48 сантиметри во споредба со вчера има реката Радика на мерното место кај Бошков Мост по што следи Треска кај Македонски Брод со покачено ниво од 40 сантиметри. За разлика од реките... Читать дальше...

ОН - Палестиците во Газа имаат по две парчиња леб дневно, но бараат вода

SlobodnaEvropa.mk 

Просечниот Палестинец во Газа живее од две парчиња арапски леб направен од брашното што Обединетите нации го складираа во регионот, но главниот „рефрен“ што сега се слуша на улица е „Вода, вода“, рече на 3 ноември, директорот на Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за палестински бегалци, Томас Вајт. Тој вели дека изминатите недели ја поминал Газа по должина и по широчина, а местото го опиша како „сцена на смрт и уништување“. „Ниту едно место не е безбедно сега, а луѓето се плашат за своите животи... Читать дальше...

Сервер - Оставката на Вулин не значи отстапување во политиката на Србија кон Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Александар Вулин поднесе оставка од функцијата директор на Службата за безбедност и информации (БИА) на Србија под притисок на Европјаните и Американците, изјави за Радио слободна Европа (РСЕ) Даниел Сервер, професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс. Тој сепак смета дека оставката на Вулин не претставува отстапување од политиката на Србија за поддршка на Русија, туку обид да се избегнат дополнителни санкции. „Но, фактот што беа потребни три месеци, а не три дена, покажува дека имало вистински... Читать дальше...

Врнежливо и посвежо време

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Максималната температура ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температура ќе достигне до 16 степени. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето. Читать дальше...


Спорт в России и мире

Новости спорта


Новости тенниса
Андрей Рублёв

На кураже: Рублёв пробился в финал «Мастерса» в Мадриде, Медведев снялся из-за травмы






«КлинОн» запускает эко-инициативу: уборка парков и общественных зон

Инвесторам из Китая предложили создать производства в Подмосковье

Патрулирование пожароопасных участков лесов провели в Подмосковье

РБК: в Москве нашли мертвым экс-председателя совета директоров «Норникеля»